МакедонијаСедница на Постојаната анкетна комисија за претставката од Здружението на родителите на загинатите од КочаниСо едноминутно молчење, присутните изразија сочувство до семејствата на настраданите во пожарот.Во Собранието денеска се одржува седница на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, на чиј дневен ред е претставката поднесена од Здружение на граѓани „16 март 2025 Кочани“, во јавноста познато како Здружение на родителите на загинатите деца во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Со едноминутно молчење, присутните изразија сочувство до семејствата на настраданите во пожарот. На седницата присуствуваат претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, претседателот на Собранието Африм Гаши, премиерот Христијан Мицкоски, потпретседателите на Собранието, родителите и блиските роднини на загинатите деца во трагедијата во Кочани, координаторите на пратеничките групи во Собранието, народниот правобранител, претставници на Хелсиншкиот комитет за човекови права, Коалицијата Сите за правично судење, Македонското здружение на млади правници, Супорт Кочани и Граѓанската иницијатива „Кој е следен?“. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски не присуствува поради службен пат. Претседателот на Постојаната анкетна комисија за заштита на човековите слободи и права и пратеник на Левица, Димитар Апасиев на почетокот на седницата информира дека покрај другите надлежности, Комисијата има ингеренции да разгледува дописи на граѓани и да заземе ставови по нив. Соопшти дека во поблиската парламентарна историја досега во различни мандатни состави, Постојаната анкетна комисија согласно нејзините уставни надлежности заседавала по поднесени претставки од граѓани или здруженија и тоа шест претставки во периодот 2002-2003 година, две претставки во 2004 и 2005 година, две претставки во 2006 година, по една претставка во 2007, 2008, 2009 и 2010 година и две претставки во 2019 година. Укажа дека Комисијата не може да врши истражни или други судски функции, но нејзините наоди се основа за поведување постапка за утврдување одговорност носителите на јавните функции. Марија Петрушова, претставник на Здружението на граѓани „16 март 2025 Кочани“ нагласи дека нивното барање е овој случај да се разгледа како сериозна повреда на човековите права, со посебен акцент на правото на живот. -Ние сме овде не само за да жалиме за нашите деца, туку и за да бараме правда за нив. Не можеме да останеме безгрижни, како што тоа го прават оние кои беа задолжени да го чуваат нашиот живот. Поради нивната немарност, корупција и неспособност да го исполнат своето основно назначување, нашите деца се мртви, а многу други остануваат изложени на истиот опасен систем. Оваа трагедија не е само поради една погрешно запалена искра, туку последица на системски пропусти кои го загрозуваат најосновното право – правото на живот, безбедност и праведност. Она што го доживеавме не е само институционална неефикасност – тоа е системска опасност за сите граѓани. Нашите барања се: итна и целосна институционална поддршка за сите семејства на починатите во пожарот во Пулс – Кочани, јасен и официјален одговор за причините за продолженото доцнење и целосната неактивност на институциите, утврдување конкретни рокови за завршување на сите постапки поврзани со поддршката, разгледување на сите преостанати точки од веќе поднесеното барање. Владата има законска, морална и човечка обврска да постапи јасно, праведно и одговорно. Да покаже грижа, солидарност и чувствителност кон семејствата кои претрпеа ненадоместлива загуба. Нашите деца го заслужуваат тоа. Нашата болка го заслужува тоа, рече Петрушова. Потенцира дека наместо брза и темелна истрага, како што рече, ги дочекале одложувања, политички калкулации и селективно гонење. -Наместо сите одговорни да бидат во притвор, ние – во нашата најголема болка – сме принудени да бараме и молиме државата да ги гони виновниците. Ветувањата дека „никој нема да биде поштеден“ останаа само празни зборови. Денес гледаме дека се процесираат само оние „најдолу“, додека носителите на функции – еднакво одговорни – кои од првиот момент требаше да бидат зад решетки, продолжуваат безгрижно да се движат низ градот, додека нашите деца лежат под земја. И уште една забелешка – увидовме дека во истрагата се вклучени бившите министри за економија, државната секретарка во Министерството за економија и директорот на Државниот пазарен инспекторат, несфатливо ни е поради кои причини во истрагата не се вклучени и актуелните функционери на истите позиции, како и бившите и сегашните функционери од сите надлежни институции за издавање на дозволи, согласности, одобренија и надзор за дискотеката „Пулс“. Затоа, сметаме дека е неопходно да го разгледате нашиот случај и да утврдите дека : државата драматично потфрли пред корупцијата и криминалот, а чувството на безбедност е изгубено за секој обичен граѓанин – додека „големите“ остануваат над законот, рече Петрушова. Таа нагласи дека потребно е да се преземат мерки кои ќе ги спречат идните жртви – да се обезбедат механизми за превенција, да се санкционираат виновниците, и да се гарантира дека правото на живот и безбедност ќе биде приоритет за сите граѓани. Обвини дека во случајот со трагедијата во Кочани, не беше воспоставена ниту една иницијатива од страна на власта која би обезбедила институционална, финансиска или психосоцијална поддршка за семејствата - Овој факт остава впечаток дека трагедијата во Кочани може да биде ставена во втор план и дека загубените животи не биле вреднувани со истата сериозност и внимателност како во други трагедии, рече Петрушова. Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска обраќајќи им се на родителите порача дека и пратениците, како и родителите сакаат да ја дознаат вистината за трагедијата и бараат одговорност за истата. -Барањето правда за вас е движечка сила која ве скорива од постела и која ве држи да опстоите и да барате чаре за оваа зло. Нашите срца се цело време со вас. Од таа причина сме и сите ние тука денес – за да ви кажеме дека нема да дозволиме да бидете ниту злоупотребени, ниту изманипулирани. Сакам да ве предупредам не само како мајка и сестра, туку и како пратеник и професор по право дека за она за кое што сме собрани денес тука нема да биде постигната посакуваната цел. Треба да знаете дека форматот на оваа Комисија и се што ќе биде кажано тука, нема да има никаков правен основ за поведување одговорност. Но, истата единствено може да послужи за изземање од одговорност на оние кои имаат учество во оваа ужасна трагедија, рече Василевска. Таа го прочита писмото од јавниот обвинител Љупчо Коцевски упатено до Собранието, во кое се нагласува дека за трагедијата во Кочани во тек се три одделни постапки – едната е во фаза на судење во Основниот кривичен суд Скопје, додека две се во фаза на истрага од кои една во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и уште една во Основното јавно обвинителство во Кочани. - Не би можел однапред да претпоставам како членовите и сведоците повикани пред Анкетната комисија планираат да ја излагаат својата аргументација пред Комисијата, меѓутоа доколку притоа бидат изнесувани докази и документи кои се поврзани со кривичните постапки кои се водат, постои опасност тие да се компромитираат. Лично сметам дека во овој момент не е целисходно да се водат две паралелни постапки, и пред Анкетната комисија да се расправа за докази или да се даваат искази кои треба да бидат дел од кривична постапка, вели Коцевски во писмото што го прочита Василевска. Таа побара пауза од еден час и изземање на Апасиев од претседавање со Анкетната комисија, бидејќи, како што рече, има предефинирано и јавно изразено правно мислење за суштинските елементи на предметната судска постапка и оти го прави неспособен да гарантира непристрасност и објективност. Ги повика родителите на загинатите да одат во нејзината канцеларија да им ги покаже изјавите искажани од Апасиев за трагедијата во Кочани. Апасиев во реплика кон Василевска, истакна дека не го прифаќа нејзиното барање за изземање и оти ќе продолжи да ја води Комисијата. Тој не го прифати барањето за пауза од Василевска бидејќи, како што рече, таа не е координатор или заменик-координатор на пратеничка група. Потоа, во процедурално обраќање пауза побара пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска. Таа напомена и низа процедурални прекршоци на Деловникот околу водењето и свикувањето на седницата на Постојаната анкетна комисија. Минатата недела, на предлог на пратениците од парламентарното мнозинство - ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ во Собранието беше донесена одлука да се основа Анкетна комисија за утврдување на околностите во постапувањето на институциите за трагедиите и несреќите во Република Македонија која ќе се фокусира на трагедиите во Кочани, во Модуларната болница, Дурмо турс и Ласкарци. На 19 ноември годинава, во судницата во КПУ Идризово започна судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, што се случи на 16 март годинава, загинаа 63 лица, меѓу кои и деца, а над 200 беа повредени. Судењето го води судијката Диана Груевска Илиевска и се одвива под засилени безбедносни мерки, со присуство на обвинетите, роднини на жртвите, обвинителството, одбраната и бројни новинари. На обвинителна клупа се 37 лица – сопственици, управители, инспектори, поранешни градоначалници, обезбедувачи и државни службеници. Тагови: Пожарот во Кочани Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
ТехнологијаКолекционерско издание на „GTA 6“: За 400 долари добивате сè освен самата играАко се суди според огромната возбуда околу „Grand Theft Auto VI“, брзо се приближуваме кон еден од најголемите настани во светот на видеоигрите во последните неколку години.Новата „GTA“ ветува враќање на сè што ги направи автомобилите клучен дел од серијалот – од брзи потери и трки до уште подетални опции за прилагодување на возилата. Сето ова доаѓа со препознатливата мешавина од криминал, хаос и судири со законот, по кои станаа познати „Rockstar Games“. Сепак, иако очекувањата се огромни, најновата одлука на „Rockstar“ може да разочара дел од фановите. Компанијата претстави колекционерско издание насловено „The Goodtime State - Vice City Collection“, со висока цена од 399,99 долари. Проблемот е што во пакетот недостасува најважниот елемент: самата игра. Што добивате? „Rockstar“ ја претставува колекцијата како луксузен пакет со предмети за колекционери, инспириран од светот на „Vice City“. Таа содржи разновидни предмети, вклучувајќи очила за сонце „Oakley“, налепници, значки и мапа на Леонида – измислениот регион во кој се одвива дејството на „GTA VI“. Купувачите добиваат и бејзбол капа, фигура на маскотата на „Vice City“, чашка за жесток пијалак, торба за носење преку тело, приврзок за клучеви, стапче за мешање коктели и магнетно огледало. Иако колекцијата е очигледно наменета за сериозни колекционери, во кутијата нема да го најдете најважниот предмет: „GTA VI“. За самата игра, ќе треба да издвоите дополнителни 79,99 долари за стандардното издание или 99 долари за „Ultimate“ верзијата. Тоа значи дека купувачот што го сака целиот пакет ќе мора да плати речиси 480 или 500 долари, во зависност од изданието на играта. „GTA VI“ без физички диск Колекционерскиот сет пристигнува во време кога „Rockstar“ веќе предизвика реакции со одлуката „GTA VI“ да биде првиот голем AAA наслов на компанијата без традиционално издание на физички диск. Играта ќе биде достапна дигитално преку продавниците на „PlayStation“ и „Xbox“, додека физичките примероци во продавниците ќе содржат само код за преземање. Оваа одлука предизвика негативни реакции во дел од гејмерската заедница. Извршниот директор на „Take-Two Interactive“, Штраус Зелник, го бранеше овој пристап, тврдејќи дека физичките дискови веќе немаат голема смисла за потрошувачите. Ситуацијата е особено интересна за колекционерите. Тие сега можат да потрошат речиси 400 долари за кутија полна со предмети поврзани со играта, а сепак да не ја добијат самата игра во таа кутија. „Rockstar“ има направено нешто слично и претходно Сепак, ова не е првпат „Rockstar“ да продава колекционерска кутија без самата игра. Компанијата направи сличен потег во 2018 година со „Red Dead Redemption 2“, изданието „Collector's Box“ објавено тогаш, исто така, не содржеше примерок од играта. Разликата, сепак, беше во цената. Таа колекционерска кутија чинеше 99 долари – помалку од една четвртина од цената на новата „Vice City Collection“. Денес, оригиналните колекционерски кутии за „Red Dead Redemption 2“ можат да се најдат на „eBay“ по цени што надминуваат 700 долари, што покажува дека вредноста на ваквите производи може да порасне кај колекционерите со текот на времето. Сепак, останува фактот дека фановите на „GTA VI“, кои ги сакаат и колекционерските предмети и самата игра, ќе мора да ги купат одделно. Со цена од речиси 400 долари само за колекционерските предмети, „Rockstar“ очигледно цели кон најпосветените фанови на серијалот и кон колекционерите кои се подготвени да платат висока цена за предмети поврзани со еден од најочекуваните наслови во историјата на видеоигрите. Извор: Б92Тагови: GTA 6 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Живот„Многу те сакам“: Лука Модриќ им ги разнежни срцата на фановите со нова објаваЛука Модриќ преку социјалните мрежи ѝ го честиташе деветтиот роденден на својата најмлада ќерка, Софија.По тој повод, хрватскиот фудбалер сподели неколку фотографии на кои се заедно, придружени со кратка и емотивна порака. На една од фотографиите, таткото и ќерката се насмеани додека позираат заедно, додека другите прикажуваат опуштени моменти од семејниот живот. На пример, на една фотографија се гледа како Софија седи на рамениците на татко ѝ, а на друга Модриќ ѝ помага да си ја исуши косата. „Среќен роденден на мојата прекрасна и многу посебна мала принцеза! Многу те сакам!“, напиша Модриќ. Најмладото од трите деца Софија е најмладото дете на Лука и неговата сопруга, Вања Модриќ. Покрај неа, тие имаат син, Иван, и ќерка, Ема. Лука и Вања стапија во брак во 2010 година, а една година подоцна ја прославија и црковната венчавка во Загреб. Модриќ честопати преку социјалните мрежи ги одбележува важните моменти од животот на своите деца, особено нивните родендени. Неговото семејство често го придружува на фудбалски настани. Сопругата и децата честопати го бодреле од трибините за време на клучни натпревари и му се придружувале во прославите по големите победи. Извор: Индекс.хрТагови: Лука Модриќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
СветНов потег на Путин: Русите вежбаат со Кинезите, пристигна нуклеарно предупредувањеРускиот претседател Владимир Путин вчера присуствуваше на воена вежба на планините Урал, во која учествуваа војници од Кина и од неколку други земји.Путин го посети воениот полигон во регионот Чељабинск за да ја следи завршната фаза од вежбата „Центар-2026“. Вежбата се одржа во склоп на вежбата „Интеракција-2026“, спроведена од членките на Организацијата на Договорот за колективна безбедност – безбедносен сојуз предводен од Москва, составен од неколку поранешни советски републики. Путин изјави дека 47.000 војници учествуваат во вежбата „Центар-2026“, вежбајќи одбивање напади на 11 полигони и во Каспиското Море. Вежбата започна во понеделникот, а завршува денес. Путин предупреди дека нема да се двоуми да употреби нуклеарно оружје за одбрана на Калининград. „Околу 6.000 војници од Русија и од други земји учествуваа во завршната фаза на полигонот Чебаркул“, рече Путин. Тој додаде дека делегации од 55 земји учествувале како набљудувачи. Според извештаите на руските медиуми, во вежбата учествуваат воени единици од Белорусија, Киргистан и Таџикистан, заедно со војници од Кина, Монголија и Пакистан. За време на посетата, Путин изврши увид во различни видови вооружување, вклучително и новите беспилотни летала „Геран“ на млазен погон, кои руската војска ги користи во нападите врз Украина. Посетата на Путин уследи еден ден откако Русија го предупреди НАТО дека нема да се двоуми да употреби нуклеарно оружје за одбрана на Калининград, доколку некоја членка на воениот сојуз се обиде да ја отсече таа руска ексклава на западот на земјата од остатокот на Русија. Извор: Б92Тагови: Владимир Путин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16