Седница на Совет на општина Центар, главни теми сообраќајот, паркирањето и градењето

Сообраќајниот и урбаниот хаос, проблемот со паркирањето, преголемата висина на објектите се едни од проблемите во општина Центар за чие решавање одговор бараа советниците и претседателот на Советот, Јана Белчева-Андреевска.

Надлежните служби од Oпштината, како што информираат денеска оттаму, предлагаат измени во Законот со кои општината ќе може да прави технички прием и инспекција во текот на целото градење. Со измените се бара и можност доколку е тоа во јавен интерес, да може да се намали габаритот на градбите со носење на нови ДУП-ови.

На прашањето од советниците за забрана на сообраќај на одредени улици, градоначалникот Саша Богдановиќ појасни дека мора да се направи сообраќаен проект кој ќе биде прифатен од надлежните.
- Ќе работиме на решенија да се намали или избегне сообраќајот секаде каде е тоа можно. Општина Центар во 2012 година донесе 20 урбанистички планови, потоа беше донесен и Генералниот Урбанистички План (ГУП) и од тогаш се јавуваат главните проблеми во Центар. Со двата мораториуми кои ги изгласа Советот, ќе се добие јасна слика што и како е градено за да не се повторуваат истите грешки во новите Детални Урбанистички Планови, рекол Богдановиќ.

Проблемот со владеење на неизграденото градежно земјиште со кој се соочуваше претходниот состав на Советот поради опструкциите од тогашната централна власт, ќе биде надминат. Богдановиќ рече дека овој процес брзо ќе заврши бидејќи веќе е почнато трансформирањето на градежното земјиште.

Работите на основното училиште во Капиштец се одвиваат со предвиденото темпо. Комплетно, училиштето ќе биде готово во мај, 2019-та година.
До крајот на овој месец ќе бидат подготвени новите простории за децата со посебни потреби, за кои се предвидени многу подобри услови во новото училиште.

Во врска со бездомниците и „Урбан парк“, Богдановиќ рече дека имало неколку обиди да се најдат живеалишта за овие бездомници, но тие одбиваат.
- Не сакавме во зима да пристапиме кон отстранување на овие монтажни, картонски живеалишта, но наскоро ќе почнеме, бидејќи имаме многу поплаки од жителите. Се разбира, во соработка со другите институции ќе им најдеме живеалиште на овие лица, истакнал Богдановиќ. За три месеци ќе биде обновена урбаната опрема и зеленилото во „Урбан парк“.

Општина Центар започна акција со која на сопствениците на тераси и урбана опрема им се бараат елаборати и дозволи. Доколку ова не се добие во одреден рок, ќе се пристапи кон нивно отстранување.

Претседателот на ПСЖ на прашањето за Енрике: Чекај, дали сте сериозни?

ПСЖ повторно не успеа да ја освои Лигата на шампионите.

Поточно да игра во мечот за европската титула. Неверојатно несреќно беше елиминиран во полуфиналето од Борусија Дортмунд со вкупен резултат 0:2. За возврат шутираше 31 пат кон голот, во полуфиналните мечеви рекордно 6 пати ја погоди стативата и гредата, но не можеше да постигне гол. Затоа оваа сезона останува само со титулата во Франција, која долго време се сметаше за рутина за ПСЖ.

Сезонава домашното првенство го освои со новиот тренер Луис Енрике. Со неговото доаѓање се промени и филозофијата на клубот. ПСЖ повеќе не ги купува најскапите суперѕвезди, туку се фокусира на собирање супер таленти. Така на реваншот со Борусија имаше тим со просечна старост од 24 години и 157 дена. Тоа е најмладиот тим во полуфиналето на Лигата на шампионите во последните 10 години.

Поради сето горенаведено, претседателот на клубот Насер ал Хелаифи полуде на прашањето на новинарите по испаѓањето од Борусија каква е иднината на Енрике во клубот. „Чекај, сериозно ме праша ли за тоа? Навистина, дали знаеш нешто за фудбалот и дали воопшто го разбираш? Градиме долгорочен проект со најмладиот тим во Европа. Ни претстои светла иднина. "

ДИК: До 17 часот на претседателските избори гласале 42.32%, на парламентарните 46,93%

Најголема излезност на претседателските избори има во Новаци 66.47%, а најмала во Липково со6,48%.

Најголема излезност на парламентарните избори има во Кривогаштани 79,73%, најмала во Маврово Ростуше е најмала со 22,32% , објави претседателот на ДИК, Александар Даштевски.

Пропалестински протести пред Универзитетот во Амстердам, студентите прават барикади (ВИДЕО)

Пропалестинските демонстранти денеска подигнаа барикади пред Универзитетот во Амстердам за да го блокираат влезот во зградата на факултетот, до кој се пристапува од централниот дел на градот и насоката на каналот.

Пропалестинските демонстранти денеска подигнаа барикади пред Универзитетот во Амстердам за да го блокираат влезот во зградата на факултетот, до кој се пристапува од централниот дел на градот и насоката на каналот, и рекоа дека ќе останат таму додека институциите не ги пресечат сите врски со Израел.

Интервентната полиција вчера употреби булдожер за да ги сруши барикадите на друг универзитет во Амстердам и приведе 169 лица, но беше речено дека универзитетот се уште не побарал слична интервенција денеска.

На овој начин студентите во главниот холандски град се приклучуваат на бранот протести и студентски акции на нивните колеги на универзитетите низ Европа, кои се насочени против израелската војна во Газа. Нивните акции уследија по поголемите немири што ги започнаа американските студенти на тамошните универзитети.

Демонстрантите сметаат дека израелските институции со кои соработува универзитетот профитираат од репресијата врз Палестинците.

Универзитетот во Амстердам во понеделникот објави дека програмите за размена со три израелски универзитети се суспендирани поради безбедносни причини. Покрај размената на студенти, универзитетот редовно соработува со израелски научници или компании на осум различни европски истражувачки проекти. Во соопштението се вели дека ниту една од овие соработки не поддржува воени цели.

Полицијата вчера ги растера протестите организирани на швајцарскиот универзитет во Цирих и пред зградата на берлинскиот Freie Universitaet.

Минатата недела полицијата спроведе слична акција на Сорбона во Париз, а во среда Универзитетот во Брисел најави дека ќе ги пријави во полиција сите студенти кои учествуваа во насилниот протест, како и во нападот на претседателот на Еврејскиот студентски сојуз.

Ирскиот колеџ Тринити Даблин (ТЦД) неделава објави дека ќе се повлече од инвестициите на израелските компании поврзани со Обединетите нации со населбите во окупираните палестински територии по студентскиот протест организиран поради војната во Газа.

притисни ентер