2ЦУК: До 13 часот регистрирани 10 пожари, од нив пет се активни, два се под контрола, а три изгаснати
1Клековски: Ги мобилизираме сите надлежни институции за координиран одговор на западнонилската треска
БалканСедница на српскиот Парламент за избор на нова владаПретседателката на Народното собрание на Србија, Ана Брнабиќ, за денеска со почеток во 10 часот ја свика седницата на Собранието за избор на нова Влада.Претседателката на Народното собрание на Србија, Ана Брнабиќ, за денеска со почеток во 10 часот ја свика седницата на Собранието за избор на нова Влада, јави дописникот на МИА од Белград. Кандидатот за премиер Ѓуро Мацут вчера до Собранието достави предлог за состав на Влада на Србија. Деловникот на Собранието предвидува мандатарот да го образложи предлогот и да го презентира планот и програмата на новата Влада. Кога претставникот ќе поднесе експозе и ќе го предложи составот на новата Влада пред пратениците, се отвора расправа. По расправата, претседателот на Собранието закажува гласање за програмата на Владата и избор на претседател и членови на Владата. За предлогот на мандатарот Собранието се одлучува со тајно гласање, освен ако не се одлучи јавно да се гласа и во тој случај се гласа по прозивка. Владата се избира доколку за нејзин избор гласало мнозинството од вкупниот број пратеници, односно најмалку 126 пратеници. По изборот на владата, претседателот и членовите на Владата полагаат заклетва пред пратениците, со што почнува мандатот на новата влада. Кандидатот за премиер на Србија, Ѓуро Мацут вчера до Собранието на Србија достави предлог за состав на Влада. За прв вицепремиер и министер за финансии е предложен Синиша Мали, за вицепремиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ, а за вицепремиер и министер за економија Адријана Месаровиќ. Братислав Гашиќ беше предложен за министер за одбрана, Марко Ѓуриќ за министер за надворешни работи, а Немања Старовиќ за министер за евроинтеграции. Српското Собрание на седница на 19 март ја констатираше оставката на премиерот Милош Вучевиќ, поднесена од него во крајот на јануари. Вучевиќ поднесе неотповиклива оставка на 28 јануари, по напад врз студенти во блокада во Нови Сад. Доколку до 18 април на полноќ не се избере нова Влада, претседателот на Републиката е должен да го распушти Собранието и да распише избори, кои, според законот, би се одржале на почетокот на јуни.Тагови: србија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаРазрешениот министер Љутков стана национален координатор за култураЕкс-министерто за култура Зоран Љутков нема да се врати во Драмскиот театар, туку ќе продолжи да биде дел од владиот кабинет, потврдуваат од владата.Неговата нова позиција е национален координатор за култура. -Неговото докажано искуство, пред се како докажан актер е предност и додадена вредност во владиниот кабинет – велат од владата за Канал 5. Љутков беше минстер од формирањето на владата во 2024 година, а функцијата ја напушти во рамки на реконструкцијата на владиниот состав кога на негово место беше избран дотогашниот заменик-министер Седат Сулејмани.Тагови: Зоран Љутков Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЦУК: До 13 часот регистрирани 10 пожари, од нив пет се активни, два се под контрола, а три изгаснатиПет пожари се активни до 13 часот, два се ставени под контрола, а три се изгаснати, информираше ЦУК. Активни пожари има во општина Студеничани кај селата Моране, Вртекица и Рамни Габер каде гори мешана шума, во општина Македонски Брод кај селата Драгов Дол и Локвица, опожарена е ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки. Во општините Велес кај село С’лп и селата Добрино и Тисовица во општина Зелениково, каде гори ниска вегетација, дабова и габерова шума и квалитетна дабова шума. Мешана шума гори на просторот меѓу општините Јегуновце, Желино и Сарај, а во општина Штип во населба Балканска каде гори ниска вегетација. Тагови: ЦУК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПродолжи судењето за „Пулс: Објектот имал прегради и врати кои ја попречиле евакуацијатаСо изведување на градежното вештачење и распит на вештите лица кои го изработиле, денеска во судницата во затворот „Идризово“ продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“.Во судницата наодите поврзани со урбанистичките и градежните аспекти на објектот ги презентираа вештите лица Душица Трпчевска Ангелковиќ и Маријана Лазаревска. Во вештачењето е констатирано дека во објектот биле поставени прегради од гипс-картон и врати кои претставувале пречка за безбедна евакуација. Лазаревска покажа фотографии од изведбата на челични греди и столбови во приземјето на објектот, направени во 2012 година во рамки на пренамената од магацин за теписи и теписони во угостителски објект. Лазаревска претходно посочи дека на објектот биле изведени надворешни скали и настрешница, како и преградни ѕидови од гипс-картон со кои бил оформен влез со двокрилна двонасочна врата. Според неа, ваквото решение било недозволено од безбедносен аспект, особено при евакуација. Со изведувањето на градежното вештачење, кое го изработил тим од градежниот факултет при УКИМ, се очекува да заврши доказната постапка предложена од обвинителството.Тагови: Пулс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжи судењето за „Пулс: Објектот имал прегради и врати кои ја попречиле евакуацијата14:28Денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека09:07Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29За излез од Македонија на ГП Богородица час на Табановце 30 минути09:05
Денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека09:07
Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00
ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29