Седници на четири собраниски комисии

Во Собранието денеска ќе заседаваат комисиите за земјоделство, шумарство и водостопанство, за здравство, за финансирање и буџет и за образование, наука и спорт.

Пред Комисијата за земјоделство се предлог – измените и дополнувањата на Законот за земјоделското земјиште во второ читање и на Законот за основање на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој во прво читање, додека пред Комисијата за образование се Предлог – законот за основното образование и Предлог – законот за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта, двата во прво читање.

Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на правата на пациентите во прво читање е на дневен ред на Комисијата за здравство, а членовите на Комисијата за финансирање и буџет ќе расправаат по Предлог – завршната сметка на Буџетот на Република Северна Македонија за 2018 година, со Конечен извештај на овластениот државен ревизор за извршена ревизија на усогласеност за 2018 година на Основниот буџет. /МИА

Левандовски: Мбапе е пример за младите, јасно им дава до знаење дека не е важен само фудбалот

Фудбалерот на Барселона, Роберт Левандовски ги пофали квалитетите на Килијан Мбапе.

- Ако го споредите Килијан со други играчи, разбирате дека тој зборува различен јазик. Јасно им дава до знаење на младите играчи дека фудбалот не е единственото нешто што е важно. Тој е и пример за личност, покажувајќи дека не е важно само фудбалскиот терен, туку и она што е во вашата глава. Многу паметен човек кој има многу јасна идеја за тоа што сака да прави и како сака да го прави тоа. Патот по кој оди е јасен. Тој е паметен не само како играч, туку и како личност. Го почувствував тоа кога првпат го видов пред неколку години. Ми остави впечаток. Можете да зборувате за многу нешта со Килијан, изјави полскиот фудбалски ветеран.

Мбапе е член за Пари Сен-Жермен, капитен на француската фудбалска репрезентација и важи за еден од најдобрите фудбалери на светот.

По крајот на сезоната извесно е дека Мбапе ќе направи трансфер во Реал Мадрид.

Последна претседателска дебата – вечерва по централните вести на Канал 5

Попладнево во Канал 5 се снимаше последната дебата на кандидатите за претседател.

Соочувањето ќе се емитува веднаш по централните вести во 18.30, а самата дебата е поделена на два дела.

Практично на само некоколку часови пред молкот, Канал 5 е местото каде што Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова ќе ги соочат аргументите и ќе ги испратат последните пораки до граѓаните.

Арсовска: Најголем дел од медиумите не ни дадоа можност да ја претставиме нашата програма

Носителката на листата на Нова Алтернатива за изборна единица 1 Данела Арсовска, денеска на прес конференција кажа дека нивната партија освен на две национални телевизии нема можност на друго место да ја презентира својата програма.

притисни ентер