Седум репрезентации бркаат пласман на ЕП во Данска - Канал 5

Седум репрезентации бркаат пласман на ЕП во Данска

Седум репрезентации конкурираат за преостанатите пет слободни места за Европското првенство во Данска 2014. Меѓу тие селекции се наоѓа и Македонија, а на три натпревари и во директни дуели ќе се решава за второто место во групата.

Седум репрезентации бркаат пласман на ЕП во Данска


Во Скопје, Македонија ја пречекува Португалија и со победа ќе биде пред директниот ривал. Во Љубљана и на Словенија и е доволна победа од гол разлика за второто место во групата 6.
Од групата 7, Србија е првиот патник на ЕП и на домашен терен во Ниш ја пречекува отпишаната Босна и Херцеговина, додека во Инсбрук Австрија ја пречекува Русија. Двете селекции имаат ист број бодови по петте кола.

Големи се шансите некоја од репрезентациите од групите 6 или 7 да биде рангирана како најдобро третопласирана и да избори учество на ЕП.

Група 1: Македонија – Португалија и Шпанија – Швајцарија.
Табела: Шпанија 10 бодови, Португалија 5, Македонија 4, Швајцарија 1.

Група 2: Чешка – Црна Гора 30:25 и Германија – Израел 38:19.
Табела: Чешка 8 бодови, Црна Гора 8, Германија 6, Израел 2.

Група 3: Франција – Турција 31:23 и Норвешка – Литванија 34:29.
Табела: Франција 12, Норвешка 8, Литванија 2, Турција 2.

Група 4: Хрватска – Летонија 26:24 и Унгарија – Словачка 30:31.
Табела: Хрватска 10, Унгарија 7, Словачка 4, Летонија 3.

Група 5: Шведска – Холандија и Полска – Украина.
Табела: Полска 8, Шведска 8, Холандија 2, Украина 2.

Група 6: Словенија – Белорусија и Исланд – Романија.
Табела: Исланд 8, Белорусија 7, Словенија 5, Романија 0.

Група 7: Србија – БиХ и Австрија – Русија.
Табела: Србија 7, Русија 6, Австрија 6, БиХ 1.

Пласман на ЕП досега имаат изборено 10 репрезентации: Шпанија (група 1), Чешка и Црна Гора (група 2), Франција и Норвешка (група 3), Хрватска и Унгарија (група 4), Полска и Шведска (група 5) и Исланд (група 6).

Данска како домаќин е учесник на ЕП, а воедно е и европски шампион.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претседателката на Европската централна банка - Кристин Лагар се повлекува од функцијата, веќе не сака да молчи

Претседателката на Европската централна банка - Кристин Лагард ќе се повлече 9 месеци порано од својата функција, бидејќи како што вели, повеќе не сака да молчи.

Претседателката на Европската централна банка - Кристин Лагар се повлекува од функцијата, веќе не сака да молчи

Лагард се пожали дека неутралноста која се очекува од централните банкари, која ја опиша како „цената за нивната независност„ повеќе не е нешто што може да го прифати. Околу тоа која од европските монетарни политики лагард ја смета за погрешна, засега нема информации, меѓутоа, нејзината оставка доаѓа откако ЕЦБ ги остави своите клучни каматни стапки непроменети, со депозитна стапка од 2,5%.

Иако одлуката била едногласна, таа порача на пазарите дека оваа пауза може да трае само до декември. Лагард пред оваа функција беше и директор на Меѓународниот монетарен фонд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Монтреал Канада, денеска се оддржува самитот ЕУ-Канада

Во Монтреал Канада, денеска се оддржува самитот ЕУ-Канада каде се очекува подетална разработка на партнерството кое иницијално беше наречено придружно членство на Канада во ЕУ,

Во Монтреал Канада, денеска се оддржува самитот ЕУ-Канада

Во Монтреал Канада, денеска се оддржува самитот ЕУ-Канада каде се очекува подетална разработка на партнерството кое иницијално беше наречено придружно членство на Канада во ЕУ, меѓутоа, Германија, Италија, Франција и Грција се спротивставија на оваа формулација, наведувајќи дека создава правна несигурност и преседан за други земји.

Сепак, на овој самит се очекува да се прошири соработката во повеќе клучни и стратешки области, вклучувајќи ја безбедноста и Арктикот, трговијата и инвестициите, со што Канада би ја заменила досега традиционалната улога на Соединетите Американски Држави како најголем партнер на ЕУ надвор од Европа.

И Канада и ЕУ се обидуваат да создадат алтернативни партнерства без САД под водство на претседателот Доналд Трамп, со оглед на неговите закани за царини кон ЕУ но и реториката дека ќе ја претвори Канада во 51-та држава на САД, што силно ги потресе добрососедските односи меѓу двете северноамерикански држави.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Четворица италијански државјани загинаа при уривање на воен хеликптер на ЕУФОР во Босна и Херцеговина

Четворица италијански државјани загинаа вчера при уривање на воен хеликоптер на ЕУФОР во близина на градот Горице во Босна и Херцеговина.. 

Четворица италијански државјани загинаа при уривање на воен хеликптер на ЕУФОР во Босна и Херцеговина

Мисијата ЕУФОР потврди дека нивниот авион се урнал за време на рутинска операција во областа Брчко..

Повредени се 12 лица.

Во несреќата не е оштетен цивилен имот или инфраструктура и нема повредени цивили.. Од ЕУФОР најавија целосна и темелна истрага за инцидентот и ќе објават повеќе информации откако ќе се утврдат сите факти.

Во исто време, ги повикаа граѓаните да ги следат само официјалните канали за да избегнат дезинформации..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер