Седница на Економско-социјалниот совет - Канал 5

Седница на Економско-социјалниот совет

Во Владата денеска (11:00) ќе заседава Економско социјалниот совет, во присуство на премиерот Христијан Мицкоски. 

Седница на Економско-социјалниот совет

На седница се очекува да стане збор за минималната плата, пресметката на потрошувачката кошничка, почитувањето и потребата од унапредување на колективните договори во јавниот и приватниот сектор, исплатата на додатоците од плата и останатата регулатива од областа.

За износот на минималната плата претставници на Владата во неколку наврати порачаа дека ќе се согласат со решение што ќе го договорат синдикатите и работодавачите, додека бизнис секторот се надева дека ќе има олеснувања во делот на придонесите за сметка на зголемувањето на минималната плата.

Како што изјави минатата недела заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески, Владата ќе го почитува секое решение донесено со конзензус меѓу работодавачите и синдикатите, а се додека нема договор ќе важи Законот за минимална плата односно зголемувањето ќе биде според добро познатата формула.

Од Бизнис конфедерацијата велат дека секогаш постои можност и оти секогаш е потребно платата да се зголемува, но дека тоа треба да го прават оние кои реално го можат. Се надеваат дека ќе биде прифатен нивниот предлог - да има зголемување на платата, но придонесите да останат на истото ниво како досега.

Зголемување на минималната плата бараат од Сојузот на синдикати на Македонија, а како аргументи ги посочуваат зголемените трошоци на живот. Во анкета спроведена од страна на ССМ во ноември најголем дел од испитаниците се изјасниле дека минималната плата треба да биде 600 евра.

Од Конфедерацијата на слободни синдикати, пак, очекуваат на ЕСС да се разговара и за прашањата поврзани со додатоците на плата во јавниот сектор, кои велат, со години останаа на исто ниво.

Според најавата од заменик-министерот Ристевски, на денешната седница на Економско-социјалниот совет ќе стане збор и за пресметката на просечната потрошувачка кошница што планира да ја прави Владата од 1 јануари, покрај таа што ја пресметува ССМ.

- Од 1 јануари ќе се пресметува покрај синдикална минимална кошничка, ќе имаме и просечна потрошувачка кошничка на ниво на Република Македонија, која нас ќе ни користи како економија и Влада за понатамошни стратегии во економските политики и секако за зачувување на животниот стандард, изјави Ристески.

Вредноста на синдикалната минимална кошница што ја пресметува ССМ за декември годинава изнесува 65.492 денари и е за 319 денари зголемена во однос на минималната кошница за минатиот месец кога изнесуваше 65.173.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

На 03.10.2026 во 19:15 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Тетово извршија претрес во дом и помошните простории кај С.С. (26) во с. Мала Речица, тетовско.

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

При претресот бил пронајден и одземен кокаин, по што лицето е лишено од слобода. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кобила за ождребила на булеварот „Илинденска“

Несекојдневна глетка и случка утрово ги изненади жителите на скопски Карпош. На Илинденска се родило ждребе.

Кобила за ождребила на булеварот „Илинденска“

Активистка која била таму изјавила дека ждребето било во лоша состојба. Во објава на ФБ скопјанката Билјана навела дека успела да го префрли ждребето на тревникот, бидејќи никој не дошол да помогне.

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во врска со ождребената кобила на улицата Илинденска во Скопје, истакна дека иако тоа не е нивна обврска веднаш реагирале екипите на ЗОО - Скопје и стручните лица, а кобилата и ждребето се преземени и сместени на безбедно, во карантин, каде што ќе ја добијат потребната нега и стручен третман.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Новата порака од Москва за крајот на војната: Ова се три работи што Украина мора да ги прифати

Медведев потсети дека основните параметри, ги формулирал рускиот претседател Владимир Путин.

Новата порака од Москва за крајот на војната: Ова се три работи што Украина мора да ги прифати

Трајно решение за кризата во Украина е можно само ако Киев прифати неутрален статус, се откаже од нуклеарно оружје, ја промени својата политика и признае нови региони во рамките на Русија, изјави Дмитриј Медведев, заменик-претседател на Рускиот совет за безбедност.

Во интервју за иранската државна радио-телевизиска компанија, Медведев потсети дека основните параметри, кои беа претходно наведени, ги формулирал рускиот претседател Владимир Путин.

Првиот од нив е враќањето на Украина кон принципите на неутралност и ненуклеарен статус, во согласност со декларацијата за суверенитет и правните акти од 1990-тите.

Второто барање на Медведев беше украинските власти да го напуштат својот радикален политички курс и да ја укинат дискриминаторската забрана за рускиот јазик и култура.

Третата точка, како што изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност, е воспоставување руска јурисдикција над Донбас и другите нови територијални субјекти што се вклучени во рускиот Устав, објави порталот Вести.ру.

Тој објасни дека спроведувањето на овие задачи може да се формализира преку дипломатски канали. Медведев претходно изјави дека „на русофобните гнасотии треба да се одговори исклучиво со јазикот на военото одвраќање“, потсети порталот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер