КултураСедмиот „МакеДокс“ од 20 до 26 август во СкопјеПод мотото „Сите сме приказна“, од 20 до 26 август годинава под отворено небо во Куршумли-ан, Чифте амам и во Музејот на современата уметност во Скопје ќе се одржи седмото издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“.- По седум години постоење, со задоволство можам да кажам дека „МакеДокс“ континуирано расте, се подмладува во секој аспект од своето битисување, како од содржински така и од организациски аспект. Стана фестивал кој со својата автентичност е познат не само во национални, туку и во меѓународни рамки. Потврда за тоа се преку четиристотини апликации со филмови за годинашново издание, бројот на гости, кој годинава се искачи на 53 документаристи од целиот свет, рече на денешната прес-конференција Киријана А. Николоска. Потсети дека „МакеДокс“ доби поддршка од Медиа програмата на „Креативна Европа“. Таа информира дека го дуплирале бројот на филмови, од 30-тина во минатите години на вкупно 63 годинава. - Носиме неколку новитети: нова натпреварувачка програма на студентски документарни филмови и програма на земја во фокус, која оваа година ја посветуваме на Русија. Од организациски аспект новитет ни се местата на кои ќе се одвива фестивалот: покрај главниот фестивалски центар, кој и годинава е во овој магичен простор на Куршумли-ан, проекции ќе одржуваме и на платото пред анот, и тоа од 20:30, 22:30 и полноќни проекции од студентската програма, рече Николоска. Има и две нови локации и за работилницата „Раскажувачите раскажуваат“, која ќе се одржува во Чифте амам и за работилницата „Уметноста на раскажувањето“, која ќе се одржува во Музејот на современата уметност. Креативните документарци што ќе бидат прикажани на седмиот „МакеДокс“ се распоредени во пет програми-Главна програма, Нови автори, Руски снег, Кратки документарци и Студентски приказни. - Седмото издание на фестивалот е посветено на раскажувачите. Фестивалот ќе го отвориме со една топла и тажна приказна базирана на музика со песните на словенечкиот актер, режисер, поет и писател Фране Милчински - Јежек, раскажана со документарниот филм „Мојот превртен свет“, како македонско-словенечко-хрватска копродукција. Селекцијата на филмовите во петте фестивалски програми се движи по линијата на добро раскажана приказна и силни човечки личности, што произлезе од мотото „Сите сме приказна“, објасни селекторката Петра Селишкар. На фестивалот ќе бидат присутни филмски остварувања и автори кои се во врвот на современата документаристика, како Патрицио Гузман со неговото „Бисерно копче“, Андреас Џонсен со „Бубачки“ како нов начин на исхрана, Клаудија Тоси со „Совршениот круг“. - На затворањето на фестивалот ќе го прикажеме „Пожар на море“ од Џанфранко Роси, добитник на „Златна мечка“ во Берлин. Во селекцијата на кратки документарци ќе го прикажеме „Балада за жабите“ на Леонор Телес, исто така со „Златна мечка“ во Берлин. Од Русија го носиме најзначајниот современ руски автор Виталиј Мански со „Под сонцето“, со приказна снимена во Северна Кореја, рече Селишкар. Руските современи автори на документарни филмови ќе бидат застапени во програмата „Руски снег“. - Селекцијата на филмови од земјата во фокус-Русија е со наслов „Руски снег“. Во неа ќе бидат прикажани седум документарни филмови од најновата руска документарна продукција, кои ќе раскажуваат приказни за најпознатата академија за руски балерини, за сибирските селца, како и за авангардните градски фаци кои си го наоѓаат својот мир во шумите на рускиот север, најави Петрула Вељановска. Новитет во програмска смисла е воведувањето натпреварувачка селекција на студентски филмови. - На седмото издание „МакеДокс“ ја доби својата прва натпреварувачка студентска програма. Годинава имаме 23 студентски документарни филмови, кои доаѓаат од европските филмски академии, но нивните автори и приказните што ги носат доаѓаат од сите страни на светот. Покрај филмовите во конкуренција за награда, во оваа програма ќе прикажеме и шест филмови што се направени во регионалната школа „АКТив“, изјави Дарко Набаков. На „МакеДокс“, како што рече, доаѓаат 26 автори на филмовите, а програмата ја отвораме со премиера на македонскиот документарен филм „СТУДаНТС“ на Тамара Котевска. Премиерно ќе бидат прикажани и „Злобната камера“ на Ана Алексовска и „Армандо Дијаз“ на Сандра Јовановска. Жирито за награди во студентската програма е во состав Наташа Петровиќ, Воскресија Андреевска и Иван Шопов. На фестивалот „МакеДокс“ се доделуваат наградите „Кромид“ - за најдобар филм во Главната програма, „Млад кромид“ - за најдобар филм на нов автор, „Кокарче“ - за најдобар студентски филм и Награда за филм со најдобри етички идеи од сите програмски селекции. Три работилници и два концерти, на отворањето и на затворањето на фестивалот се дел од програмата на седмиот „МакеДокс“. - На отворањето на фестивалот ќе имаме можност да го слушнеме новиот состав на Крис Екман, поранешниот лидер на бендот од Сиетл „Вокабаутс“ (The Walkabouts), кој е и музички продуцент на документарниот филм со кој го отвораме фестивалот „Мојот превртен свет“. На отворањето ќе имаме и концерт на диџеј Димитри од Чаир заедно со гитаристот Тони Китановски. Во текот на сите фестивалски вечери ќе имаме камерни концерти со етно и џез музика, додека за затворањето на фестивалот ќе настапи оркестарот „Черкези“, по чиј концерт свој диско диџеј-сет ќе има швајцарската режисерка Корин Швингрубер, најави Бранд Феро. Годинава на „МакеДокс“ предвидени се три работилници. „Работилница за уметноста на раскажувањето“ за хип-хоп музиката и правењето документарни приказни со диџеј Димитри од Чаир, од 21 до 24 август во Музејот на современата уметност. „Раскажувачите раскажуваат“ со Иика Вехкалахти од Финска, еден од најзаслужните продуценти во актуелната документаристичка сцена, од 22 до 25 август во Чифте амам. Последната работилница е „Сторивуд“ за млади и млади во душа во и околу Куршумли-ан. Во програмата на фестивалот се задржани разговорите „Под смоквата“, а ќе биде поставена и фото-изложбата „Патувањата на магаренцето на МакеДокс“. Во Куршумли-ан, за време на фестивалот свој мобилен инфо-деск ќе има и Медија канцеларијата во Македонија, каде сите заинтересирани ќе можат да добијат повеќе информации. Како најава за седмиот „МакеДокс“, утревечер, со почеток во 21 часот кај Школката во Градскиот парк во Скопје ќе се одржи проекција за филмско загревање со хип-хоп дуото „Марта и Ники“. Потоа ќе следува диџеј-сет на Димитри од Чаир заедно со артистите што ќе учествуваат во неговата работилница. Седмото издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ е поддржано од Агенцијата за филм на Република Македонија, Медиа програмата на Креативна Европа, Националната фондација за демократија и Град Скопје. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизСрпски медиуми: Бака Прасе го исценирал сопственото приведување, следуваат кривични пријавиТврдењата дека маскирани лица го привеле јутјуберот Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, се лажни.Ова е утврдено по истрагата спроведена од Вишото јавно обвинителство во Белград и службеници од полициската станица „Савски венац“. Претходно, на профилот на Илиќ на Инстаграм се појави објава во која се тврди дека маскирани лица го однеле од неговиот стан. Илиќ ѝ објаснил на полицијата дека ја објавил таа информација како дел од снимањето на видео кое планира да го објави на својот Јутјуб канал. Поради ширење паника преку лажни информации на Инстаграм, против него ќе биде поднесена кривична пријава до Посебното одделение за високотехнолошки криминал при Вишото јавно обвинителство во Белград. Пријавата се однесува на кривичното дело предизвикување паника и неред. Што содржеше објавата На профилот на Илиќ на Инстаграм беше објавено соопштение од неговиот тим, во кое се тврди дека тој бил приведен околу 06:00 часот наутро. Во објавата, потпишана од „Тимот на Бака Прасе“, исто така се наведува дека за ситуацијата бил известен и неговиот адвокат. Неговите соработници спомнаа и наводна поврзаност со „Алта банка“, тврдејќи дека Илиќ се доведува во врска со сомневања за перење пари. Оваа информација не е потврдена. Обвинителството нареди истрага Вишото јавно обвинителство во Белград претходно ѝ наложи на полицијата итно да ги провери тврдењата дека маскирани лица го однеле Илиќ од неговиот стан. Полициските службеници требаше да ја проверат информацијата на терен и да преземат други неопходни мерки за да утврдат што се случило. По извршените проверки, обвинителството и полицијата утврдија дека наводите се лажни. Извор: Индекс.хрТагови: Бака Прасе приведување Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСудењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
ЕвропаМерц ветува заштита на Евреите во Германија; антисемитизмот станува сè пораспространетФридрих Мерц изјави дека Германија се соочува со тест за својата посветеност кон заштитата на еврејската заедница.Тој ја опиша глетката на градинки и синагоги, чувани од вооружена полиција зад стакло отпорно на куршуми, како „ужасна“, пренесува Ројтерс. Мерц го изјави ова во говор во синагога во Минхен, на годишнината од „Кристална ноќ“ (Kristallnacht) во 1938 година – настан што послужи како вовед во Холокаустот и истребувањето на повеќе од шест милиони европски Евреи, спроведено од нацистите. Тој истакна дека антисемитизмот станал „распространет“. „Го гледаме и го слушаме на нашите улици, во нашите градови, во градовите на нашите европски соседи и ширум светот – во парламентите, клубовите и училиштата“, рече Мерц. „Токму затоа, ова е момент на вистината за паролата ’Никогаш повеќе‘, на која толку често се повикуваме“, додаде тој. Тој вети дека неговата влада ќе стори сè што е во нејзина моќ за да го заштити еврејскиот живот, како во Германија, така и во странство. Исто така, ја потврди долгогодишната поддршка на Германија за Израел, нагласувајќи дека тоа е „дел од нашата историска одговорност“. Слични заложби за заштита на еврејските институции и борба против антисемитизмот претходно дадоа и претходниците на Мерц, Ангела Меркел и Олаф Шолц. Germany's Chancellor Merz: Antisemitism is once again omnipresent. Sometimes it is disguised in the language of anti-colonial liberation struggles or criticism of Israel. https://t.co/centhneh0V — Clash Report (@clashreport) November 9, 2026 Според годишниот извештај на организацијата „RIAS“, бројот на антисемитски инциденти драстично се зголемил по избувнувањето на војната во Газа во 2023 година. Минатата година биле евидентирани 8.725 вакви инциденти – повеќе од тројно во споредба со 2022 година – што изнесува просек од 24 случаи дневно. Палестински извори наведуваат дека повеќе од 74.000 луѓе се убиени во израелските напади врз Газа. Нападите беа извршени откако борци предводени од Хамас убија приближно 1.200 луѓе во јужен Израел на 7 октомври 2023 година. „Срам за нашата земја“ Илзе Ајгнер, претседателка на Баварскиот покраински парламент, чувството на несигурност што го доживуваат многу Евреи во Германија го опиша како „срам за нашата земја“. Мерц претходно ја имаше предложено неа како конзервативен кандидат за функцијата претседател на Германија. „Кристалната ноќ“ претставуваше погром врз Евреите, кој започна на 9 ноември 1938 година, а вклучуваше убиства, грабежи и уништување имот. Името се однесува на скршеното стакло од уништените синагоги, продавници и домови, кое ги покривало улиците.Тагови: Фридрих Мерц Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветАмерикански претставник: Русија и Украина подготвени за компромис околу територијатаВо неофицијални разговори, Русија и Украина покажуваат одредена подготвеност за компромис околу територијата, во пресрет на новите мировни преговори што започнуваат утре во Абу Даби.Ова го изјави американски претставник запознаен со подготовките за разговорите, додавајќи дека, за првпат, Вашингтон забележува искрена желба од руска страна за ставање крај на војната, пренесува Ројтерс. „За првпат имам впечаток дека гледаме вистинска желба од руска страна сето ова да се приведе кон крај“, рече претставникот, кој ги информираше новинарите под услов да остане анонимен. Што ќе се случи со окупираните територии? Според претставникот, двете страни приватно покажуваат одредена флексибилност во однос на можна територијална размена. Сепак, тој нагласи дека каков било договор за територијата веројатно би се постигнал дури на крајот од преговорите, откако ќе се постигне консензус за другите прашања. Територијалните прашања досега беа една од најголемите пречки за постигнување мировен договор. Украина инсистира на враќање на нејзините меѓународно признати граници, додека рускиот претседател Владимир Путин бара контрола врз целиот регион Донбас. Американскиот претставник не откри какви територијални отстапки би можеле да направат Москва и Киев. Неговите изјави во оваа фаза не значат дека е постигнат договор, ниту пак дека некоја од страните официјално ги променила своите барања. Вашингтон смета дека прво треба да се договори безбедносен аранжман за периодот по војната. Дури потоа би имало простор за конечен договор во однос на територијата. Безбедносни гаранции за Украина Една од главните теми на преговорите ќе бидат безбедносните гаранции за Украина. Се разгледува можноста за заштита слична на онаа од Членот 5 од Договорот на НАТО, според кој напад врз една членка се смета за напад врз сите членки. Таков модел би требало да ѝ обезбеди на Украина безбедносни гаранции по евентуалниот мировен договор, но засега не е познато како би функционирал тој, ниту кои земји би презеле конкретни обврски. Американскиот претставник нагласи дека договорот за повоената безбедносна архитектура ќе биде клучен за решавање на територијалните прашања. Американското посредување во Абу Даби ќе го предводат специјалниот пратеник Стив Виткоф и Џаред Кушнер, зетот на претседателот Доналд Трамп. Преговорите треба да траат два дена, почнувајќи од вторник. Претставник на САД изјави дека постои можност Виткоф и Кушнер, по завршувањето на разговорите, да отпатуваат во Русија на средба со Путин. Ваквата посета сè уште не е потврдена. Во Вашингтон постои умерен оптимизам дека разговорите би можеле да доведат до напредок, иако американската страна признава дека за постигнување договор ќе биде потребно време. Во последните месеци, Трамп ги засилува дипломатските напори за ставање крај на војната, притоа често укажувајќи на тешките човечки жртви на двете страни од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година. Извор: Индекс.хрТагови: русија украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook