ФудбалСедлоски: Сè се случи неверојатно брзоМакедонската фудбалска репрезентација со поразот од 4:0 од Данска во Копенхаген синоќа го заврши настапот во баражот за Светското првенство 2026. Во своето деби селекторот Гоце Седлоски имаше непријатно искуство, особено што по првиот дел резултатот беше 0:0, а на стартот на вториот дел за десет минути Данска постигна три гола. - Се распаднавме. Првиот гол на противникот создаде хаос. Имавме големи проблеми со Густав Исаксен и Микел Дамсгард. Знаевме дека данските крилни играчи се опасни и се мачевме да се справиме со нив. Кога Данска нè нападна по паузата, тоа ни предизвика големи проблеми во одбраната. Не знам што да кажам за тие десет минути кога Данците постигнаа три гола. Сè се случи неверојатно брзо, изјави Седлоски. За македонските фудбалери сега преостанува да одиграат пријателски натпревар со Република Ирска на 31.март во Даблин, откако оваа репрезентација загуби од Чешка по изведувањето на пенали. /МИАТагови: Седлоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЃорѓиевски: Успешно заврши тендерската постапка за набавка на 100 нови еколошки автобуси за СкопјеУспешно завршила тендерската постапка и јавното наддавање за набавка на 100 нови еколошки автобуси за градот Скопје!Со огромно задоволство ве информирам дека штотуку остварив телефонски разговор со министерот за транспорт, Александар Николоски, кој ме извести дека успешно завршила тендерската постапка и јавното наддавање за набавка на 100 нови еколошки автобуси за градот Скопје! Сакам да упатам искрена и огромна благодарност до претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, како и до министерот Александар Николоски за силната и како никогаш досега запаметена поддршка што ја даваат на Скопје и на скопјани. Ова е историски чекор кон сериозна обнова на возната флота на ЈСП „Скопје“ и почеток на нова ера во јавниот градски превоз - помодерен, почист, побезбеден и подостоинствен за скопјани. Избрана е компанијата „Икарус“, во соработка со ЕВН Македонија. Од денес започнува десетдневниот рок за жалби, по што следуваат потпишувањето на договорот и почетокот на процесот за испорака на автобусите во Скопје. За само неколку месеци докажавме дека кога постојат волја, посветеност и вистинска поддршка - нема невозможни работи! Кога се сака, сѐ се може! Скопје го правиме заедно. По скопски!, објави на ФБ градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТошковски: Секој што се огрешил пред законот ќе одговара18:20Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00Царинска управа: Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари09:19Сончево со температура до 34 степени 08:31Десетици повредени граѓани, оштетени автомобили и објекти остави невремето зад себе 15:00
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00
БалканГрција го гради „Ахиловиот штит“- договор со Израелците вреден 3,5 милијарди евра Грција одобри купување на повеќеслоен систем за воздушна одбрана од Израел во вредност до 3,5 милијарди евра.Грција одобри купување на повеќеслоен систем за воздушна одбрана од Израел во вредност до 3,5 милијарди евра, како и купување на неколку видови беспилотни летала и воени транспортни авиони C-390 од бразилската компанија „Ембраер“, соопшти грчкиот министер за одбрана Никос Дендиас. Советот за национална безбедност на Грција (KYSEA) даде првично одобрение за проектот претходно оваа година, а денес ги одобри договорите за набавка. Грчките компании ќе произведуваат најмалку 25 проценти од компонентите на системот Грција планира да воспостави повеќеслоен систем за одбрана од балистички ракети, воздушни закани и беспилотни летала наречен „Ахилов штит“, каде што јадрото на системот ќе бидат израелски радари и ракети од „Рафаел“ и „Израел аероспејс индустрис“ (IAI). „Системот ќе биде готов и целосно оперативен во рок од 35 месеци од денес“, рече Дендиас, додавајќи дека грчките компании ќе произведуваат најмалку 25 проценти од компонентите на системот. Грција моментално користи американски системи „Патриот“ и стари руски системи „С-300“ за заштита на својот воздушен простор, а до 2036 година планира да инвестира околу 28 милијарди евра во модернизација на своите вооружени сили.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТошковски: Секој што се огрешил пред законот ќе одговара18:20Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00Царинска управа: Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари09:19Сончево со температура до 34 степени 08:31Десетици повредени граѓани, оштетени автомобили и објекти остави невремето зад себе 15:00
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00
МакедонијаТошковски: Секој што се огрешил пред законот ќе одговараГостиварци би можеле да добијат вода за техничка употреба до крајот на неделава...На таа тема во Гостивар попладнево прес-конференција одржа кризниот штаб каде информираа за актуелната состојба во градот... Таму е Дејан Трајкоски, Дејан дали е почнато хиперхлорирањето и кога би можеле гостиварци да добијат чиста вода за користење, што велат анализите? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter