3Унгарија и Украина постигнаа договор за правата на унгарското малцинство, се отвора патот на Киев за влез во ЕУ
МакедонијаСедница на Националниот совет за евроинтеграции, амбасадорот на Кипар ги претстави приоритетитеКипар за време на претседавањето со Унијата ќе се залага за продолжување на дијалогот со Македонија и европерспективата на Западен Балкан, порача кипарскиот амбасадор Андреас Фотиу.Кипар за време на претседавањето со Унијата ќе се залага за продолжување на дијалогот со Македонија и европерспективата на Западен Балкан, порача кипарскиот амбасадор Андреас Фотиу презентирајќи ја програмата и приоритетите за шестмесечното претседавање со Унијата пред Националниот совет за евроинтеграции. Според него ЕУ треба да обезбеди кредибилна и предвидлива политика на проширување заснована на заслуги, без притоа да го спомене условот за уставни измени. Како клучен предуслов за пристапувањето на земјите од регионот кон Унијата го наведе почитувањето на основните човекови права, демокатијата и владеењето на правото. „Западниот Балкан останува регион од стратешко значење за ЕУ, вклученоста на македонија ќе продолжи во рамките на една кредибилна, предвидлива и политика на проширување базирана на заслуги. Ќе гледаме кон продолжување на дијалогот и соработката со Македонија“ Уставните измени не ги спомена ниту новиот вицепремеир за вероинтеграции Беким Сали, но порача дека сега било момент за политичка зрелост и дека земјава била подготвена за исполнување на преземените обврски и реформите кои ги бара Унијата. „За нас проширувањето на ЕУ е нераскинлив дел од таа визија, Европа не може да биде целосна ако Западен Балкан остане на нејзините маргини, Македонија е подготвена да ја затвори таа европска политичка празнина и да стане дел од тие договори. Затоа денеска упатуваме јасна порака –Македонија е подготвена за исполчнување на преземените обрски и реформите и ова е момент на политичка зрелост и за Македонија и на ЕУ, момент што ниту ние ниту ЕУ не смееме да го пропуштиме“ Претседавачот со Националниот совет за евроинтеграции и лидер на опозициската СДСМ Филипче со низа ктритики кон Влдата дека не ја спроведува реформската агенда и нема воља за спроведување на уставните измени. Според него власта практикува антиевропски манири и намерно го кочи европскиот пат на земјава. „ Ништо од домашната работа не е завршено, не сме го зајакнале системот и не моќеме да бидеме спремни ниту за накаква политичка одлкуа доколку дојде до такво нешто во рамкте на ЕУ.Немањето политичка волја за спроведување на уставните измени, кои, како што нагласи, се единствениот начин за продолжување на преговорите и отворање на кластерите. Тој оцени дека најавите на Владата за репреговарање или промена на условите не се реализирале и дека станува збор за намерно запирање на европскиот пат на државата На седницата се обрати и академик Владо Камбовски, кој низ годините раковедеше со повеќе работни групи за реформските закони од правосудството.. Според него, за забрузување на пристапниот процес кон ЕУ потребн е поширок политички и општестевен дијалог. Тагови: Венко Филипче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКривичниот суд одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и други три лицаКривичниот суд одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и други три лица осомничени за случајот со злоупотреби околу тендер за чистење на граничните премини и терминалите, во периодот од јули 2023 до март 2024 година.Oсомничените преку фаворизирање на одреден економски оператор и ограничување на конкуренцијата му овозможиле на правниот субјект да се стекне со противправна имотна корист во износ од над 18 милиони денари од обвинителството велат и дека во рамките на истрагата се обезбедени докази и за примање и давање награда за противзаконито влијание и дека првоосомничениот примил награда во износ од 111.600 денари за искористување на својата службена положба. По распитот обвинителката соопшти дека барањето за притвор е заради опасност од бегство и влијание врз сведоци...Тагови: Кривичен суд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканВучиќ: „Не ме исплашија ниту ме фасцинираат заканите“Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, изјави дека не се плаши од закани и дека е целосно посветен на напредокот на земјата и подобар живот за нејзините граѓани. „Скинете му ја главата на Вучиќ - ниту се плашам ниту ме фасцинираат заканите. Единственото нешто што ме интересира е како нашите луѓе живеат подобро и како Србија може да биде уште поуспешна“, рече Вучиќ. View this post on Instagram A post shared by Александар Вучић (@avucic) Вака реагира претседателот на Србија, Вучиќ на предупрадувањето да не патуват на самитот во Тиван во Црна Гора од српската безбедносна агенција БИА. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКривичниот суд одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и други три лица10:2730 дена притвор за четворицата обвинети за тендерот во Царина, меѓу кои Стефан Богоев22:53Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22Екс директорот на Царина, Стефан Богоев во Кривичен суд поради злоупотреби на јавни набавки 18:20Побаран притвор за четворицата приведени за злоупoтреба на тендери во Царина15:00
Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22
ЕвропаУнгарија и Украина постигнаа договор за правата на унгарското малцинство, се отвора патот на Киев за влез во ЕУУнгарскиот премиер Петер Маѓар изјави дека Унгарија и Украина постигнале договор за правата на унгарското малцинство во Украина, што би можело да овозможи отворање на првиот кластер.Унгарскиот премиер Петер Маѓар изјави дека Унгарија и Украина постигнале договор за правата на унгарското малцинство во Украина, што би можело да овозможи отворање на првиот кластер, односно група преговарачки поглавја за пристапување на Украина во Европската унија. Договорот претставува потенцијален пробив во долготрајниот спор околу правата на малцинствата, кој ги затегна односите меѓу Будимпешта и Киев и ја комплицира поддршката за пристапувањето на Украина во ЕУ. „Постигнавме напредок во разговорите со Украина за јазичните, културните и образовните права на етничкото унгарско малцинство“, напиша Маѓар на фејсбук. Во вторникот тој рече дека е подготвен да се сретне со украинскиот претседател Зеленски следната недела за да отвори ново поглавје во односите, доколку се постигне договор за правата на малцинствата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook