Седум претстави на 11. ИТФ „Лица без маски“ - Канал 5

Седум претстави на 11. ИТФ „Лица без маски“

Четири гостински и три домашни претстави ќе прикаже 11. Интернационален театарски фестивал „Лица без маски“ кој под мотото „Најди начин“ ќе се одржува од 12-ти до 16 април.

Седум претстави на 11. ИТФ „Лица без маски“
Фестивалот ќе биде отворен во Дом на АРМ од 20 часот со документарната и политички ангажирана претстава „Јами дистрикт“ по текст на Милена Боговац и во режија на Кокан Младеновиќ од Србија.

„Лица без маски“ е посветен на независната професионална продукција која го негува експерименталниот и современ театарски израз. Директорот на фестивалот Миодраг Костиќ за МИА истакна дека и ова издание ќе има квалитетни и значајни продукции, претстави кои по својата естетика нудат нови истражувачки и експериментални концепти. Фестивалот донесува и новини зашто првпат на програмата ќе има т.н. сензорна претстава, како и документарна претстава, а сите, вели тој, се брутално искрени и жестоки во актуелниот политички миг во нашето општество, но и на глобално ниво.

- За жал, годинава од сè уште за нас нејасни причини не ја добивме традиционалната финансиска поддршка од Министерството за култура во рамките на годишната програма. И покрај фактот што на фестивалот носиме висококвалитетни продукции и имиња од светот на театарот. Сепак, нашата желба да понудиме нешто ново и различно е посилна. Успеавме во соработка со Конгресниот центар „Александар Македонски“ (Универзална сала) и со финансиска поддршка од Град Скопје и дел од странските амбасади во Македонија, да направиме програма достојна за нашиот фестивал. Верувам дека публиката ќе биде задоволна и од годинашното издание, изјави Костиќ.

Претставата со која во четврток ќе почне 11. ИТФ „Лица без маски“ е продукција на БИТЕФ театар од Белград, новосадскиот Think Tank Studio и Фествалот Maszk од Сегедин, Унгарија. Раскажува за настан од селото Јамина, најстара палеолитска населба во историјата на човештвото, каде НАСА кажува дека е пронајден скелет од најстариот човек на планетата. Бидејќи се наоѓа на територија на три држави: Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина, секоја се обидува тоа да го присвои.

Претставата брутално зборува за бесмисленоста на националните поделби во 21 век, кога науката и технологијата одат напред. Според режисерот Младеновиќ, претставата „удира и во стомакот и во главата“ зашто сакале да направат нешто радикално, нешто што ќе биде страв од следна војна.

- Ние во Србија, Босна и Хрватска немаме само исти политики. Имаме и исти луѓе кои ги направија војните во 1990-те. Таа повишена реторика, коцкањето со туѓите животи, со туѓи глави, ќе нè однесе во некоја нова катастрофа. Поради тоа го измисливме тој факт, дека три нации се борат да докажат која е наследник на најстариот човек на светот околу археолошко наоѓалиште. Таквите апсурди може да нè одведат сите нас во нови крвопролевања. Затоа претставата се потсмева на сè што значи политичко опкружување. Нормалните луѓе на Балканот не смеат да дозволат да ни се повторат 1990-те, истакнува режисерот Младеновиќ.

Во едно свое интервју тој вели дека бурно на оваа претстава реагираат само националистите од сите страни кои немајќи лични квалитети и успех се кријат зад нешто што е колективно знаме. - Нацијата е последниот азил за неуспешните луѓе, смета режисерот.

Во претставата играат актерките Исидора Симијоновиќ, Јелена Граовац, Нина Нешковиќ, наратор е Немања Драгоша. Тие, наведува организаторот, заедно со живата музика на групата „VROOM“, ја држат публиката будна, насмеана и затечена во двата часа тотален театар.

На годинашниот фестивал првпат во Македонија ќе гостува сензорна претстава - „Арктик“ во режија на Серџи Отс, на експерименталниот и независен театар „Понтен Пие“ од Шпанија. Од 13-ти до 15 април таа ќе има по три изведби на ден пред платото на Универзална сала каде што ќе биде поставена куќичка.

- Ограничен број од 20 посетители на една изведба ќе имаат можност да ја видат и почувствуваат магијата на студениот Арктик, а доживувањето е бесценето и уникатно, посочи организаторот на фестивалот.

На 14 април на Малата сцена во Македонскиот народен театар ќе гостува „55 нијанси на геј“ на „Ќендра мултимедија“ од Косово во режија на Блерта Незирај. Претставата минатата година предизвика голем регионален интерес.

Четвртата гостинска претстава е „Дримвил“ на „92. Арт театар“ од Атина во режија на Ефи Меравоглу, која ќе биде изведена на 15 април на Малата сцена во Македонската опера и балет.

Од македонската независна продукција на 13 април од 22 часот на Малата сцена на Универзална сала ќе гостува Интимен театар од Битола со претставата „Три напред, три назад (седум осмини)“ во режија на Софија Ристевска, која лани ја доби наградата за најдобра режија на ИТФ „Лица без маски“.

На последната фестивалска вечер (16 април) од 20 часот во Детскиот театарски центар ќе настапат минатогодишните победници на „Лица без маски“- независниот театар „Артопија“ со претставата „Ужегнатост“ во режија на Владимир Милчин.

Пред доделувањето на трите фестивалски награди, на 16 април од 22 часот на Малата сцена на МОБ ќе биде изведена кореодрамата „Ла Ла Ла“ - авторски проект на Саша Евтимова. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Огромна бела ајкула му се приближи на сурфер од зад грб, средбата снимена со дрон !

Џоел Хендрикс сурфа 35 години,никогаш досега нема видено ајкула. ​​

Огромна бела ајкула му се приближи на сурфер од зад грб, средбата снимена со дрон !

Поради тоа, често се шегувал со својот син дека овие праисториски суштества можеби воопшто не постојат. Сепак, неодамна доживеа средба што нема наскоро да ја заборави.

Додека сурфал во близина на Океано, на брегот на Калифорнија, му се приближила огромна голема бела ајкула и го испрскала со опашката.

„Ајкулата само малку ме испрска“, се пошегува Хендрикс по средбата.

Голема бела ајкула се појавила во близина на „Пир авенија“ (Pier Avenue), каде што во морето имало група сурфери.

Средбата била снимена со дрон од страна на локалниот сурфер Дејвид Стајнер, кој редовно објавува снимки од ајкули на својот профил на Инстаграм, @caveman_476.

Хендрикс изјави дека најпрво забележал дрон што летал на околу триесет метри од него, на висина од само три метри над морето. Познавајќи го Стајнер, тој претпоставил дека дронот снима некое морско животно во близина.

„Не се исплашив. На почетокот чувствував повеќе љубопитност. Не знаев колку е големо животното, ниту пак точно за што станува збор. Дури не бев ни целосно сигурен дали е ајкула“, рекол Хендрикс, според весникот „Мајами хералд“ (Miami Herald).

Набргу потоа, тој забележал сенка близу зад себе, а потоа и перка што излегува од морето.

„Ме изненади. Кога доплива зад мојата даска, си помислив: ’Леле, ова е навистина голема риба‘“, се присети тој.

Хендрикс проценил дека ајкулата била долга меѓу четири и пет метри, значително подолга од неговата даска за сурфање.

Животното потоа ненадејно го промени правецот, го испрска со опашката и продолжи да плива.

https://www.instagram.com/reel/DfDQraFPv2D/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=loading

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Најсексапилните мажи во светот низ децениите

Ова се најсексапилните мажи во светот низ децениите. Листа на најпосакуваните во последните 40 години .

Фото: Најсексапилните мажи во светот низ децениите

Веќе четири децении, списанието *People* го избира „Најсекси маж на годината“, а на оваа престижна листа се нашле бројни познати имиња од светот на филмот, музиката и спортот, пренесува *Express*.

Првиот што ја понел оваа титула бил славниот холивудски актер Мел Гибсон, уште во 1985 година.

Веќе следната година, на неговото место дојде колегата актер Марк Хармон, додека кон крајот на 1980-тите, оваа титула ја понесоа и Хари Хамлин и Шон Конери.

Особено впечатлив бил изборот на Џон Ф. Кенеди Помладиот, кој во 1988 година влезе во историјата како првиот маж надвор од актерскиот свет што се појавил на оваа листа.

Покрај својот изглед, тој привлече внимание и со својот опуштен стил на облекување.

Деведесеттите години започнаа со Том Круз, по кого следуваа Патрик Свејзи, Ник Нолти и Дензел Вашингтон.

Некои од добитниците успеаја да го повторат својот успе, како Ричард Гир, Бред Пит и Џорџ Клуни кој престижната титула на Пипл ја освојувале по двапати.

Во новиот милениум, листата продолжи со Харисон Форд, Пирс Броснан, Бен Афлек, Џуд Ло и Метју Меконахи.

Меѓу најпознатите имиња се Џони Деп, Мет Дејмон, Хју Џекман и Рајан Рејнолдс. Во последните години, внимание привлекоа и Бредли Купер, Ченинг Тејтум, Крис Хемсворт и Крис Еванс.

Сепак, титулата не е резервирана само за актери. На листата на добитници се наоѓаат и музичари како Адам Левин, Блејк Шелтон и Џон Леџенд, како и поранешниот фудбалер Дејвид Бекам.

На листата на неодамнешни добитници се наоѓаат Двејн Џонсон, Идрис Елба, Мајкл Б. Џордан, Пол Рад, Патрик Демпси, Џон Красински и Џонатан Бејли. Ноа Вајл ја понесе титулата „најсекси маж“ за 2026 година, продолжувајќи ја традицијата што го привлекува вниманието на јавноста веќе четири децении.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Новиот изглед на Џенифер Лоренс предизвика реакции: Хирурзи проценуваат дека пластичната операција би можела да чини 30.000 долари

Врз основа на фотографиите, тројца пластични хирурзи – од кои ниту еден не ја третирал холивудската ѕвезда Џенифер Лоренс – проценуваат дека актерката можеби имала операција на очните капаци и подигнување на веѓите.

Новиот изглед на Џенифер Лоренс предизвика реакции: Хирурзи проценуваат дека пластичната операција би можела да чини 30.000 долари

Според еден од нив, ваквите зафати кај врвен хирург чинат повеќе од 30.000 долари.

Новите фотографии од добитничката на „Оскар“, направени неделава, поттикнаа шпекулации за направени естетски зафати.

Поради тоа, американскиот портал „Page Six“ побара мислење од тројца пластични хирурзи, при што сите нивни проценки се засноваат исклучиво на фотографиите.

Д-р Семјуел Голпанијан смета дека Лоренс можеби направила блефаропластика, односно корекција на горните очни капаци.

Според него, оваа процедура често се изведува заедно со подигнување на веѓите, па не ја исклучува ниту таа можност.

Тој наведува дека потесните образи може да се должат на губење тежина или на отстранување масно ткиво од образите, но нагласува дека тоа не може да се утврди само врз основа на фотографии.

Д-р Шон Мекнили од Портланд вели дека нејзиниот изглед е во согласност со двете процедури.

Тој исто така забележал дека нејзината лева веѓа е малку повисоко поставена од десната. Според негова проценка, двете процедури обично чинат околу 15.000 долари, додека цената кај врвен хирург во Лос Анџелес или Беверли Хилс надминува 30.000 долари.

Трет хирург, д-р Розбех Тораби, има поинакво мислење. Тој вели дека актерката можеби направила затегнување на веѓите, но нејзините очни капаци не изгледаат како да биле оперирани.

Според него, суптилните промени може да се резултат и на употреба на ботокс, помала количина филери и ласерски третмани. Лоренс нема потврдено дека извршила операција на очните капаци или затегнување на веѓите, а нејзините претставници не ги коментираа шпекулациите. Претходно оваа недела, во интервју за „The Cut“, таа откри дека направила затегнување на градите и се надева дека еден ден ќе направи затегнување на лицето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер