Седум паценити примаат „Трикафта“, останатите чекаат на законските измени за директни преговори

Во Македонија со ова ретко заболување има околу 130 пациенти, но не сите можат да го примаат лекот „Трикафта“, бидејќи не сите имаат предиспозиции за ваквата терапија.

Четириесет и едногодишната пациентка која според лекарите е со најтешка форма на цистична фиброза за разлика од останатите, а функцијата на белите дробови и е само 23% е хоспитализирана на Пулмологија и веќе ја прима првата доза на лекот „Трикафта“, потврдуваат од Клиниката. Нејзината состојба се влошила уште викендов, па вчера во 4 часот по полноќ со Итна помош била донесена во болница, сепак лекарите очекуваат од лекот да и се подобри состојбата, која ја оценуваат како ризична.

Уште една пациентка со потешка состојба за која беа набавени лекови, но поради ограничените капацитети на болницата, таа ќе биде третирана во наредните денови.

Во меѓувреме, најмладото осумгодишно дете за кое има „Трикафта“, после само три дена од примање на лекот во болничкиот кревет на Детска болница, веднаш има подобрување, вели Директорката на Клиниката.

Поради пониската цена од очекуваната, Детската клиника побара од ФЗО со останатите пари да се набават терапии за уште четворица пациенти, но засега не добиле одговор од Фондот. Во меѓувреме, останатите пациенти ги чекаат законските измени што треба да отворат можност државата дирекно да преговара со производителот на „Трикафта“. Дел лекарите што го советуваат Премиерот велат дека идејата е за краток рок да се заврши со собраниските процедури.

Во Македонија со ова ретко заболување има околу 130 пациенти, но не сите можат да го примаат лекот „Трикафта“, бидејќи не сите имаат предиспозиции за ваквата терапија.

Владимир Кара-Мурза доби Пулицерова награда за неговите колумни од затвор

Затворениот руски дисидент и новинар, Владимир Кара-Мурза, ја доби Пулицеровата награда за 2024 година за коментарите и за своите написи објавени во Вашингтон пост.

Кара-Мурза „победи за страсните колумни напишани со голем личен ризик од неговата затворска ќелија, предупредувајќи за последиците од несогласувањето во Русија кон Владимир Путин и инсистирајќи на демократската иднина на неговата земја“, се наведува во соопштението на Пулицеровата комисија.

Кара-Мурза моментално отслужува 25-годишна затворска казна, најдолга затворска казна изречена на противник на Кремљ во постсоветска Русија, за дискредитација на руската војска и предавство, по забелешките што ги даде во говорите надвор од Русија, критикувајќи ја политиката на Москва, јавува Радио Слободна Европа.

Касемиро беше дриблан осум пати на мечот со Кристал Палас - ова е сезонски антирекорд

Исусниот ас на Манчестер Јунајтед, Бразилецот, Касемиро имаше проблем да ги запре играчите на Кристал Палас синоќа во натпреварот од 36. коло на Премиер лигата. 

Играчот од средниот ред на Манчестер јунајтед кој играше во центарот на одбраната беше дриблан осум. Ова е најлошата цифра во актуелниот шампионат на Англија.

Натпреварот Манчестер јунајтед го загуби со 4:0, а тренерот Ерик тен Хаг настапот на Бразилецот го оцени како тој да бил „отсутен“.

Англискиот фудбалски аналитичар и поранешен играч на Ливерпул, Џејми Карагер му порача на Касемиро да си бара нова клупска средина.

- Касемиро, како искусен фудбалер, мора да разбере дека му преостануваат уште три натпревари на највисоко ниво - два првенствени натпревари и финалето на ФА Купот. Потоа да си бара клуб во американската МЛС или во Саудиска Арабија. Тој вчера сепак играше против Кристал Палас, а не Сити или Реал Мадрид. Сериозен сум. Неговиот агент и придружбата мора да му кажат, доста е.

По вчерашниот пораз Манчестер јунајтед се наоѓа на 8.место во Премиер лигата со 54 бодови.

Таткото на Норис: После 900 трки стигнавме до победа во Ф1

 После 900 трки стигнавме до победа во Ф1, следен предизвик за Ландо е да стане светски шампион.

Таткото на Ландо Норис, британскиот бизнисмен Адам Норис зборуваше за целите на неговиот син, откако возачот на Мекларен, викендот во Мајами ја оствари првата победа во Формула 1 шампионатот.

- Ова го чекавме долго време. По 110 Гран при, и околу 900 трки во последните 16 години, стигнавме до победа на трка во Формула 1. Поминавме низ многу и интересно е да се разбере колку време другите родители вложиле во поддршка. Избројав 350 викенди на пат, плус други трки за тие викенди, но тоа е неверојатно, ми се допаѓа. Многу сум среќен за него. Ова бара многу откажувања од приватниот живот. Во одреден момент се прашувате „Дали некогаш ќе стигнам во Формула 1? Кога ќе стигнете до Формула 1, мислите: „Дали некогаш ќе победам на трка? Ова е одлично, неверојатно. Но, сега има уште една цел. Да се стане светски шампион, изјави Адам Норис во интервју за „Sky Sports“.

Ландо Норис во моментов е на 4.место во поредокот во Формула 1 шампионатот со 83 освоени бодови. Лидер е актуелниот светски шрвак Макс Верстапен со 136 бода.

притисни ентер