Од идеја до акција: ЗНАМ гради нова генерација млади лидери, вториот младински камп започна на Пелистер
1Од идеја до акција: ЗНАМ гради нова генерација млади лидери, вториот младински камп започна на Пелистер
3Пентагон објави уште една серија документи за вонземјани: НЛО во форма на триаголник и влакнесто суштество (ФОТО)
МакедонијаСедум случаи на семејно насилство за еден ден: Уапсени се три лица, со четворица биле извршени разговори Лишени од слобода три лица, а со четири извршен службен разговор за семејно насилство во последното деноноќие.На 17.04.2026 во 06:35 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.Ж.(22) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 05:30 часот пред станбена зграда на подрачјето на Кисела Вода, а ѝ во изминатите неколку дена му упатувал закани на неговиот 64-годишен татко, при што користел и нож. При преглед кај него бил пронајден ножот, како и дробилка со остатоци од марихуана. На 18.04.2026 во 00:40 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода 44-годишната М.П. од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 16.04.2026 околу 19:30 часот на подрачјето на Карпош упатувала закани на нејзиниот 64-годишен поранешен сопруг и нивните деца. Според пријавеното, тој ѝ во изминатиот период трпел психичко и физичко насилство. При извршен преглед кај неа била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. На 17.04.2026 во 18:00 часот во СВР Скопје, 42-годишна жена пријавила дека на 16.04.2026 околу 22:00 часот во семејната куќа на подрачјето на Шуто Оризари во Скопје била физички нападната од нејзиниот брат Р.М.(40). Полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода извршиле службен разговор со пријавениот. На 17.04.2026 во 18:30 часот во СВР Скопје, 76-годишен маж од Скопје пријави дека на 16.04.2026 околу 22:30 часот во семејниот дом на подрачјето на Драчево, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговиот 50-годишен син Г.П и неговата 46-годишна ќерка С.П.. Според пријавеното, тој ѝ претходно трпел психичко и физичко насилство, но досега немал пријавено. По преземени мерки, во 20:20 часот полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода извршиле службен разговор со синот и ќерката. На 18.04.2026 во 01:30 часот во СВР Охрид е извршен службен разговор со В.С.(46) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава од неговата поранешна 39-годишна сопруга дека во последно време физички го напаѓал нивниот малолетен син за време на викендите кога бил кај него согласно решението на Центарот за социјални работи Охрид. Според пријавеното, последен пат тоа се случило на 17.04.2026 околу 22:00 часот. На 17.04.2026 во 20:15 часот, полициски службеници од Полициското одделение Галате го лишија од слобода Е.М. од гостиварско село, постапувајќи по претходни пријави дека упатувал закани кон неговата 35-годишна поранешна партнерка и нејзиното семејство. Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСамо уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
МакедонијаОд идеја до акција: ЗНАМ гради нова генерација млади лидери, вториот младински камп започна на ПелистерНа Пелистер денес започна вториот младински камп на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, посветен на едукацијата, развојот на лидерските вештини и активното вклучување на младите во политичкиот живот. Кампот претставува можност младите од различни општински организации да разменат искуства, да ги прошират своите знаења и да разговараат за улогата што ја имаат во развојот на ЗНАМ и иднината на Македонија. Овогодинешниот камп е продолжение на иницијативата започната минатата година во Струга, кога младите ја потпишаа иницијативата за формирање на Клубот на млади. Она што тогаш беше поставено како заедничка идеја, утре ќе добие конкретна институционална форма во рамките на Движењето ЗНАМ, со одржувањето на Првата изборна конференција на Клубот на млади. Првиот ден од кампот е посветена на теми од непосредно значење за младите кои сакаат активно да се вклучат во политиката. Преку две тематски предавања, учесниците разговараа за градењето и развојот на политичкиот подмладок, мобилизацијата и работата на терен, младинското лидерство и начините за поефикасно политичко организирање. Првата изборна конференција на Клубот на млади, која ќе се одржи утре во рамките на кампот, е предвидена со Акцискиот план на Движењето за 2026 година. Со неа се заокружува досегашната иницијатива и се отвора можност за понатамошен развој на младинската структура, преку која младите ќе можат поактивно да се вклучат во работата на ЗНАМ. ЗНАМ ја потврдува важноста на континуираната едукација и личниот развој на младите луѓе кои се подготвени да преземат одговорност. Политичкото учество подразбира знаење, посветеност и конкретна работа, а токму тие вредности се во фокусот на активностите што ги обединуваат младите на Пелистер. Вториот младински камп на ЗНАМ испраќа јасна порака: младите не се само иднината на Македонија, тие се гласот, енергијата и двигателот на промените што се случуваат денес. Центар за комуникации и аналитикаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСамо уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
ЕвропаДрастичен пад на бројот на барањата за азил во ЕУ Во јули, 34.145 лица поднеле прво барање за азил во Европската Унија, што е речиси 40 проценти помалку од претходната година.Во јули, 34.145 лица поднеле прво барање за азил во Европската Унија, што е речиси 40 проценти помалку од претходната година, а Франција примила најмногу барања, додека Словенија имала најголем број баратели на азил во однос на бројот на жители, според податоците на Евростат. Бројот на лица кои за прв пат бараат меѓународна заштита во Европската Унија продолжил да се намалува во јули оваа година, според податоците објавени вчера од Евростат . Во исто време, разликите меѓу земјите-членки остануваат големи, а особено се издвојува Словенија, која забележала убедливо најголем број нови баратели на азил во однос на бројот на жители. Според податоците на Евростат, во јули првото барање за меѓународна заштита го поднеле 34.145 граѓани на земји надвор од ЕУ, што е за 39 проценти помалку отколку во истиот месец минатата година, кога имало 55.680. Во споредба со јуни оваа година, бројот на барања е намален за осум проценти. Покрај првите барања, регистрирани се и 5.780 повторени баратели, односно лица кои претходно поднеле барање за меѓународна заштита. Нивниот број се намалил за 52 проценти на годишно ниво. Словенија е далеку над европскиот просек Разликите се особено изразени кога бројот на нови баратели на азил се споредува со бројот на жители на одредена земја. На ниво на ЕУ, во јули се регистрирани 7,6 нови баратели на азил на 100.000 жители, додека Словенија имала дури 114,7, односно приближно 15 пати повеќе од европскиот просек. На второ место е Грција со 35,8 барања на 100.000 жители, по што следува Луксембург со 16,6.Тагови: азил Европската Унија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСамо уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
СветПентагон објави уште една серија документи за вонземјани: НЛО во форма на триаголник и влакнесто суштество (ФОТО)Пентагон ја објави седмата серија декласифицирани досиеја за неидентификувани аномални феномени, попознати како НЛО. Меѓу 28-те нови документи се извештаи за црн триаголен објект над чувствителна локација во САД, необичен радарски контакт од бомбардер Б-52, стари видувања во близина на Калифорнија и бизарни истражувања на ранч во Јута, објави CBS. Белата куќа објави нова група и ја најави со пораката „НОВ ПАД НА НЛО“. Пентагон нагласува дека документите не претставуваат доказ за вонземско летало: некои случаи остануваат нерешени, а за некои се понудени конвенционални објаснувања. Црн триаголник над чувствителна локација Најновиот случај се случи во јуни оваа година на неименувана локација поврзана со националната безбедност на САД на западот од земјата. Двајца федерални агенти опишаа мат црн триаголен објект кој се издигаше речиси вертикално над гребенот, застануваше и лебдеше, а потоа се упати кон кањонот со голема брзина. Тие рекоа дека не го слушнале моторот, пропелерите или протокот на воздух, ниту пак виделе издувни гасови, прозорци или кабина. Канцеларијата на AARO на Пентагон заклучи дека случајот заслужува понатамошна истрага, но не утврди за кој објект станува збор. Б-52 следел непознат објект Новите документи вклучуваат и извештај на американските воздухопловни сили од 1957 година. Екипажот на бомбардер Б-52 над Саудиска Арабија регистрирал неидентификуван објект на радарот и го следел помеѓу пет и седум минути. Во извештајот е забележано дека радарскиот сигнал бил помал од оној што го произведувале другите Б-52 во областа. Не е дадено конечно објаснување. Невообичаени случаи во Каталина Објавени се и четири трудови за видувања во близина на островот Санта Каталина во Калифорнија помеѓу 1949 и 1955 година. Три извидници во 1949 година опишале сребрен објект што се движел побрзо од млазните авиони од тоа време и не испуштал звук. Друг сведок во 1953 година пријавил тркалезен виолетово-бел објект што наводно стоел над Каталина десет минути. За еден случај од 1955 година, американските воздухопловни сили процениле дека веројатно станува збор за метеор. Сјајни сфери и двоножни суштества Меѓу најнеобичните документи е извештајот од 2010 година за истражување на ранч во Јута од страна на Bigelow Aerospace Advanced Space Studies за американската заедница за одбранбено разузнавање. Сведоците пријавиле светлечки сфери, големи суштества слични на волци, таканаречени Skinwalkers, кои наводно оделе на две нозе, помали влакнести суштества и неидентификувани летала. Еден човек тврдел дека црвена сфера светлина дошла на неколку сантиметри од неговото лице, по што почувствувал топлина, зуење во ушите и краткотрајна вкочанетост. Истражителите поставиле камери, мереле електромагнетни сигнали и собрале примероци од коса. Анализата на некои од примероците покажала кучешка митохондријална ДНК, што значи дека барем некои од необичните траги имале доста заедничко потекло. Што да се прави со остатоците од леталото Меѓу објавените материјали се документи од 1960-тите за тоа како треба да постапуваат американските институции ако пронајдат остатоци од американски или странски вселенски летала. Ваквите документи може да звучат како материјал за „срушени НЛО“, но тие се однесуваат на вселенски летала и трката меѓу САД и Советскиот Сојуз во Студената војна, а не на потврденото откритие на вонземска технологија.Тагови: НЛО Пентагон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook