Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго е најсмртоносната во историјата на земјата, однесе 2.325 животи
1Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго е најсмртоносната во историјата на земјата, однесе 2.325 животи
РакометСедма титула европски шампионки за ракометарките на Норвешка Ракометарките на Норвешка ја одбранија титулата шампионки на Европа откако во финалето на Европското првенство во Шведска ја совладаа Холандија со 30:29 (15:15).Ова за Норвешка беше 10-то финале и по седми пат го освојуваат златниот медал. Холандија го освои првиот медал на Европските првенства. Во финалето холандските ракометарки во финишот на првиот дел имаа предност од 13:9, но Норвежанките со серија од 5-0 направија пресврт. На полувремето ниту една репрезентација немаше предност 15:15. Во вториот дел Норвешка постепено создаваше предност и во 46.минута ги имаше највисоките 26:21. Холандија имаше шанса за нерешен резултат, но во последните секунди холандските ракометарки не упатија удар кон противничкиот гол. Нора Мерк со 12 голови беше најефикасна на финалето, а таа е и најдобар стрелец на шампионатот со 53 голови. Ракометарката на ЖРК Вардар, Камила Херем во финалето беше стрелец на 4 голови за Норвешка, а се најде и во изборот на „ол стар“ тимот на шампионатот на позицијата лево крило. Признанието најдобра ракометарка го доби Корнелија Грос од Холандија. Во натпреварот за 3-то место Франција ја победи Данска со 25:22, што за француската селекција е вкупно трет бронзен медал на европските првенства. Следното Европско првенство 2018 година ќе се одржи во Франција./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЕпидемијата на ебола во Демократска Република Конго е најсмртоносната во историјата на земјата, однесе 2.325 животиЕпидемијата на ебола во Демократска Република Конго однесе 2.325 животи, со што го надмина бројот на жртви во епидемијата од 2018 до 2020 година и стана најсмртоносната во историјата на земјата.Конгоанскиот институт за јавно здравје соопшти дека бројот потврдени случаи се зголемил на околу 5000 случаи. Станува збор за 17-та епидемија на ебола во Конго, која веќе кон крајот на јули ја надмина претходната по бројот на случаи и стана најголема во историјата на земјата според тој показател. За овој сој на ебола нема одобрени вакцини или лекови.Тагови: ебола Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАпел до владата поради алармантната состојба со епидемијата на сипаници кај овците и козитеСојуз на одгледувачи на овци апелира до владата и до надлежните институции за итно преземање мерки поради алармантната состојба со епидемијата на сипаници кај овците и козите, како и за заштита и помош на сточарите. Насер Џемаил претседател на Сојуз на одгледувачи на овци изјави дека 40 семејства останале без приходи поради угинување на овците, тие од државата бараат обештетување и да обезбеди вакцини за заштита од болеста која ги коси овие домашните животни. Информаираат дека месото нема да биде штетно за јадење по вакцинација. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветИран има нова мета?Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, денес изјави дека Канада станала „резервен тим“ на САД во нивната воена агресија против Иран.Портпаролот Багеи изјави дека САД ја нарекуваат Канада своја педесет и прва земја, воведуваат царини на нејзините стоки, па дури и се закануваат дека ќе ја казнат за еколошки проблеми. Тој исто така додаде дека одговорот на Отава е само послушност, според новинската агенција Тасним. „Официјална Отава учествува во нелегалната војна на САД против Иран за да го задоволи Вашингтон. Оваа ситуација покажува дека Канада повеќе не се согласува со САД, туку е сведена на улога на резервен тим“, рече Багеи. Извор: Б92Тагови: Иран Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter