Седницата за ребаланс на буџетот – за Владата развоен, за опозицијата доказ за промашени проекции - Канал 5

Седницата за ребаланс на буџетот – за Владата развоен, за опозицијата доказ за промашени проекции

Почна седницата за ребалансот на буџетот... Од Владата велат дека очекуваат со него да се обебзедат повеќе средства за капитални инвестиции, додека од опозицијата обвинуваат дека прокециите биле промашени... 

Седницата за ребаланс на буџетот – за Владата развоен, за опозицијата доказ за промашени проекции

Повеќе средства за капитални инвестиции, за општините, социјалната заштита, земјоделство – се обезбедува преку Ребалансот на Буџетот смета министерката за финансии Кочоска која денеска го образложи пред пратениците. Според неа, со предлогот, во кој дополнително биле прифатени и амандамни во текот на комисиската расрава се зајакнува поддршката за граѓаните и развојните политики.

И покрај глобланата еконосмка незвесност Кочоска оценува дека македонската економија покажува отпорност и стабилност. Проектираната просечна инфлација од 4,5 % за годинава, според министерката главно е условена од надворешните ценовни притисоци и геополитичките случувања.

И додека за власта ребалансот е развоен, за опозицијата е само како што велат потврда дека првичните владини проекции биле промашени.

На првиот ден од собраниската расправа за ребалансот не изостана ниту жестока расправа меѓу пратениците од власта и опозицијата за актуелните случувања поврзани со последната владина одлука за позјамицата од МНАВ за сервисирање на обврски поврзани со изградбата на автопатите, како и за случајот со водата ов Гостивар.

Инаку со предлог ребалансот буџетскиот дефицит е за 110 милиони евра повеќе во однос на првичниот буџет, односно од сегашните 3,5 на 4,1% од БДП или изнесува околу 750 милиони евра... Економски раст пак е проектиран на 3,5%, додека инфлацијата се очекува да изнесува 4,5%, што претставува благо зголемување во однос на првичните проекции....

Вкупните приходи се проектирани на околу 6,16 милијарди евра, а расходите на околу 6,9 милијарди евра. Најголем дел од расходите според надлежните одат кон капитални инвестиции, кои се зголемуваат за околу 95 милиони евра, а ќе бидат насочени кон инфраструктурни проекти како изградба на коридорите 8 и 10 Д, железничката инфрастурктура, енергетиката, животната средина и локални проекти.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мотоциклист со полна брзина прелета низ врата на автобус- снимката од Колумбија е неверојатна (ВИДЕО)

На социјалните мрежи се појави видео кое предизвика морници кај корисниците ширум светот.

Мотоциклист со полна брзина прелета низ врата на автобус- снимката од Колумбија е неверојатна (ВИДЕО)

Видеото доаѓа од Колумбија, каде што камера за надзор го снимила мотоциклистот како со полна брзина „удира“ во вратата на автобус што минува, ја пробива и на тој начин влегува во автобусот.

Истиот инцидент е снимен и од камера од друг агол, имено од внатрешноста на автобусот. Видеото покажува дека, за среќа, автобусот бил речиси празен, а возачот на автобусот и патникот кој бил на самиот крај останале неповредени.

Најголемото чудо е што мотоциклистот станал веднаш по несреќата и се чинело дека е свесен, а неговите повреди не биле сериозни.

Сепак, ако го удрел автобусот само момент подоцна, исходот можел да биде многу поинаков.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Расте бројот на жртви- во поплавите во Непал загинаа најмалку 1.344 луѓе, а речиси 5.000 се исчезнати

Бројот на жртви од катастрофалните поплави на границата меѓу Непал и Тибет се искачи на 1.344, а 4.996 лица се уште се водат како исчезнати, соопштија денес непалските власти.

Расте бројот на жртви- во поплавите во Непал загинаа најмалку 1.344 луѓе, а речиси 5.000 се исчезнати

Бројот на жртви од поплавите и лизгањата на земјиштето на кинеската страна од границата во Тибет се искачи на 16, а 546 лица се уште се водат како исчезнати, објави ABC News.

Околу 70 Американци се водат како исчезнати во лизгањата на земјиштето и поплавите што го погодија граничниот регион меѓу Непал и Тибет пред десет дена, а досега се спасени 17 Американци, соопшти претходно американскиот Стејт департмент.

Спасувачките операции во регионот продолжуваат и досега, благодарение на меѓународната помош, околу 12.000 луѓе се спасени, додека повеќе од 5.000 повредени добиле медицинска помош.

Катастрофалните поплави на границата меѓу Непал и Кина на 26 август беа предизвикани од уривање на огромно парче глечер, широко околу 600 метри, кое се лизнало од висина од околу 5.200 метри со брзина од повеќе од 100 километри на час, а чие влијание во долината предизвикало земјотрес со јачина помеѓу 4,4 и 5,2 степени според Рихтеровата скала, кој го регистрирале сеизмолошките центри.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поранешниот на Дуа Липа и на Рита Ора, сега е во врска со Емили Ратајковски (ФОТО)

Веста дека Емили Ратајковски повторно ужива во љубовта ги воодушеви нејзините обожаватели, особено по периодот во кој често зборуваше за својата претходна врска и бившиот партнер. 

Поранешниот на Дуа Липа и на Рита Ора, сега е во врска со Емили Ратајковски (ФОТО)

Сепак, се чини дека тој дел од нејзиниот живот сега е зад неа. Моделот и актерка привлекува внимание во последните денови поради нејзината нова романса со Роман Гаврас (45), а нивните интимни моменти од Рим брзо станаа вирални на социјалните мрежи.

Додека јавноста штотуку се запознава со новата љубовна приказна на Емили Ратајковски, вниманието го привлекува и нејзиниот нов избраник. Бидејќи, иако убавината е во очите на набљудувачот, Роман Гаврас сигурно изгледа поинаку од претходните „холивудски убавци“ на кои сме навикнати да ги гледаме покрај светски познатите убавици.

Неговиот изглед не е типичен за стереотипот за згоден филмски херој, што само дополнително го разгоре интересот за човекот кој го освои срцето на еден од најпознатите модели на денешницата.

Сепак, Роман Гаврас не е непознато име во светот на познатите личности. Францускиот режисер со години гради кариера во филмската индустрија, а неговото име често се појавувало во рубриката за познати љубовни парови во минатото.

Кој е Роман Гаврас?

Роман Гаврас е француски филмски режисер кој привлече внимание уште пред да почне да работи на играни филмови. Тој е особено познат по режирањето музички видеа, вклучувајќи го и „No Church in the Wild“ на Канје Вест и Џеј Зи.

Тој доби пошироко меѓународно внимание благодарение на филмот „Атена“, француска драма која доби позитивни критики од критичарите. Неодамна, тој се обиде да се занимава со различен жанр, дебитирајќи со акционо-авантуристичката комедија „Sacrifice“.

Филмот има импресивна екипа, вклучувајќи ги Ања Тејлор-Џој, Крис Еванс, Чарли Екс-Си-Екс, Џон Малкович, Салма Хајек и Винсент Касел.

Пред Емили, тој беше во врска со Дуа Липа.

Ова не е прв пат Ромен Гаврас да биде во центарот на вниманието поради неговата врска со позната убавица. Неговата романса со Дуа Липа привлече големо внимание од јавноста во 2023 година.

Првите гласини за нивната врска се појавија на почетокот на таа година, а наскоро беше објавено дека се забавувале неколку месеци. Двојката подоцна ја потврди својата врска појавувајќи се на црвениот тепих за време на Канскиот филмски фестивал во мај 2023 година.

Нивната романса започна по раскинувањето на Дуа со Анвар Хадид, братот на познатите модели Бела и Џиџи Хадид.

Сепак, врската со Гаврас не траеше долго. Дуа Липа подоцна продолжи понатаму, а сега е во брак со Калум Тарнер.

Пред Дуа, тој беше поврзан со Рита Ора

Пред неговата врска со Дуа Липа, Роман Гаврас беше поврзан и со пејачката Рита Ора. Двајцата беа видени заедно на одмор на Балеарските Острови во летото 2020 година, што дополнително ги разгоре гласините за нивната романса.

Нивната врска заврши на почетокот на 2021 година. Потоа Рита Ора започна врска со новозеландскиот режисер Таика Ваитити, за кого подоцна се омажи. Сега, името на Роман Гаврас е повторно во центарот на вниманието, овој пат поради Емили Ратајковски. Нивните бакнежи и интимни моменти во Рим покренаа многу прашања за новата романса, но исто така ја потсетија јавноста дека режисерот веќе имал врски со некои од најпознатите жени на светската сцена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер