3Видео: Шокантни сцени по финалето во американскиот Куп на шампионите: Меси во судир со комесарот на МЛС
ФудбалСедлоски нов селектор на македонската А-репрезентацијаУправниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на денешната седница донесе одлука за избор на нов селектор на македонската А-репрезентација. За нов селектор е именуван Гоце Седлоски.Членовите на највисокото тело на ФФМ, одлуката за избор на нов селектор на македонската А-репрезентација ја донесоа по предлог на Комисијата за избор на селектор, составена од Масар Омерагиќ – претседател на ФФМ, Горан Пандев – директор на Национални репрезентации, Николче Новески – раководител на Скаутинг службата на ФФМ, Агим Ибраими – член на Управниот одбор на ФФМ и Марјан Стојковски – потпретседател на ФФМ. Гоце Седлоски е едно од најпрепознатливите имиња во историјата на македонскиот фудбал. Како фудбалер, поранешниот репрезентативен капитен оствари 100 настапи и постигна 8 голови за националниот тим, со што останува првиот македонски фудбалер кој запишал 100 настапи за репрезентацијата. Седлоски има и претходно искуство во стручниот штаб на националниот тим. Во август 2012 година ја водеше македонската А-репрезентација како в.д. селектор на пријателскиот натпревар против Литванија во Скопје (1:0). Во својата тренерска кариера, Гоце Седлоски работеше како асистент и в.д. селектор на Македонија, а на клупско ниво ги предводеше Хоризонт Турново, Вардар, Рига (Летонија), Широки Бријег (Босна и Херцеговина), вториот тим на Динамо Загреб (Хрватска), Шкупи, Влазниа (Албанија) и Работнички. Во досегашната тренерска кариера, Седлоски освои три шампионски титули, со ФК Вардар во сезоните 2015/16 и 2016/17, со ФК Шкупи во сезоната 2021/22, како и Куп титула со ФК Вардар во сезоната 2024/25. Како фудбалер, имаше богата кариера настапувајќи за повеќе клубови во Македонија и странство. Своите професионални чекори ги започна во Братство Горно Коњари и Питу Гули Крушево, по што настапуваше за Победа Прилеп, каде го привлече вниманието со своите настапи. Кариерата ја продолжи во Хајдук Сплит и Динамо Загреб во Хрватска. Седлоски, воедно е прв странец кој ја носел капитенската лента на Динамо Загреб. Потоа настапуваше за Шефилд Венздеј во Англија. Интернационалното искуство го надополни со настапи во Вегалта Сендаи (Јапонија), Дијарбакирспор (Турција) и Матерсбург (Австрија), градејќи респектабилна фудбалска кариера. Фудбалската федерација на Македонија верува дека искуството, авторитетот и длабокото познавање на македонскиот фудбал на Гоце Седлоски ќе придонесат за стабилност, континуитет и напредок на националниот тим во претстојниот период. Официјалната промоција на Гоце Седлоски за селектор на македонската А-репрезентација е закажана за утре (вторник), со почеток во 11:30 часот, во хотел „Хилтон“ во Скопје. Тагови: Седлоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29Мицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53ЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
СветТрамп најави отворање на воена база во Полска: Одлична вест!Соединетите Американски Држави наскоро ќе отворат воена база во Полска, објави американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.Во објавата, Трамп ја пофали соработката со полскиот претседател Карол Навроцки. „ОДЛИЧНИ ВЕСТИ! Благодарение на храброто водство на мојот пријател, полскиот претседател Карол Навроцки, постигнат е голем напредок кон воспоставување американска воена база во Полска“, напиша тој. Недолго потоа, неговата објава беше споделена од Белата куќа на официјалниот профил на мрежата X. Оваа објава следи по претходните информации дека САД ќе го намалат бројот на своите војници стационирани во Германија. Дел од тие сили треба да го зајакнат источното крило на НАТО во соседна Полска.Тагови: Доналд Трамп Полска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29Мицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53ЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
СветТрамп повторно им забрани на палестинските лидери да учествуваат на Генералното собрание на ОН Администрацијата на САД втора година по ред им одби визи на палестинските функционери кои требаше да присуствуваат на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк. Одлуката беше објавена вчера, пред сесијата што започнува следната недела, и повторно ја спречува палестинската делегација лично да присуствува на годишниот светски форум, објавува „Гардијан“. Објаснување на Стејт департментот Стејт департментот во соопштението изјави дека Палестинската самоуправа и Организацијата за ослободување на Палестина (ПЛО) „не ги исполнија своите обврски“. Американската администрација ги обвинува за обид за интернационализација на израелско-палестинскиот конфликт, вклучително и со покренување постапка пред Меѓународниот кривичен суд (МКС) и Меѓународниот суд на правдата (МСЈ). Обвиненијата вклучуваат „славење на тероризмот“. „Поради нивниот неуспех да спроведат реформи, што ги крши нивните обврски кон Соединетите Американски Држави и нивните континуирани активности што ги поткопуваат перспективите за мир, Соединетите Американски Држави ќе ги прошират санкциите со кои им се одземаат визи на членовите на ПЛО и на функционерите на Палестинската самоуправа“, се вели во соопштението на министерството. „Неоправдана мерка“ Министерството за надворешни работи на Палестинската самоуправа денес ги отфрли обвинувањата на САД. Во него се опишани одбивањата на визи како „неоправдана мерка“ што „се спротивставува на напорите за обнова на довербата, развивање на палестинско-американските односи и создавање политичка клима неопходна за спроведување на решение за две држави и постигнување мир и стабилност во регионот“. Според достапните информации, меѓу службениците на кои им е забранет влез во САД е и долгогодишниот претседател на Палестинската самоуправа, Махмуд Абас. Според „Њујорк тајмс“, Генералното собрание на ОН треба да гласа за нацрт-резолуција во четврток што ќе му овозможи на Абас да им се обрати на учесниците од далечина. Оваа информација ја потврдија двајца службеници запознаени со планот за гласање. Минатата година, Абас се обрати и на Генералното собрание преку видеоконференција. Општата дискусија на овогодишната сесија започнува на 22 септември.Тагови: ОН палестински Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаФрлиле комода со скриени 50.000 евра- на жената што ги пронашла ѝ се заканува затвор Брачен пар од Варжимице, во близина на Шчеќин, Полска, фрлиле стара комода додека го реновирале својот стан, само за неколку часа подоцна да сфатат дека ги оставиле своите животни заштеди во една од фиоките. Мебелот оттогаш исчезнал, заедно со парите. Првичните информации беа за 42.000 евра, но портпаролката на Окружното обвинителство во Шчеќин, Јулија Шозда, подоцна изјави за TVN24 дека во комодата имало повеќе од 50.000 евра, па дури и повеќе од 10.000 злоти. Тие сфатиле што направиле дури неколку часа подоцна Сè се случило на 31 август. За време на чистењето, парот извадил непотребен мебел и го оставил покрај настрешницата со контејнери. Голема количина пари во готово била оставена во една од фиоките на комодата. Кога сопствениците сфатиле што се случило и се вратиле да ги земат парите, комодата ја немало. Тие го пријавиле случајот во полиција, а според полските медиуми, во претресот бил вклучен и приватен детектив. Полицијата во Миержин ги прегледале снимките од безбедносните камери, разговарале со сведоци и реконструирала што се случило со мебелот. Утврдено е дека тој завршил во стан во полицискиот округ, а потоа трагата ја одвела полицијата до парите. Целата сума била пронајдена во стан во Шчеќин и вратена на сопствениците. Жената што ги пронашла парите добила кривична пријава Сепак, приказната не завршила со враќањето на парите. Обвинителството покренало постапка против жената што ја зела комодата. Според обвинителството, во времето кога го зела мебелот, не знаела дека има пари во него. Но, откако ги пронашла, не ги известила сопствениците ниту властите за тоа. „Обвинето е едно лице, жена што ги пронашла парите и не известила никого за тоа. Осомничената одби да сведочи. Истрагата е во тек“, рече Шозда. Полската полиција предупредува дека пронаоѓањето туѓи работи или пари не значи дека пронаоѓачот може да ги задржи. Присвојувањето на пронајден предмет во овој случај е казниво со парична казна, ограничување на слободата или затвор до една година.Тагови: затвор комода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook