ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Ахмети нарачуваат, нивните инсталации во правосудството испорачуваа и од кривична одговорност ги спасуваат
2ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Ахмети нарачуваат, нивните инсталации во правосудството испорачуваа и од кривична одговорност ги спасуваат
ФудбалСедум гола на дербито Арсенал – Ливерпул 3-4 Првиот дерби натпревар од новата сезона во англиската Премиер лига донесе интерен фудбал во кој беа постигнати дури седум голови, а Ливерпул како гостин во Лондон го победи Арсенал со 4:3.Иако домаќините започнаа одлично па преку Тео Волкот (31-минута) поведоа со 1:0, сепак во продолжението Ливерпул беше тимот кој играше далеку подобро. Во финишот на првиот дел Филипе Кутињо израмни на 1:1, а во второто полувреме Ливерпул постигна уште три гола. Адам Ланана во 49-минута му донесе предност на Ливерпул од 2:1. Кутињо со својот втор погодок во 56-минута зголеми на 3:1, а во 63-минута веќе беше 4:1 за Ливерпул по голот кој го постигна Садио Мане. Арсенал не се предаде, па преку Алекс Чемберленд (64-минута) и Калум Чејмберс (75-минута) намали на 4:3. До крајот на мечот „топџиите„ нагаѓаа со сите сили но не успеаја да стигнат до израмнување, па на крајот Ливерпул заслужено се радуваше на победата од 4:3. Попладнево се одигра и средбата Бурнемут - Манчестер Јунајтед која заврши со победа на Манчестер од 3:0. На натпреварите одиграни вчера беа постигнати следниве резултати: Хал – Лестер 2-1, Барнли - Свонси 0-1 Кристал Палас – ВБА 0-1, Евертон – Тотенхем 1-1, Мидлсборо – Стоук 1-1 и Саутемптон – Ватфорд 1-1 и Манчестер Сити – Сандерленд 2-1. Колото биде комплетирано утре со дуелот./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПоследователни напади во Црвеното Море: Седум лица се ранети (ВИДЕО)Анис ал-Асбахи, портпарол на Министерството за здравство под контрола на Хутите, денеска изјави дека седум лица се ранети во напади предводени од Саудиска Арабија врз пристаниште во Црвеното Море и нафтен објект во јеменската провинција Ходеида.Во објава на платформата „X“, тој напиша дека четворица цивили се ранети за време на нападите на коалицијата предводена од Саудиска Арабија врз пристаништето Рас Иса, додека тројца други се повредени во напад врз нафтен објект во округот Баџил. „Последователните напади врз нафтени постројки и витални пристаништа претставуваат јасно кршење на меѓународното хуманитарно право и придонесуваат кон низа воени злосторства насочени против цивили и критична инфраструктура“, изјави портпаролот. Бунтовниците Хути во Јемен, кои се поддржани од Иран, се борат против коалицијата предводена од Саудиска Арабија, која ја поддржува меѓународно признатата влада на Јемен. BREAKING: Saudi-led coalition STRIKES a Houthi fuel site in Yemen's Hodeidah > Coalition spokesman Turki al-Maliki says the "precision operation" hit resources the Houthis use for missile and drone attacks on Saudi Arabia and Red Sea shipping > Houthi media say 2 airstrikes hit an oil facility in Bajil district, injuring 3 civilians > It comes as smoke rose over an industrial site in Saudi Arabia's Dammam. Iranian state media blamed a Houthi strike; Saudi officials have not confirmed The Yemen front is heating up fast. 🎥 footage aired by Saudi-owned Al Arabiya -per Saudi Press Agency, Al Masirah — James Reichert (@_jamesreichert) November 1, 2026 Тагови: напади Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Ахмети нарачуваат, нивните инсталации во правосудството испорачуваа и од кривична одговорност ги спасуваатСудството повторно покажа дека служи како штит за политичките моќници од СДС и ДУИ.Судиите на Венко Филипче и Али Ахмети повторно одработија за спас и одбрана на нивните наредбодавци. Само после неколку месеци откако обвинителот Ислам Абази го затвори случајот за набавката на модуларните болници со што Филипче го спаси од одговорност, сега и судијата Африм Фидани ги ослободи поранешните директори на тетовска болница, Артан Етеми и Флорин Бесими, за трагедијата во која животот го загубија 14 наши сограѓани. Ова отвора сериозни прашања за функционирањето на правосудниот систем и за еднаквоста пред законите, штета има, жртви има, а виновни нема. Како е можно за пожар во кој загинаа 14 луѓе виновен да биде кабелот и да нема соодветна кривична одговорност за најодговорните лица од тој период, како што се тогашните директори на болницата и тогашниот министер за здравство, Венко Филипче? Како е можно да не се испита одговорноста на сите надлежни лица во синџирот на одлучување и управување, Филипче како најодговорен воопшто да не биде повикан на разговор, а од друга страна да се ослободуваат и Бесими и Етеми. Дали во Македонија правдата зависи од партиската блискост и политичките врски, а блиските до Филипче и Ахмети имаат привилегија да бидат над законот? За 14-те загубени животи правда и одговорност мора да има, Македонија не смее да биде држава во која политичките врски се посилни од правдата. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканИлијана Јотова победи на претседателските избори во БугаријаСпоред излезните анкети Илијана Јотова ќе биде прва жена на претседателската функција во Бугарија, по вчерашниот втор круг на изборите. Илијана Јотова и кандидатот за потпретседател Кирил Валчев победија на претседателските избори во Бугарија со 57,58 отсто од гласовите. Според обработени 99,95 проценти од записниците, за Јотова и Валчев гласале повеќе од 1 милиони избирачи. По објавувањето на резултатите, Јотова им се заблагодари на граѓаните за поддршката. Таа порача дека ќе се залага за соработка и изнаоѓање решенија.јотова оцени дека нејзината кампања била позитивна и без говор на омраза. Валчев најави посебно внимание за младите и нивната иднина. Тој рече дека ќе работи на создавање услови младите да останат во Бугарија, а раселените да се вратат. Премиерот Румен Радев им ја честиташе победата и порача дека граѓаните гласале за мир и стабилност.Тагови: Илијана Јотова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook