Украдена е книга, чии корици од злато и скапоцени камења ја направи Салвадор Дали- тежи 210 килограми (ВИДЕО)
2Украдена е книга, чии корици од злато и скапоцени камења ја направи Салвадор Дали- тежи 210 килограми (ВИДЕО)
СветСедум милиони мини и утврдување долго 2.700 километриМароко од 1980 до 1987 година, изгради огромен систем на утврдувања низ пустината Западна Сахара, кој стана една од најдолгите воени бариери во светот, но и смртоносно наследство од повеќедеценискиот конфликт.Како наследство од еден од најголемите одбранбени системи во светот, долж границата на Западна Сахара, останати се околу седум милиони противпешадиски мини распоредени долж речиси 3.000 километри. Во периодот меѓу 1980 и 1987 година, Мароко изгради линија од утврдувања во Западна Сахара, која практично ја дели оваа пустинска територија на два дела. Позната како „Песочниот ѕид“ или „Берм“, оваа бариера ги раздвојува областите под контрола на Мароко од територијата контролирана од фронтот Полисарио. Противниците на мароканската влада бариерата ја нарекуваат „ѕид на срамот“, а нејзината изградба е директно поврзана со повеќедеценискиот спор околу Западна Сахара. Конфликтот води потекло од 1975 година, кога Шпанија се повлече од Западна Сахара. Мароко и Мавританија по заминување на Шпанците ја поделија тероторијата на два дела, а жителите на Сахара кои бараа независност, ја продолжија борбата преку фронтот „Полисарио“. Во 1976 година, фронтот „Полисарио“ ја прогласи Сахрависката Арапска Демократска Република, а конфликтот со Мароко прерасна во долготрајна војна. Соочен со герилски напади во огромниот пустински предел, Мароко во 1980 година започна да гради систем на утврдувања. Ѕидот не бил изграден одеднаш, туку бил прошируван во неколку фази, со што мароканската линија на контрола постепено се поместувала кон исток и југ. Изградбата траела со години, а до втората половина на 1980-тите, системот прераснал во бариера долга околу 2.700 километри, пренесе „Сајанспост“ (Sciencepost). „Берм“ не е само насип од песок. Тоа е воен систем составен од повеќе песочни насипи, ровови, бункери, бодликава жица и огромни мински полиња. Според проценките наведени во текстот, околу седум милиони мини се поставени околу ѕидот, поради што оваа област се смета за една од најминираните во светот. Долж линијата се распоредени и воени бази, артилериски позиции и аеродроми, додека радарските системи овозможуваат откривање движења на големи растојанија. Се наведува дека ѕидот го чуваат околу 100.000 марокански војници, иако некои проценки спомнуваат бројка од 120.000. Изградбата на ѕидот му овозможи на Мароко да ја задржи контролата врз повеќе од две третини од Западна Сахара, додека Фронтот Полисарио ја контролира територијата источно од бариерата. Во 1991 година, со посредство на Обединетите нации, бил постигнат прекин на огнот со што завршила војната долга скоро 15 години. Сепак, спорот околу статусот на Западна Сахара не беше решен, а прекинот на огнот беше сериозно прекршен во ноември 2020 година, по што повторно беа забележани судири. Една од најтешките последици од војната останаа минските полиња. Мини поставени за време на изградбата на системот никогаш не беа целосно отстранети и претставуваат опасност, особено за номадското население што се движи низ оваа пустинска област. ж Според податоците наведени во текстот, во периодот меѓу 1975 и 2013 година, најмалку 2.500 луѓе загинале или биле повредени од мини и други експлозивни остатоци од војната, објави „Сајанспост“ (Sciencepost). Операциите за деминирање беа прекинати по избувнувањето на новите судири во 2020 година. Деминирањето беше повторно започнато источно од ѕидот во мај 2023 година, а продолжи и на југот на територијата во почетокот на 2024 година. Така, со децении по изградбата на „Берм“ (одбранбениот ѕид), милиони мини остануваат една од најопасните последици од конфликтот околу Западна Сахара. Извор: Мондо.рсКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНикола Србов и Александар Трајановски во „Само вистина“Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Никола Србов и Александар Трајановски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотЉубов на прв поглед или само привлечност? – Пет знаци дека сте доживеале длабока поврзаностЉубовта на прв поглед не потекнува од умот, ниту пак се потчинува на логиката; таа е промена што се случува во еден миг, после која странецот повеќе не се доживува како непознат. Кога ќе се случи, таа со себе не носи ниту немир, ниту анализирање, туку чувство на длабоко, необјасниво присуство. Ако се прашувате дали сте доживеале ваква мистериозна средба, еве ги знаците што откриваат дека станува збор за нешто многу подлабоко од обична привлечност. 1. Внатрешен мир и спуштање на гардот Првите средби со нови луѓе речиси секогаш носат доза на воздржаност и претпазливост. Меѓутоа, во присуство на оваа личност, целиот внатрешен оклоп се топи без труд. Не вложувате енергија во тоа како ќе испаднете, нити ги преиспитувате правилата на однесување. Нема потреба да се докажувате и покрај оваа личност немате чувство дека сте излегле од вашата комфорна зона, туку како неочекувано да се враќате кон сопствениот мир. 2. Чувство на долготрајна блискост и препознавање Блискоста е чувство што обично го градиме со месеци или години, но тука се јавува парадокс: иако речиси ништо не знаете за личноста, длабоко во себе чувствувате дека отсекогаш сте ја познавале. Временските и просторни дистанци губат значење, разговорот тече лесно, нивната појава не ви е туѓа, туку препознавате некого кој ви е несфатливо близок. 3. Тивко откажување од менталната листа со критериуми Повеќето од нас носат во себе слика за тоа како би требало да изгледа идеалниот партнер, со што би требало да се занимава или како би требало да се однесува. Во моментот кога ќе се воспостави ваква поврзаност, сите тие однапред замислени услови веднаш стануваат неважни. Не ја споредувате оваа личност со вашите стари мерила, ниту се обидувате да ја вклопите во вашите претходни сфаќања. Ја прифаќате целосно – токму таква каква што е – сфаќајќи дека нејзината автентичност е единственото нешто што навистина ви е важно. 4. Говор на телото што го разоткрива поместувањето на границите Пред умот воопшто да може да дефинира што се случува, телото реагира прво. Вашата внатрешна состојба суптилно го менува вашето држење, гестикулациите и изразот на лицето. Движењата ви стануваат помеки, погледот постабилен, а говорот на телото несвесно се отвора кон другата личност. Без каква било намера или преправање, вашата физиономија испраќа тивок сигнал на прифаќање, дозволувајќи ѝ на другата личност да се приближи повеќе отколку што вообичаено би дозволиле некому што тукушто сте го запознале. 5. Присуство што не блее по разделбата Кога средбата ќе заврши и ќе се вратите на секојдневните обврски, енергијата на тој момент не исчезнува. Личноста останува присутна во вашите мисли – не како товар или опсесија, туку како благ, траен впечаток. Вашиот внатрешен простор останува исполнет со нејзиното присуство, а сликите од идните заеднички мигови сосема природно се редат во вашиот ум, без никаков притисок. Ако ова чувство не бледнее со минување на деновите, сосема е сигурно дека не сте доживеале само минлива занесеност, туку средба која ја носи моќта на вистинската поврзаност. Извор: sensa.story.hrКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59Пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08Македонија привремено ја одложи имунизацијата на БСЖ вакцината15:00Мицкоски: Стабилен е пензискиот систем11:16 Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар08:34
ЗдравјеЕве зошто е важно да се напиете чаша вода пред првото утринско кафеШтом ќе ги отворите очите и ќе посакате голтка од вашиот омилен напиток, неопходно е да се хидрирате.Кога ќе се разбудите наутро, веројатно првата помисла не ви е да се напиете чаша вода, особено ако имате навика да посегнете по шолја кафе. Но, стручните лица предупредуваат дека кофеинот може да почека додека не се напиете барем една чаша вода. Во текот на ноќта, нашето тело губи течност со потење и дишење. Поради тоа се будиме со блага дехидратација, што директно влијае на падот на енергијата, намалена концентрација и отежнато носење одлуки во првите часови на денот. Истражување објавено во списанието “Psychological Research” покажало дека доллгиот период без вода влијае на когнитивните функции и мозокот. Спас за желудникот и варењето Освен што ја враќа неопходната течност во телото, чашата вода пред утринското кафе го штити и дигестивниот тракт. Кафето само по себе е кисело, па кај многумина пиењето кафе на празен желудник предизвикува киселина или непријатно чувство. Водата создава блага заштита во желудникот и ја ублажува иритацијата што кафето може да ја предизвика. Стручни лица од универзитет во Њујорк наведуваат дека за добар почеток на денот доволно е да испиете 250-500 мл вода веднаш по будење. За да го поттикнете варењето помага топла или млака вода бидејќи ги опушта мускулите на дигестивниот систем и ја поттикнува работата на цревата. Златно правило на хидратација Иако чаша вода наутро е одличен почеток, важно е да го одржувате внесувањето на течности во текот на денот. Според нутриционистите, вкупната дневна количина би требало да изнесува околу 2,7 L за жени и 3,7 L за мажи (вклучувајќи ја течноста од храната и другите напитоци). Ако чувствувате умор и исцрпеност наутро или блага главоболка, воведете една рутина. Пред да сварите кафе, напијте се чаша вода и следете како ќе се чувствувате. Можеби токму оваа едноставна навика ви е потребна за поенергичен почеток на денот. Извор: srecne.republika.rsКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter