3Амандманска расправа за предлог законот за изменување на законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги
КултураСедмо Студентско интернационално арт биеналеВо новата галерија на Факултетот за ликовна уметност при универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, лоцирана на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје, вечер ќе биде отворено 7. Студентско интернационално арт биенале (СИАБ). На биеналето ќе учествуваат додипломци од завршните години на факултетите и постдипломци со дела изработени на хартија. Покрај учесниците од Македонија, на изложбата ќе се претстават 43 студенти и постдипломци од десет земји: САД, Мексико, Тајван, Египет, Германија, Полска, Бугарија, Хрватска, Србија и Албанија. Делата ќе ги оценува меѓународна тричлена комсија. Изложбата ќе биде отворена до крај на следниот месец. Новоотворената галерија на ФЛУ е финансирана од УКИМ и од сопствени средства на ФЛУ, а изложбата се одржува со финансиска поддршка од Министерството за култураКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Вината за Алта банка е кај Мицкоски и Славески – тие ја донесоа во Македонија За Алта банка целата одговорност е кај Христијан Мицкоски и Трајко Славески, тие ја донесоа банката на Вучиќ во Македонија која сега е под стечај.Граѓаните во Македонија не можат да дојдат до своите пари, до своите заштеди, луѓето што живеат од социјална помош немаат од што да ги покријат трошоците и не можат да ги подигнат средствата. Немаат за храна, сметки, лекови, немаат за живот. Експозитурите не работат, на банкомати се чека со часови. Само на компаниите им овозможија слободно да префрлаат пари. Владата на Мицкоски го отвори патот за влез на Алта банка во Македонија, а гувернерот Славески даде согласност за преземањето на Стопанска банка Битола. СДСМ предупредуваше за сомнителниот капитал уште пред 11 месеци. Славески уверуваше дека се е во ред а ништо не е во ред. Сега носи погрешни одлуки на штета на граѓаните. Она што скандалот со Алта банка го докажа е дека беше пералница за пари на мафијашкиот синдикат СНС на Вучиќ во Србија и ВМРО-OКГ на Мицкоски кај нас. За овој скандал, за оваа финансиска афера мора да има одговорност. Трајко Славески да поднесе оставка за да се спречат дурги штетни негови одлуки. Обвинителството да отвори истрага и кривично да ги гони Мицкоски, Славески и сите кои што се поврзани со Алта банка. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиФијаското на Трамп. Демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
МакедонијаОливер Миланов си поднесе оставка, на негово место на чело на АХВ доаѓа Јовица АндовскиОливер Миланов си поднесе оставка од директорската функција во Агенцијата за храна и ветеринарство. На негово место е назначен досегашниот заменик-министер за здравство Јовица Андовски.Миланов ја презеде директорската функција на 4 јули 2024 година, откако владата на 2 јули истата година го именуваше за вршител на должноста директор. По нешто повеќе од две години на чело на агенцијата, заминува од функцијата, а раководењето со институцијата го презема Андовски. Андовски пак ја вршеше функцијата заменик-министер за здравство во периодот од јули 2024 до октомври 2026 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАмандманска расправа за предлог законот за изменување на законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услугиСобраниската комисија за транспорт денеска ќе расправа за измените на законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.За предлог-законот е поднесен еден амандман од пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски. Со измените се предвидува нов модел за финансирање на радиодифузната дејност.средствата ќе се обезбедуваат од буџетот во висина од еден процент од реализираните даночни приходи. Финансирањето ќе се утврдува за период од пет години.по истекот на овој период, повторно ќе се дефинира висината на средствата за наредните пет години. Целта е да се обезбеди стабилно и предвидливо финансирање на радиодифузната дејност.Тагови: Собранието Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиФијаското на Трамп. Демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00