ЖивотСедум причини зошто понекогаш благото воспитување не функционираИдејата за благо воспитување звучи идилично: останете смирени, бидете трпеливи, бидете внимателни кон чувствата на вашето дете и нудете избор наместо наредби. Но, она што звучи совршено во теорија, на страниците на книгите и родителските блогови, честопати е во судир со хаосот, вревата и непредвидливоста на реалниот семеен живот. Како и секоја друга воспитна филозофија, нежното воспитување не е универзално решение. Има свои ограничувања, а понекогаш едноставно не ги дава резултатите што ги очекувате. Тоа не значи дека станува збор за лош пристап, туку дека треба да се применува внимателно, флексибилно и прилагодено на секое дете и ситуација. Стручни лица за порталот The Times of India споделиле потенцијални причини зошто нежното воспитување не секогаш функционира. Кога нежноста станува слабост Се обидувате да имате разбирање, но вашето дете благиот тон може да го протолкува како зелено светло за поместување на границите. Иако ова не важи за сите деца, кај некои, правилата можат да станат опасно нејасни. Ова не значи дека треба да викате, туку да имате цврст став. Во некои случаи, децата преку пркос ги тестираат своите граници, барајќи јасни рамки. Суровата реалност надвор од семејниот дом Нежното родителство создава безбедна и мотивирачка средина, но прашањето е дали ги подготвува децата за предизвиците на реалниот свет. Училиштето, идните работни места и разните социјални ситуации нема секогаш да бидат така толерантни или да имаат разбирање за нивните чувства. Ако детето не научило да се справува со конкретни повратни информации, дисциплина или неправда, би можело тешко да се прилагоди на притисоците во животот. Еден ден, детето ќе се соочи со отфрлање, неуспех, рокови и критики. Ако детето е навикнато само на благ третман, реалниот свет би можел да му изгледа посуров отколку што е. Целта е да го подготвите вашето дете за живот, а не да го држите во стаклено ѕвоно. Границите се основа на безбедноста Разговорот за чувствата е корисен, но понекогаш не може да го замени едноставното и јасно „не“. Децата се чувствуваат најбезбедно и напредуваат најдобро кога знаат каде се нивните граници. Кога родителот се соочува со честите напади на бес или деструктивно однесување кај своето дете, тешко може да остане доследен на пристапот кој не дава веднаш видливи резултати. Лесно може да почувствува дека ништо да не функционира, дури и ако трудот се исплати долгорочно. Без јасни граници, децата продолжуваат да ве тестираат, што на крајот води до фрустрација на двете страни. Уважување на чувствата не е исто што и попуштање Чувствата треба да се признаат и уважат, но не секој испад на бес бара подлабока анализа и разговор. Понекогаш најефикасно е едноставно да се пренасочи вниманието и однесувањето на вашето дете. Како што растат, децата стануваат сè посвесни за тоа како другите реагираат на нивното однесување. Ако ги сметаат своите родители за премногу попустливи или дека тешко им кажуваат „не“, би можеле да научат да манипулираат со ситуациите за да го добијат она што го сакаат. Емпатијата е клучна, но мора да биде избалансирана со родителскиот авторитет. Во спротивно, децата нема да ги почитуваат упатствата што им ги поставувате. Емоционална исцрпеност кај родителите Благото воспитување поставува високи барања од родителите. Да се биде смирен и сталожен 24/7 едноставно исцрпува. Ако сте спиеле само неколку часа и вашето дете има испади на бес затоа што сте ја поделиле бананата, сосема е во ред длабоко да воздивнете и да го повишите гласот. Родителите кои се под стрес, лишени од сон жонглирајќи помеѓу работните и домашните обврски, може да имаат тешкотии да го одржат нивото на емоционална сила што го бара овој пристап. Со текот на времето, ова може да доведе до чувство на вина, исцрпеност, па дури и огорченост. На крајот на краиштата, родителите се само луѓе. Секое дете е различно На некои деца едноставно им е потребен поцврст пристап. Кога благиот пристап ги исклучува сите форми на дисциплина, тој може да стане неефикасен за децата кои се природно поотпорни или понепослушни. Дете со силен карактер или брзоплета природа веројатно нема да реагира добро на благото преговарање. Поверојатно е на таквите деца да им се потребни поцврст тон и поконкретни последици за да разберат зошто правилата се важни. Губење на родителскиот авторитет Ако постојано се обидувате да бидете емоционално рамноправни со вашето дете, тоа може да заборави кој е возрасниот - родителот. Тогаш нежниот пристап лесно може да се претвори во попустливост и децата да не учат да преземаат одговорност за своите постапки. Правото нежно воспитување не значи отсуство на дисциплина, туку поставување граници со почит. Ако се занемари оваа клучна разлика, резултатите можат да бидат сосема спротивни од посакуваното. Децата се чувствуваат најбезбедно кога знаат кој е „главен“. Без ова, тие ќе развијат чувство дека имаат право на сè и дека правилата не важат. Извор: Индекс.хрТагови: воспитување Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Други спортовиВидео: Неверојатна тепачка во НХЛНатпреварот помеѓу Винипег Џетс и Флорида Пантерс понуди вистински хокеарски спектакл, но главна атракција беше жестокиот судир меѓу „тешкашите“ Тајрел Бауер и Бокондџи Имама.Двајцата исклучително силни играчи ги фрлија ракавиците уште на самиот почеток од првата третина, приредувајќи им на гледачите неверојатна тепачка која траеше повеќе од една минута. Во физичката пресметка хокеарите разменија на тешки удари, овој нивни судир секако ќе биде сериозен кандидат за титулата „најдолга и највозбудлива тепачка“ во досегашниот тек од сезоната во НХЛ. ONE OF THE BEST HOCKEY FIGHTS YOU WILL EVER SEE!!! 🤯 MUST SEE TELEVISION 🍿 https://t.co/jXd0MSMtpt — Kalshi Sports (@KalshiSports) October 31, 2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
СветХамнеи ја зголеми борбената готовност: Иран се подготвува за можен нов судир Врховниот лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, им нареди на воените команданти да ги ажурираат своите листи со цели и да ја подобрат одбраната, со порака веднаш и ефикасно да одговорат на секоја закана.За време на состанокот со високи воени команданти, Хамнеи нагласи дека високото ниво на борбена готовност за силен одговор кон противниците е еден од клучните предуслови за постигнување максимално одвраќање. „Доколку непријателите повторно извршат воени или терористички напади, вооружените сили на Исламската Република и иранскиот народ ќе ги одредат времето и условите за нивниот крај“, изјави Хамнеи, според иранската новинска агенција ИРНА. Според него, ажурирањето на списокот со цели треба да овозможи различни материјални и нематеријални ресурси на Соединетите Американски Држави и Израел да бидат во дофат на иранските вооружени сили. Хамнеи, исто така, укажал на потребата од зајакнување на воено-разузнавачката инфраструктура, подобрување на одбранбените и безбедносните капацитети преку примена на нови технологии, како и развој на домашните воени капацитети во однос на доктрината и тактиката. Зборувајќи за состојбата во регионот, тој ја пофалил, како што се наведува, истрајноста на „фронтот на отпорот“ во различни земји, оценувајќи дека единството на неговите членови има стратешко значење за обликување на нов политички и безбедносен поредок во Западна Азија. Пораките на Хамнеи доаѓаат во време на зголемени тензии меѓу Вашингтон и Техеран, придружени со постојани закани од страна на САД за можни нови воени напади по изборите за американскиот Конгрес на 3 ноември.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗеленски: Околу 280.000 домаќинства во Украина останаа без струја Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека околу 200.000 домаќинства во Днипро и околните области, како и повеќе од 80.000 домаќинства во регионот на Киев, останале без електрична енергија по руските напади.Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека околу 200.000 домаќинства во Днипро и околните области, како и повеќе од 80.000 домаќинства во регионот на Киев, останале без електрична енергија по руските напади врз енергетската инфраструктура. Зеленски на платформата „Икс“ (X) наведе дека во текот на ноќта руски беспилотни летала ја погодиле термоелектраната во Киев, четири електрични потстаници во Днипропетровската област и термоелектраната во Шостка. Според него, цел на нападот била и железничката инфраструктура во Днипро и Харков, како и еден дистрибутивен објект во Днипропетровската област. Екипи за поправка работат на отстранување на последиците од нападот и на воспоставување на снабдувањето со електрична енергија, рече Зеленски. Истовремено, тој ја повика меѓународната заедница да ѝ пружи дополнителна поддршка на Украина, предупредувајќи на опасноста од понатамошно проширување на руската ескалација во Европа. Тој побара нови пакети помош за Украина и воведување дополнителни санкции против Русија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook