ФудбалСедум најдолги серии без гол на Реал Мадрид Реал Мадрид отсекогаш бил познат по својата желба да бележи голови, да игра напаѓачки и да доминира над противникот.Во последните 10 дена сепак „белите“ ја доживуваат својата прва голема криза од почетокот на сезоната, запишувајќи два пораза - 0:3 од Севиља во Ла Лига и 0:1 од ЦСКА Москва во Лигата на шампионите, како и едно реми - 0:0 со Атлетико Мадрид во шампионатот. Оваа „сува“ серија без гол ги загрижува фановите на 13-кратниот европски клупски шампион ширум светот. Реал нема погодоци пет часа и 19 минути (319 минути), а ова е една од најдолгите серии во историјата на клубот без постигнат гол. Ова се најдолгите серии без гол за Реал во нивната историја: Сезона 1984/1985: 496 минути (8 часа 26 минути) Најдолгата серија на Реал Мадрид е во средината на 1980-тите - 1984/1985. Во тимот, предводен од Шпанецот Луис Моловини, се забележуваат имињата на Сантилијана, Емилио Бутрагењо, Санчиз и Валдано, а допрва се раѓа легендарната „петорка на Бутре“. Серијата од пет натпревари без постигнат гол заврши во полуфиналето во Купот на УЕФА против Интер, кога Реал го губи првиот натпревар со 2:0, но го освојува реваншот со 3:0 и се пласираше во финалето со два гола на Сантилијана и еден на Мичел. „Белите“ го освојуваат Купот по триумф над Видеотон по два натпревари и вкупен резултат од 3:1. Сезона 2005/2006: 409 минути Оваа серија е направена во сезоната 2005/2006, кога Реал трпи тренерска рокада, кога Лопез Каро го заменува Бразилецот Вандерлеј Луксембурго. Реал забележува три реми без голови против Валенсија, Бетис и Арсенал во Лондон за КЕШ. Тоа се мечови во кои „Галактикос“, составен од Роналдо, Робињо, Баптиста, Зидан и Раул, не успева да ја затресе мрежата на противникот. Сезона 1975/1976: 390 минути Третата најдолга серија без гол е во сезоната 1975/1976 година. Тренер тогаш е Милан Миљаниќ, а најдолгиот период без голови му овозможува на Баерн Минхен да го елиминира Реал во полуфиналето на КЕШ. Сезона 1981/1982: 387 минути Серијата е од 1981/1982 година. Тренер е Вујадин Бошков, а Реал не успеа да постигне гол во цели 5 последователни натпревари - два во шампионатот, два во Кралскиот Куп и еден во Купот на УЕФА. Сушата ги чинеше титулата во Ла Лига, како и учеството на тимот во Европа. Во тимот настапуваат фудбалери како Карлос, Алонсо Гонзалес - Сантилијана, Хуанита и Ули Штилике. Сезона 1983/1984: 374 минути Серија без гол повторно од 80-тите - 1983/1984 година. Серијата е прекината од Емилио Бутрагењо во натпревар против Кадиз. Реал на Ди Стефано е втор и не успева да постигне гол во дуелите против Валенсија, Реал Сосиедад и Барселона Б во реваншот за Кралскиот Куп, кој е изгубен со 0:2. Сезона 2002/2003: 363 минути Серијата е од сезоната 2002/2003 година. Предводени од Висенте Дел Боске, „белите“ страдаат од гол суша во два натпревари од Лигата - против Реал Сосиедад и Барселона, и во двата случаја резултатот е 0:0, како и пораз од Милан. Напаѓачи во тимот се Фернандо Мориентес и Раул Гонзалес Бланко. Сезона 2006/2007: 325 минути Последната најдолга серија на тимот без гол е под раководство на Фабио Капело од сезоната 2006/2007 година - пораз од Рекреативо со 0:3, пораз од Депортиво Ла Коруња 0:2 и 0:0 против Бетис за Купот. Нападот е предводен од Руд ван Нистелрој, Хозе Антонио Рејес, Раул, Робињо и Антонио Касано. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизКим Кардашијан има пет дадилки за своите четири деца: „Една е секогаш на должност“Ким Кардашијан, 45-годишната основачка на брендот „SKIMS“, во ново интервју откри детали за тоа како го организира животот со четирите деца што ги има со поранешниот сопруг, Канје Вест. Заедно ги имаат ќерките Норт (13) и Чикаго (8) и синовите Сејнт (10) и Псалм (7), при што Кардашијан е нивниот примарен старател. Кардашијан за „Тајмс“ откри дека има помош околу грижата за децата, ангажирајќи пет дадилки кои се менуваат. Таа објасни дека „една е секогаш на должност“, додека „останатите четири се менуваат во смени“. Таа секој ден ги вози на училиште И покрај тоа што има помош, Кардашијан вели дека е активно вклучена во секојдневниот живот на своите деца. Таа лично ги вози на училиште и ги зема оттаму секој ден, а секоја вечер заедно вечераат. „Мислам дека сум умерено строга мајка. Многу сум трпелива и им давам многу љубов. Децата сè уште можат да спијат во мојот кревет кога и да посакаат, а јас им читам секоја вечер пред спиење“, рече таа. View this post on Instagram A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian) Таа се грижи за јавното експонирање на децата Во интервјуто, таа се осврна и на прашањето за јавното експонирање на нејзините деца – особено на најстарата ќерка, Норт, која е популарна на „TikTok“ и сè повеќе се занимава со музика. Кардашијан призна дека се грижи за учеството на децата во семејното реално шоу „The Kardashians“. „Секое дете учествува онолку колку што се чувствува пријатно. Помалите деца се појавуваат додека снимам, но немаат некои големи улоги во серијата. Норт ужива во тоа малку повеќе од другите, па морам малку да ја ограничувам“, објасни таа. Таа додаде дека Норт е најмногу заинтересирана за проекти кои нудат јавно експонирање, поради што нејзините родители се обидуваат внимателно да ги избираат можностите што таа ги прифаќа, наместо да се согласуваат на сè што ѝ се нуди. View this post on Instagram A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian) Кога станува збор за музиката, Кардашијан вели дека подобро комуницира со Канје Вест на таа тема. Тие се погрижуваат да бидат усогласени и се осигуруваат дека Норт учествува само во проекти што и двајцата ги одобриле. Извор: Индекс.хрТагови: Ким Кардашијан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:0122. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
ЕвропаХаос во Франција: Се затвораат до 500 средни училишта, 24 се запалени или вандализираниУчилиштата се затвораат кога не се исполнети безбедносните услови – било поради оштетување на имотот или поради тоа што вработените биле директно загрозени.Францускиот министер за образование, Жан-Мишел Бланке, денес соопшти дека утре целосно или делумно ќе бидат затворени меѓу 400 и 500 средни училишта во Франција поради последиците од насилните студентски протести, додека најмалку 24 училишни објекти биле запалени или вандализирани. „Наставата беше прекината во меѓу 400 и 500 образовни установи во петокот, а веројатно сличен број ќе бидат затворени и во понеделник, иако со делумно и постепено продолжување на наставата“, изјави Бланке, пренесува весникот „Ле Фигаро“. Францускиот министер наведе дека 78 вработени во образовниот систем се повредени откако започнаа протестите. Според него, училиштата се затвораат кога не се исполнети безбедносните услови – било поради оштетување на имотот или поради тоа што вработените биле директно загрозени. Бланке рече дека одредени припадници на крајната левица се приклучиле на протестите, обвинувајќи ги дека го злоупотребиле студентското движење и прибегнале кон насилство. „Ова претставува ризик и за нашиот персонал и за учениците. Повредени се 78 вработени во образованието – нешто што досега не сме го виделе. Тие беа намерно нападнати бидејќи работат во образованието“, изјави министерот. Протести низ Франција Протестите и блокадите на средните училишта започнаа на 17 септември во регионот на Париз, а потоа се проширија низ целата земја. Ситуацијата, како што забележува францускиот весник, ескалираше во четвртокот во неколку француски градови. Петокот беше одбележан со тензии и повеќе од 1.700 приведени лица, со што вкупниот број на приведени од почетокот на неделата достигна околу 5.000. Организаторите повикаа протестите да продолжат и во вторник, наведувајќи дека не добиле „конкретни мерки“ од властите. Учениците што учествуваат во протестите, меѓу другото, бараат повеќе персонал и зголемени средства за образованието, а истовремено се жалат на притисокот од системот за упис на универзитетите, недостигот на наставници-заменици, лошата состојба на училишните згради и преоптоварените распореди на часовите. Извор: Б92Тагови: Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПукање во близина на границата меѓу Норвешка и Шведска: Убиени татко и синТатко и син загинаа, а трет маж беше тешко ранет во пукање во близина на Халден, во југоисточна Норвешка. Осомничениот, маж на возраст од околу 30 години, бил совладан од присутните на местото на настанот пред да пристигне полицијата.Жртвите биле маж во седумдесеттите години и неговиот син, кој бил во четириесеттите години. Сите тројца биле дел од ловечка група собрана на имот во близина на езерото Ершеен, недалеку од шведската граница. Напаѓачот совладан пред пристигнувањето на полицијата Според норвешките медиуми, осомничениот не бил дел од ловечката група. По пукањето, луѓето присутни на имотот успеале да го совладаат и да го задржат до доаѓањето на полицијата. Полицијата верува дека тој дејствувал сам и соопшти дека нема опасност за јавноста. Според досегашните информации, во нападот била употребена ловечка пушка. Норвешките медиуми исто така известуваат дека осомничениот поседувал дозвола за две парчиња огнено оружје. Адвокат: Тој ја признал кривичната одговорност Адвокатот на осомничениот, Оле Ричард Холм-Олсен, изјави дека неговиот клиент ја признал кривичната одговорност за двете убиства и за ранувањето на третото лице. Според адвокатот, осомничениот писмено ја признал кривичната одговорност и се согласил на притвор, но во моментов не сака да даде изјава пред полицијата. Мотивот сè уште непознат Полицијата сè уште истражува зошто осомничениот отворил оган и каква поврзаност имал со луѓето на имотот. Истражителите се сомневаат дека тој ја познавал групата или некои од нејзините членови, но според досега објавените информации, тој не бил во роднинска врска со загинатите или со ранетиот маж. По пукањето, полицијата ја пребарала околината и блиските објекти за да провери дали има други напаѓачи или жртви. Не биле пронајдени други жртви ниту дополнителни напаѓачи. Извор: Индекс.хрТагови: пукање Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter