Седница на ДКСК, ќе постапува по изборни предмети - Канал 5

Седница на ДКСК, ќе постапува по изборни предмети

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска ќе ја одржи 24-та седница.

Седница на ДКСК, ќе постапува по изборни предмети

На дневен ред на седницата, како што соопштуваат од ДКСК, се Усвојувањето на Проценката на ризици од корупција за потребите на изработка на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2026–2030 и Методологија за изготвување на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2026–2030.

Членовите на ДКСК ќе постапуваат по изборни предмети како и по други предмети и ќе го разгледуваат Извештајот од антикорупциска проверка на одредби од Изборниот законик, Глава VI, како и Изборна кампања со поднаслов „Медиумско претставување“ од член 75 до член 76- д.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Потврдено – Путин испратил луѓе на средба со Берлин

Претседателот на Азербејџан, Илхам Алијев, изјави дека поранешни високи германски и руски функционери одржале тајна средба во Баку во средината на јули за да разговараат за можни начини за ставање крај на војната на Русија против Украина.

Потврдено – Путин испратил луѓе на средба со Берлин

Претседателот на Азербејџан, Илхам Алијев, изјави дека поранешни високи германски и руски функционери одржале тајна средба во Баку во средината на јули за да разговараат за можни начини за ставање крај на војната на Русија против Украина, пренесува „Блумберг“.

„Нашата територија беше искористена за таква средба без наше знаење. Не можам да ги коментирам деталите бидејќи не присуствувавме на средбата. Сепак, податоците за летовите ми овозможуваат да тврдам дека тајната средба навистина се одржа во Баку“, изјави Алијев за време на заедничката прес-конференција со германскиот канцелар Фридрих Мерц во Берлин.

Алијев рече дека средбата се одржала од 12 до 14 јули.

Тој додаде дека ако целта на состанокот била да се истражат начини за завршување на војната меѓу Русија и Украина, Азербејџан би можел „само да ги поздрави“ таквите напори. Мерц негираше дека неговата влада била вклучена во ангажманите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петрушевски: СДС, ДУИ и Таравари не бараат одговорност од Валбон Лимани затоа што е нивен кандидат

Кога Валбон Лимани вели дека не чувствува никаква одговорност за скандалот со водата во Гостивар, СДС, ДУИ и Таравари молчат.

Петрушевски: СДС, ДУИ и Таравари не бараат одговорност од Валбон Лимани затоа што е нивен кандидат

Истите оние кои секојдневно зборуваат за отчетност и бараат оставки, денес не бараат ниту извинување, ниту политичка, ниту морална одговорност од својот кандидат Валбон Лимани.

Очигледно, за СДС, ДУИ и Таравари одговорност постои само кога се работи за политички противници. Кога се работи за нивните кадри, тогаш следуваат молк, оправдувања и заштита.

Дали Валбон Лимани има политичка заштита од СДС, ДУИ и Таравари? Или за нив е поважно да го заштитат својот кандидат отколку да им објаснат на граѓаните како дојде до скандалот со водата?

Граѓаните заслужуваат одговорност, а не молк. СДС, ДУИ и Таравари должат одговор дали стојат зад ставот на Валбон Лимани, дека никој не треба да понесе одговорност за она што му се случи на Гостивар.

Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Оливер Спасовски ќе гостува вечерва во Вести Плус

Вечерва во Вести Плус ќе гостува Оливер Спасовски

Оливер Спасовски ќе гостува вечерва во Вести Плус

Почитувани, вечерва во Вести Плус ќе гостува Оливер Спасовски

Кој ќе понесе одговорност по масовното труење во Гостивар?

Зошто институциите повторно потфрлија во заштитата на граѓаните?

Успеа ли СДСМ да се консолидира и да фунционира како конструктивна и силна опозиција?

Може ли земјава да напредува кон ЕУ без нови условувања, ќе најдат ли власта и опозицијата заеднички јазик?

Јана Јосифоска во Вести Плус со Оливер Спасовски

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер