Седум автори од ЈИЕ на втората резиденцијална програма за книжевници - Канал 5

Седум автори од ЈИЕ на втората резиденцијална програма за книжевници

Меѓународното жири ги избра седумте автори или преведувачи од Југоисточна Европа кои годинава ќе престојуваат во Скопје, во рамки на резиденцијалната програма за книжевници „Скопје 2014“ под мотото „Апсолутно модерен“. Програмата втора година ја организира издавачката куќа „Готен“, под покровителство на мрежата Традуки.

Седум автори од ЈИЕ на втората резиденцијална програма за книжевници
- Тоа се Андра Ротару од Романија, Аг Аполони од Косово, Роман Кисјов од Бугарија, Теофил Панчиќ од Србија, Даша Дрндиќ од Хрватска, Душан Чатер и Соња Поланц од Словенија. Секој од авторите ќе престојува во Скопје по еден месец и тоа во пролетниот период, од април до јуни, и наесен, од септември до декември 2014. Прва гостинка на резиденцијата, која веќе пристигна во Скопје е поетесата Андра Ротару, ново име во романската поезија, која веќе гради успешна меѓународна кариера, соопшти „Готен“.

Организаторот информира дека на отворениот повик се јавиле 57 автори од регионот и дека големиот одѕив е доказ дека Македонија е интересна земја за авторите од регионот и ја потврдува потребата од постоење ваква резиденцијална програма. Од биографиите и писмата на интерес, наведува „Готен“, може да се заклучи дека меѓу авторите доминираат оние кои веќе имаат добра соработка со македонските издавачи и автори, книжевници кои по разни поводи престојувале кратко во Македонија и тоа им останало во добро сеќавање, но и автори кои сакале да ја искористат можноста првпат да ја посетат земјата и да ја запознаат овдешната книжевна сцена.

- Целта на Програмата е да им овозможи на авторите од регионот подобро да се запознаат со книжевната, интелектуалната и културната сцена во Скопје и во Македонија и да остварат продлабочени и трајни контакти, кои во перспектива ќе ги направат пријатели и амбасадори на македонската книжевност и култура во регионот и во светот. Авторите во Скопје ќе работат на своите дела или преводи, ќе посетуваат културни настани, организации и институции, а преку јавни настани ќе бидат претставени во Скопје и во други градови од земјата, соопшти „Готен“.

На повикот повторно се пријавиле и автори кои не спаѓаат во деветте земји од регионот. Организаторот „Готен“ е во преговори со Уметничкиот совет на Малта да го донесе во Скопје и Имануел Мифсуд, еден од најдобрите автори на Малта, и добитник на реномираната Награда за литература на Европската унија. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кои се елитните севернокорејски хакери што ја извршија најголемата кражба на криптовалути во историјата?

Две водечки фирми специјализирани за анализа на технологија поврзана со криптовалути објавија дека поседуваат цврсти докази што го поврзуваат хакерскиот напад врз Binance, во кој беа украдени 6,3 милијарди долари, со група поддржана од Северна Кореја.

Кои се елитните севернокорејски хакери што ја извршија најголемата кражба на криптовалути во историјата?

Како што пренесува BBC, TRM Labs и Chainalysis – со висок степен на сигурност – ја идентификуваа групата „Лазарус“ (севернокорејски хакерски колектив, познат и како TraderTraitor) како најверојатен извршител на нападот врз најголемата берза за криптовалути во светот. Овој напад далеку го надминува претходниот рекорден грабеж – инцидент од 2025 година поврзан со берзата Bybit, при што беа украдени 1,5 милијарди долари.

Овој инцидент е најновиот во низата напади поврзани со Северна Кореја – една од најсиромашните земји во светот, каде што пристапот до интернет е строго ограничен.

Експертите ја обвинуваат владата на Ким Џонг Ун дека се потпира на сајбер-криминал за финансирање на државата – обвинување што Пјонгјанг долго време го негира.

Според извештаите, земјата систематски ги развива своите сајбер-операции. За таа цел, таа регрутира елитни студенти и ги насочува кон хакерски групи што се под надзор на севернокорејската разузнавачка служба.

Анализите на технолошките компании покажуваат дека дел од овие операции се одвиваат во соседна Кина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Ангел на ВС како „подарок“

Најсекси ангелот на Викторија Сикрет, Кендис Свонпул уште еднаш ја покажа харизмата на вистинска заводничка. Нејзината најнова модна кампања маѓепса многумина.

Фото: Ангел на ВС како „подарок“

Супермоделот Кендис Свонпул е заштитното лице на најновата новогодишна колекција на брендот „Викторијас сикрет“.

По спектакуларниот настап на неодамнешната модна ревија на брендот, не е изненадувачки што таа сега е во центарот на нивната нова модна кампања.

Кендис гордо позира во атрактивни модни парчиња – поточно, долна облека од тантела во електрично сина боја, која совршено ја истакнува нејзината прекрасна фигура.

Изгледот го заокружи со дијамантски ѓердан околу вратот, како и со високи потпетици што ги нагласуваа нејзините витки нозе.

За да ја долови новогодишната магија, една од најпознатите манекенки во светот позираше покрај огромни подароци, украсени со ленти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Познати фудбалер го освои срцето на фатална кантри пејачка

Фудбалерот на Милан, Американецот со потекло од балканот Кристијан Пулишиќ има нова девјка, мегапопуларната канти пејачка Меган Морони.

Познати фудбалер го освои срцето на фатална кантри пејачка

Љубовните животи на познатите спортисти и нивните партнерки повторно се во центарот на вниманието, а две убавици од светот на шоу-бизнисот веќе се шегуваат дека припаѓаат на новата генерација на таканаречени „WAG“ девојки.

За време на гала-настанот „Time100“ во Њујорк, 29-годишната кантри-пејачка Меган Морони се сретна со својата пријателка Еиза Гонзалез. Двете ѕвезди разговараа за своите партнери за време на настанот. Гонзалез е во врска со тенисерот Григор Димитров најмалку од април 2025 година, додека новата романса на Меган Морони со фудбалската ѕвезда Кристијан Пулишиќ (28) неодамна стана предмет на јавен интерес.

„Ние сме новата генерација девојки на познати спортисти“, се пошегува Гонзалез во разговор со Меган.

Само една недела претходно, фановите со остро око забележаа значаен детал дека пејачката на „6 Months Later“ и фудбалерот се во врска.

Меган потоа се појави на модната ревија на „Victoria's Secret“ за 2026 година и беше фотографирана со телефон во раката, на чиј екран можеше да се види фотографија во позадина.

На фотографијата, Меган изгледаше како да е прегрната со ѕвездата на американската фудбалска репрезентација.

Уште во јули, Меган наводно била видена со Пулишиќ во бар во Нешвил, додека пак, профил на обожавател посветен на фудбалерот објавил фотографија од него на нејзиниот концерт на Флорида, заедно со неговиот братучед, пренесува „Пипл“ (People).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер