ЗабаваСедмо издание на Фестивалот на нов европски филм – „Beach film festival Ohrid 2024“Бројни содржини од областа на седмата уметност со филмски проекции, едукативни работилници и музички перформанси предвидува годинешното седмо по ред издание на Фестивалот на нов европски филм што од денеска ќе се одржува во Охрид.Од вечерва до 21 овој месец на четири локации, на плажите „Славија“ и „Сараиште“, на бродот „Армада“ и во Младинскиот центар во Охрид ќе бидат прикажани седум долгометражни и 14 краткометражни филмови. Отворањето на фестивалот е резервирано за проекцијата на филмот „Живи и Здрави“ (Forever hold your peace), а во главната програма ќе се прикажат уште шест долгометражни европски филмови – „Rodeo“, „Summer to come“, „Afire“, „Milk“, „Some birds“ и „Pelican“. Краткометражната програма вклучува и филмови од домашната продукција, оние на авторите на Јакимска, Елеонора Венинова, Јане Спасиќ и Димитар Банов. За музичката програма ќе се погрижат бендовите „Sioto Jazz“ и „Xarakiri“, диџејките Baila, Dj MarТian и музичкото дуо „SIZ“. Четиричленото интернационално жири е задолжено да ги одбере најдобрите и да ги додели наградите „Голем бран“ за најдобар долгометражен филм и наградата „Стефан Сидовски – Сидо“ за најдобро актерско остварување. Награда „Мал бран“ ќе биде доделена на најдобриот краткометражен филм. Ова фестивалско издание предвидува и филмови за најмалите посетители што ќе бидат прикажувани на градската плажа „Сараиште“, секој ден од 17 до 21 јули од 20 часот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОтворен целосно реконструираниот градски базен во КавадарциГрадскиот базен во Кавадарци денес официјално е пуштен во употреба по завршената реконструкција.Во реконструкцијата како што појасни градоначалникот Митко Јанчев, биле вложени околу 1 милион евра преку владин јавен повик. Обновени се големиот и малиот базен, системот за филтрација и пречистување на водата, соблекувалните, санитарните јазли и останатите придружни содржини, а поставени се и нови водни атракции и детски реквизити. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНевремето го оштети системот на Македонска пошта – три дена се доцни со достава на праткитеНевремето во Скопје предизвика проблеми и во Македонска пошта. Поради обилниот дожд била оштетена серверската соба, односно електронскиот систем за распределба на пратките, поради што веќе три дена има доцнење во доставата. Директорот на Македонска пошта, Куртиши, уверува дека проблемот се санира и очекува од утре доставата да се нормализира. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00Царинска управа: Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари09:19Сончево со температура до 34 степени 08:31Десетици повредени граѓани, оштетени автомобили и објекти остави невремето зад себе 15:00По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00
По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33
СветСАД продолжуваат со воздушните напади врз ИранСоединетите држави ја завршија дванаесеттата последователна ноќ на воздушни напади врз Иран. Цели биле иранските поморски капацитети, складишта за ракети и беспилотни летала, крајбрежни системи за надзор и објекти на противвоздушната одбрана. Според ЦЕНТКОМ, операциите треба дополнително да ја намалат способноста на Иран да напаѓа цивилни морнари и трговски бродови. Американската команда тврди дека, откако повторно почнала да ги блокира иранските пристаништа, пренасочила девет комерцијални бродови, а уште еден онеспособила. Дополнително за првпат Америка го употреби стратегискиот бомбардер Б-1 во нападите врз цели на Иран. -Во моментов, ситуацијата е прилична едноставна. Бродови се обидуваат да минат низ теснеците и тие се напаѓани. Комерцијални бродови кои пловат низ теснеците се напаѓани. САД го штитат овој поморски сообраќај и, покрај тоа, ги гаѓаат местата од каде што се извршуваат нападите врз тие бродови, со цел дополнително да се намали способноста на Иран да напаѓа и да го загрозува глобалниот поморски сообраќај. Тоа сега се случува и на тоа сме сега фокусирани – изјави Рубио. Со веќе препознатливата остра реторика, Трамп се закани дека САД ќе ја напаѓаат цивилната инфраструктура во Иран како одговор на секој напад врз брод во Ормускиот Теснец. -Во овој судир што го имаме со Исламската Република Иран, и намерно ја нарекувам така, затоа што, да ви кажам, тие трпат нависнина силни удари и сакаат да постигнат договор. Но, јас велам дека се уште не се подготвени за договор. Затоа што секојпат кога ќе постигнеме некаков договор, тие сакаат да ги менуваат и слино. Не се подготвени. Но, ќе бидат подготвени многу наскоро. – изјави Трамп. Во меѓувреме, Техеран ги нападна американските сојузници низ Блискиот Исток. Иранските државни медиуми јавија дека американски ракети погодиле цели во западниот дел на Иран. Во уште еден американски ракетен напад на границата со Ирак, биле убиени две лица. Раководството во Техеран одговори со сопствени закани. Во случај на американски напади врз иранската инфраструктура, ќе следува масовна одмазда, изјави министерот за надворешни работи Абас Арагчи на платформата Х. Тој посочи дека иранската одбранбена политика е јасна: „Око за око“.Тагови: Доналд Трамп Марко Рубио Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00Царинска управа: Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари09:19Сончево со температура до 34 степени 08:31Десетици повредени граѓани, оштетени автомобили и објекти остави невремето зад себе 15:00По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00
По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33