МакедонијаСедници на седум собраниски комисииНа дневен ред на Комисија за социјална политика, демографија и млади се 12 точки.Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за социјална политика, демографија и млади, за надворешна политика и надворешна трговија, за култура и туризам, за финансирање и буџет, за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање, за политички систем и односи меѓу заедниците, за прашања на изборите и именувањата и Законодавно правната комисија. На дневен ред на Комисија за социјална политика, демографија и млади се 12 точки. Пратениците треба да ги разгледаат измените и дополнувања на Законот за социјалната заштита, измените на Законот за семејството, измените на Законот за употреба на знаковниот јазик, измени на Законот за социјална сигурност за старите лица, измени на Законот за инвалидски организации, измени на Законот за правата на воените инвалиди, на членовите на нивните семејства и на членовите на семејствата на паднатите борци, измените на Законот за обележување, уредување и одржување на гробишта и гробови на борците погребани на територија на Република Македонија и во странство, како и на припадниците на странските армии од поранешните војни на територија на Република Македонија, измените на Законот за материјално обезбедување на учесниците во Народноослободителната војна, измените на Законот за правата на прогонуваните и затворaните лица за идеите на самобитноста на македонскиот народ и неговата државност и на членовите на нивните семејства, измените на Законот за правата на носителите на Партизанска споменица 1941, на лицата одликувани со Орден на народен херој и на борците од Шпанската националноослободителна и револуционерна војна од 1936 до 1939 година, сите во прво читање. На дневен ред на Комисијата се и измените и дополнувањата на Законот за заштита на децата, во второ читање, како и Предлог на закон за поддршка на настраданите во несреќата во дискотеката во Кочани и на членовите на нивните семејства, во прво читање. Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија ќе ги разгледува Предлог на закон за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Србија за воспоставување заеднички контроли на граничните премини за меѓународен патен сообраќај Табановце (Република Македонија) и Прешево (Република Србија) и Предлог на закон за ратификација на Листата за измена на Листата на специфични обврски и Дисциплини за домашна регулатива во услугите, во прво читање. На дневен ред на Комисијата за култура и туризам е Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за туристичката дејност. На Комисијата за финансирање и буџет треба да биде разгледан Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за Царинската тарифа, во второ читање. На Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање ќе има амандманска расправа за три закони. Според информациите од веб страната на Собранието, амандамни не се поднесени за Предлог на закон за електронските комуникации, додека за Предлог на закон за безбедност на мрежни и информациски системи се поднесени седум амандмани, за Предлог на закон за архивски материјал и архивска дејност три амандмани, додека за измените и дополнувањата на Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги се поднесени два амандмани. Седница ќе одржи и Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на чиј дневен ред се Предлог на закон за вработените во јавниот сектор, Предлог на закон за административни службеници и Предлог на закон за стручно усовршување и обука на административните службеници, во прво читање и со европско знаменце. Комисијата за прашања на изборите и именувањата ќе одржи две седници. На дневен ред на 22 седница на Комисијата се Предлог - одлуката за именување на член на Комисијата за заштита на конкуренцијата, Утврдување Предлог за избор на член на Советот на јавните обвинители и утврдување Предлог - одлука за разрешување и именување на претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври”. На 29. седница на Комисијата, која ќе се одржи веднаш по завршувањето на продолжението на 22. седница, на дневен ред е Утврдување предлог-одлука за разрешување и именување на претседател и членови на Oдборот за доделување на државната награда „11 Oктомври". Тагови: собраниски комисии Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОд недела задолжителна зимска опрема за сите возила Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата, вклучително и зимски гуми, која ќе важи до 15 март 2027 година.Обврската важи за сите моторни возила што учествуваат во јавниот сообраќај, без разлика на временските услови и дали на коловозите има снег или мраз. Возачите кои нема да ги исполнуваат пропишаните услови ризикуваат да добијат казна од 45 евра а целта на мерката е поголема безбедност во сообраќајот во текот на зимските месеци.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Пица вафлиВо петок (06.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Стојне Карадакоски - Баба РужаСостојки за денешниот рецепт: 120 гр. брашно 100 мл. млеко 1 јајце 2 лажици доматно пире 100 гр. кашкавал 1 прашок за пециво 1 лажиче италјански зачин или оригано 100 - 200 гр. шунка или салама 100 гр. кечап 100 гр. мајонез масло сол, бибер и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
СветРути: Сè уште не е јасно дали мирот е близуГенералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека останува нејасно дали мирот е близу, по новите трилатерални разговори во врска со конфликтот во Украина и средбата меѓу американските претставници и рускиот претседател Владимир Путин. „Многу е тешко да се каже. Она што го знам е дека сите вклучени страни – првенствено Стивен Виткоф и Џаред Кушнер, како и Европејците и Украина – работат неуморно за да стават крај на оваа војна“, изјави Руте за агенцијата АФП за време на самитот на европските политички лидери во Даблин. Тој одби да ја коментира суштината на преговорите, но нагласи дека САД, Европа и Украина се „на иста страна“. Руте ги отфрли сугестиите дека Русија би можела да влијае врз одлуките на Алијансата, откако и од Вашингтон и од Москва пристигнаа навестувања дека европските безбедносни аранжмани би можеле да бидат преиспитани како дел од тековните разговори. „Ова не е тема за дискусија“, додаде Руте, пренесува агенцијата „Срна“. Руте нагласи дека е „многу важно“ Европејците, Украина и САД да постигнат договор за тоа што е прифатливо, а што не.Тагови: Марк Руте НАТО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook