Седници на седум собраниски комисии - Канал 5

Седници на седум собраниски комисии

Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање, Комисијата за одбрана и безбедност, Комисијата за транспорт, дигитална трансформација....

Седници на седум собраниски комисии

Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање, Комисијата за одбрана и безбедност, Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање, Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, Комисијата за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија.

Членовите на Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање ќе го разгледаат барањето од Агенцијата за национална безбедност за давање согласност за назначување на раководител на организациската единица за внатрешна контрола во Агенцијата.

Предлог Законот за изменување на Законот за полиција и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, двата по скратена постапка се на дневен ред на Комисијата за одбрана и безбедност.

На дневен ред на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање се Годишната програма за работа на Агенцијата за пошти за 2026 година и Годишната програма за работа и развој на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор за 2026 година.

Членовите на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе ги разгледаат Резолуцијата за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција во второ читање, Предлог Законот за изменување на Законот за извршување на санкциите, по скратена постапка и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за прекршоците, исто така по скратена постапка.

На дневен ред на Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика се Предлог законот за дополнување на Законот за концесии и јавно приватно партнерство и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за возила, двата по скратена постапка.

На дневен ред на Комисијата за финансирање и буџет се Предлог законот за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на Проектот на ЕСМ за Фотонапонска електроцентрала Битола 3, кој ќе се склучи меѓу Европската банка за обнова и развој и Акционерското друштво за производство на електрична енергија Електрани на Македонија, во државна сопственост, Скопје,

Предлог законот за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на Проектот за Фотонапонска електроцентрала Битола 3 и за дополнително финансирање на Проектот за ревитализација на хидроелектрани, кој ќе се склучи меѓу Кредитната банка за обнова - КфВ и Акционерското друштво за производство на електрична енергија Електрани на Северна Македонија, во државна сопственост, Скопје, Предлог законот за изменување на Законот за буџети и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за експропријација, сите по скратена постапка.

Пред членовите на Законодавно-правната комисија се Предлог Законот за изменување на Законот за полиција, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, Предлог Законот за изменување на Законот за извршување на санкциите,

Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за прекршоците, сите по скратена постапка.

На дневен ред се и Резолуцијата за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција во Второ читање, Предлог законот за дополнување на Законот за концесии и јавно приватно партнерство, по скратена постапка, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за возила, по скратена постапка, Предлог законот за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на Проектот на ЕСМ за Фотонапонска електроцентрала Битола 3, кој ќе се склучи меѓу Европската банка за обнова и развој и Акционерското друштво за производство на електрична енергија Електрани на Македонија, во државна сопственост, Скопје, по скратена постапка,

Предлог законот за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на Проектот за Фотонапонска електроцентрала Битола 3 и за дополнително финансирање на Проектот за ревитализација на хидроелектрани, кој ќе се склучи меѓу Кредитната банка за обнова - КфВ и Акционерското друштво за производство на електрична енергија Електрани на Македонија, во државна сопственост, Скопје, по скратена постапка, Предлог законот за изменување на Законот за буџети, по скратена постапка, како и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за експропријација, по скратена постапка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пјонгјанг пресече: „Нема да има извинување“

Претходно оваа недела, Јужна Кореја објави дека севернокорејски мини предизвикале експлозија во која тешко биле повредени двајца јужнокорејски војници за време на извидувачка мисија во граничната зона широка четири километри.

Пјонгјанг пресече: „Нема да има извинување“

Северна Кореја денес ги отфрли како неосновани обвинувањата од Сеул дека севернокорејски мини тешко повредиле јужнокорејски војници во Демилитаризираната зона, одбивајќи го барањето на Јужна Кореја за извинување, објави државната новинска агенција „KCNA“.

Ким Јо Џонг, функционерка на владејачката Работничка партија и влијателна сестра на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, изјави дека Пјонгјанг не поставил намерно мини во граничната зона.

Во својата изјава, Ким истакна дека Јужна Кореја „донела неоснован заклучок оти експлозијата била предизвикана од некој што тајно и намерно поставил мини“.

Истовремено, таа изјави дека Северна Кореја нема да дозволи каква било можност за контакт меѓу двете земји, опишувајќи ја директната средба со Јужна Кореја како „кошмар“, пренесе „KCNA“.

Претходно оваа недела, Јужна Кореја објави дека севернокорејски мини предизвикале експлозија во која тешко биле повредени двајца јужнокорејски војници за време на извидувачка мисија во граничната зона широка четири километри, која се протега низ Корејскиот Полуостров.

Нејзината војска побара од Северна Кореја да се извини и да ги запре работите за утврдување на границата, наведувајќи дека ќе преземе „соодветни“ мерки, пренесе Ројтерс.

Јужнокорејската војска спроведе истрага за инцидентот заедно со Командата на Обединетите нации, која го надгледува почитувањето на примирјето од Корејската војна. Командата на ОН во средата објави дека инцидентот претставува кршење на примирјето од Корејската војна.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тајван ги доби првите нови американски авиони Ф-16, нарачани се 66

Тајван ги презеде првите два од вкупно 66 борбени авиони Ф-16В Блок 70 купени од Соединетите Држави.

Тајван ги доби првите нови американски авиони Ф-16, нарачани се 66

Авионите слетаа во воздухопловната база Чиханг во источниот округ Тајтунг околу пладне, по летот од Хаваи и попатното застанување во Гуам.

Тајванскиот претседател Вилијам Лаи Чинг-те изјави дека пристигнувањето на авионите претставува значаен чекор во зајакнувањето на воздушната одбрана на земјата. „Ова ја покажува нашата решеност да ги зајакнеме капацитетите за самоодбрана и да обезбедиме мир преку сопствената сила“, рече Лаи.

Обука и воведување во употреба

Командата на тајванските воздухопловни сили соопшти дека ќе спроведе обука за премин кон новиот тип на авион, а потоа постепено ќе ги воведе во оперативна употреба. Командата истакна дека 7-мото тактичко борбено крило е формирано во декември 2023 година и е предвидено да биде опремено со новите авиони Ф-16В Блок 70.

Министерот за одбрана Велингтон Ку претходно пред новинарите потврди дека „годинава ќе бидат испорачани повеќе од два авиона“.

Договор вреден 8 милијарди долари

Соединетите Држави ја одобрија продажбата на 66 авиони Ф-16В и придружна опрема на Тајван уште во 2019 година. Вкупната вредност на договорот се проценува на приближно 8 милијарди долари.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„GTA 6“ ќе биде најголемата игра на „Rockstar“: „Никогаш не сме направиле вакво нешто“

Со години, „GTA 6“ се најавува како потенцијален рекордер за најголемо лансирање во историјата на индустријата за забава – како во поглед на очекувањата, така и во однос на капиталот вложен во нејзиниот развој.

„GTA 6“ ќе биде најголемата игра на „Rockstar“: „Никогаш не сме направиле вакво нешто“

„Rockstar“ дополнително ја поттикнува оваа возбуда.

Според еден од клучните раководители на студиото, целта е речиси секој аспект од претстојната игра да се подигне на ново ниво. Арон Гарбут, раководител за развој и висок функционер во „Rockstar“, вели дека тимот се обидел огромниот притисок околу проектот да го претвори во дополнителна мотивација.

Наместо да прават компромиси меѓу големината на светот, деталите и интерактивноста, тие се стремеле истовремено да ги подобрат сите овие елементи.

„Обично мора да правите компромис меѓу обемот и деталите, или меѓу деталите и интерактивноста. Со овој проект, тргнавме во спротивна насока“, изјави Гарбут за „Game Informer“.

Тој истакна дека „Rockstar“ го зголемил нивото на детали, обемот, опсегот, големината, интерактивноста и густината на светот – подобрувања што треба да бидат очигледни во секој аспект од играта.

„GTA 6“ ветува огромен отворен свет, подетална средина, напредна физика и поголем број интерактивни елементи. Иако „Rockstar“ сè уште не ги открил сите карти, досега објавените трејлери веќе навестуваат колку внимание е посветено на деталите.

Секако, зад проект од вакви размери стојат огромните финансиски ресурси на издавачот „Take-Two Interactive“. Точниот буџет за „GTA 6“ не е јавно потврден, но јасно е дека станува збор за еден од најамбициозните проекти во историјата на индустријата за видеоигри.

„Rockstar“ е познат по тоа што со години ги развива своите игри и вложува огромно време во светот, анимациите, физиката и деталите. Следствено на тоа, Гарбут смета дека „GTA 6“ претставува нешто што „Rockstar“ никогаш претходно го нема создадено. „Не мислам дека некогаш сме направиле нешто што е дури и приближно на ова“, изјави тој.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер