Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи
2Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи
3САД воведуваат нови увозни царини: ЕУ, Кина, Канада и Индија меѓу најпогодените од мерките на администрацијата на Трамп
БалканСедми обид за избор на претседател на Народното собрание на БугаријаБугарските пратеници од 51. состав на Народното собрание денеска ќе го направат седмиот обид за да изберат претседател на ова тело.Продолжението на првата седница на која пратениците се обидуваат да изберат претседател на Народното собрание беше прекинато десетина минути по почетокот. Беше прогласена пауза од 30 минути за консултации помеѓу партиите, на барање на претседателот на БСП, Атанас Зафиров. Напнатоста во салата се зголеми откако тој изјави дека претседавачот со седницата, Силви Кирилов од ИТН, одбил да свика претседателски совет, што според него е без преседан. Кирилов возврати дека не може да свика претседателски совет бидејќи парламентот нема деловник. Тоа е формалната причина за неговото одбивање, но се согласи да се одржат консултации. Но, шансите за успех не се големи, со оглед на тоа дека партиите ги кандидираа истите пратеници. Повторно има четворица кандидати за претседател на Народното собрание, без промени во номинациите. Пред паузата, ГЕРБ-СДС повторно ја предложија Раја Назарјан. - Ги повикувам сите со разум и одговорност да ја поддржите оваа достојна кандидатура, порача Теменуџа Петкова. „Препород" по седми пат го номинираше Петар Петров, додека од „Има таков народ" останаа зад кандидатурата на Силви Кирилов. По паузата, Борислав Гуцанов изјави дека левицата направила сè за да се постигне договор за заедничка кандидатура, но бидејќи консултациите не успеале, тие повторно ја номинираат Наталија Киселова. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВодата за пиење во Крушево бактериолошки неисправнаЦентарот за јавно здравје Прилеп ги информираше граѓаните на Крушево дека водата од градскиот водовод е бактериолошки неисправна и не се препорачува за пиење.До надминување на состојбата, жителите треба да користат пакувана вода за пиење. Водата од градскиот водовод може да се употребува за лична хигиена, подготовка на храна, перење и миење садови само доколку претходно се преврива најмалку 10 минути. Од ЈП „Комуна“ Крушево информираат дека се врши редовно хлорирање на водата, како и секојдневна контрола на нивото на хлор во водоводниот систем.... Од таму велат дека препораките ќе останат во сила сè додека не се добијат три последователни исправни примероци од водата.Тагови: вода Крушево Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализиГостиварци би можеле да добијат вода за техничка употреба до крајот на неделава.Кризниот штаб информираше дека во првата фаза нема да смее да се конзумира водата, а по прочистување на системот и потврда од лабораториските испитувања што се очекува да биде завршено идната недела, водата од чешмите во гостивар би можела да биде добра и за пиење... Од Гостивар, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави и дека секој кој се огрешил пред законот во случајот со водата во Гостивар, ќе одговара.Тагови: Гостивар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСАД воведуваат нови увозни царини: ЕУ, Кина, Канада и Индија меѓу најпогодените од мерките на администрацијата на ТрампСАД воведоа нови царини за 60 трговски партнери – меѓу нив се ЕУ, Кина, Канада, Јапонија и ИндијаСоединетите Американски Држави(САД) синоќа објавија дека воведуваат царини од десет или 12,5 проценти на увоз од 60 држави, со образложение дека државите не успеале да воведат или не применуваат ефикасна забрана за увоз на стоки произведени со принуден труд. „Трговските партнери што презеле обврска да воведат и ефикасно да применуваат забрана за увоз на стоки произведени преку принуден труд ќе подлежат на царина од десет отсто, додека трговските партнери што не усвоиле таква забрана ќе подлежат на царина од 12,5 отсто“, соопшти американската администрација. Меѓу засегнатите производи има и одредени стоки од Европската Унија, соопшти Канцеларијата на американскиот трговски претставник (USTR). Дополнителните царини ќе се применуваат на поголемиот дел од увозот од засегнатите трговски партнери, почнувајќи од 00:01 часот по источноамериканско време денеска (04:01 часот по Гринич). Од мерките ќе бидат изземени стоките што веќе се натоварени на бродови, се наоѓаат во завршна фаза од транспортот и за кои царинската документација била завршена пред 28 јули. Веднаш на најавите реагираа ЕУ, Австралија, Нов Зеланд. Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, ги посочи како неосновани тврдењата за недостатоци во контролата врз принудниот труд во Унијата. „Тоа не може да се каже за Европската Унија“, изјави Калас. Таа рече дека споредено со САД, европското трудово законодавство предвидува платени одмори и високи стандарди за условите на работа. „Затоа ова навистина не е оправдано“, оцени Калас, најавувајќи дека ЕУ ќе бара дополнителни објаснувања од Вашингтон. Таа посочи дека ЕУ ги исполнила обврските од трансатлантскиот трговски договор постигнат минатата година и дека новите царини ги доживува како „шок“.Тагови: САД царини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook