3Одржана ждрепката за плеј-офот во Лигата на шампионите: Динамо и Звезда ги дознаа потенцијалните противници
Шоу бизСедма победа на Шведска на ЕвровизијаШведска е победник на Евровизија 2023 година, а нивната претставничка Лорин со песната „Tattoo“ освои најмногу поени на натпреварот (583) и ја постигна втората победа, со што влезе во историјата како прва жена што го направила тоа.Досега, Ирска беше земја со најмногу победи на Евровизија, победувајќи во 1970, 1980, 1987, 1992, 1993, 1994 и 1996 година. Лорин синоќа и ја обезбеди седмата победа на Шведска, израмнувајќи се со досегашната земја рекордер. Првата победа Швеѓаните ја постигнаа во 1974 година со песната „Waterloo“ од „ABBA“, која стана еден од најголемите хитови во историјата на Евровизија. Други победи на оваа земја беа во 1984, 1991, 1999, 2012 и 2015 година. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалКоло Муани во Јувентус Италијанскиот фудбалски гигант Јувентус објави дека постигнал договор за ангажман на францускиот напаѓач Рандал Коло Муани (27) од ПСЖ. Тој потпиша договор со важност до летото 2031 година. Обесштетувањето изнесува 38 милиони евра. Со тоа, Коло Муани се враќа во клубот каде што помина половина сезона како позајмен играч во текот на пролетта 2025 година. Во тој период, тој постигна 10 гола на 22 натпревари за Јувентус. Претходната сезона ја мина на позајмица од ПСЖ во англискиот клуб Тотенхем.Тагови: Јувентус Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09Гостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35
ФудбалВелс прв официјално ја повлече поддршката за Инфантино Фудбалскиот сојуз на Велс стана првиот сојуз што официјално ја повлече својата поддршка за реизборот на Џани Инфантино за претседател на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) за мандатот до 2027 година.Се известува дека Велс испратил писмо до ФИФА во кое се наведува дека ја изгубиле довербата во Инфантино и неговото раководство по обидот за продажба на натпреварувањето што се одвива под покровителство на ФИФА. „Неодамнешните неуспеси во областите на доброто управување, лидерството, вредностите, односите со засегнатите страни, комуникацијата и разумното одлучување нè доведоа до ситуација во која Инфантино ја изгуби довербата на Фудбалскиот сојуз на Велс за да остане на чело на светскиот фудбал“, се наведува во соопштението на Фудбалскиот сојуз на Велс. Се нагласува дека тоа што интересите на фудбалот не се ставени на прво место претставува пропуст што не може да се прифати. „Скај“ наведува дека соопштението на Фудбалскиот сојуз на Велс е дел од координирани активности на Европската фудбалска унија (УЕФА), која претходно побара одговорност поради обидот за продажба на Светското првенство. Во саботата, УЕФА упати критики за „тајните планови што се спроведуваат со забрзано темпо, осмислени од анонимни поединци и чија корист за самиот спорт е сомнителна“, и најави дека работи на план „за да се осигури дека вакво нешто нема да се повтори“, при што не исклучи ниту една опција. Се очекува и други фудбалски сојузи да го следат примерот на Велс и да го засилат притисокот врз Инфантино да се повлече, без потреба од иницирање гласање за недоверба. Инфантино, кој е на чело на ФИФА во изминатите 10 години и планира повторно да се кандидира, добил повеќе од 200 писма за поддршка од членките на ФИФА – вклучително и од 52 од вкупно 55-те што ја сочинуваат УЕФА.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09Гостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС се препозна во говорот на претседателот на Владата на Пелинце како “талог”СДС се препозна во говорот на претседателот на Владата на Пелинце како “талог” и потврди дека е целосно во координација со надворешни агентурни центри.РЕАКЦИЈА НА СДС СДС се препозна во говорот на претседателот на Владата на Пелинце како “талогот” и потврди дека е целосно во координација со надворешни агентурни центри. Имено, во текот на вчерашниот ден, за време на одбележувањето на илинденската прослава во селото Ташмаруништа, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Владата, Христијан Мицкоски, традиционално го посети ова населено место, по неговиот говор во Пелинце. Поздравен од присутните граѓани се движеше низ народот како што прилега на народен лидер, за разлика од претседателот на СДС кој бега од народот на скапи јахти и уплашен преку снимени пораки се обраќа на ден како Илинден. За време на движењето на претседателот Мицкоски низ народот, едно лице во обид да испровоцира инцидент, под дејство на алкохол, дофрлало зборови со непримерна содржина. Лицето било изолирано од присутните граѓани и легитимирано од страна на припадници на МВР. При легитимирањето лицето извадило бугарска лична карта и бугарска патна исправа. Конструкцијата на СДС е уште еден доказ за нивните блиски релации со странски агентурни центри на влијание, а со самопрепознавањето како “талогот” во говорот на претседателот Мицкоски на Пелинце, потврдија дека антимакедонските позиции и анационакните елементи се длабоко вкоренети во СДС како политичка партија. Кон “талогот” во СДС имаме една порака, без разлика на вашите договори со странски агентури и конструкциите темелени на ужасни лаги, нема никогаш да направиме отстапки на штета на идентитетот и државата. Вие продолжете да тонете во вашето политичко мочуриште и правете заговори на јахти на штета на идентитетот и државата, а ние заедно со народот ќе продолиме да работиме за Македонија. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter