Седела во кафуле кога пред неа се појавило нешто морничаво(видео) - Канал 5

Седела во кафуле кога пред неа се појавило нешто морничаво(видео)

 – Се извивало движејќи се накај неа 

Седела во кафуле кога пред неа се појавило нешто морничаво(видео)

Една жена била видно шокирана по посетата на едно крајно необично кафуле за чиј бизарен детаљ воопшто не знаела.

Во денешно време, кога конкуренцијата меѓу рестораните и кафулињата е огромна, сопствениците се во постојана трка да привлечат што повеќе клиенти. Креативни концепти, необични ентериери и несекојдневни искуства се само дел од клучните начини да се истакнат на пазарот. Сепак, едно кафуле отишло чекор понатаму. Во голема стаклена маса вметнале огромна жива змија, што кај гостите предизвикала низа бурни реакции.

Една жена доживеала неочекуван шок додека уживала во својот пијалак. Стаклената маса на која седела, не била само декоративна, под проѕирната површина имало вистински мини-аквариум во кој се извивала огромна змија. На прв поглед се изгледало сосема нормално, но во моментот кога змијата почнала да се движи се променила атмосферата во кафулето.

Во видео, споделено на Инстаграм, посетителите на ова кафуле рефлексно ги креваат чиниите и чашите додека под нив се извива змија, додека други бесно коментираат. Една жена ја снимила реакцијата на својата пријателка, очигледно забавувајќи се, додека на повеќето присутни ова искуство воопшто не им било смешно. Овој уникатен концепт можеби е замислен како атрактивен, но кај многумина предизвикал непријатност и осуда поради очигледната злоупотреба на животното.

Жената која на почетокот на видеото мирно пие пијачка и ужива во ноќното излегување, ја крева чашата од маса и за малку не паѓа од столот кога нејзината пријателка ќе ѝ ја покаже огромната змија. Се чини дека и другите гости не биле свесни за присуството на оваа змија во стаклената маса, па механички ги да креваат чашите и чиниите од масата.

Реакциите на социјалните мрежи беа различни. Оваа необична ситуација предизвика дебата - дали овие идеи се само безопасна забава или неетички начин да се привлече внимание?

- Веднаш би се избегала од таму.

- Ова е сурово кон животното.

- Барем госпоѓата и виното се добри!

- Одлична опција за диета, апетитот веднаш исчезнува!

- Кутрото животно.

- Апсолутно кул и уникатна маса, но тажен живот за тоа суштество.

- Кутрото.

- Ова е злоупотреба на животните и чиста суровост.

- Нема да одам таму, не поддржувам злоставување на животни.

- Не ми се допаѓа ова.

- Каде е ова да знам за никогаш да не отидам?

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СВР Велес го расчисти случајот со уништување на урбаната опрема во дворот на основното училиште „Васил Главинов“ во Велес

На 18.08.2026 и 19.08.2026, полициски службеници од СВР Велес извршија службени разговори со двајца малолетници на возраст од 15 години.

СВР Велес го расчисти случајот со уништување на урбаната опрема во дворот на основното училиште „Васил Главинов“ во Велес

Во врска со видеото објавено на социјалните мрежи каде две лица оштетуваат опрема во дворот на основното училиште „Васил Главинов“ во Велес, а по претходна пријава за оштетени спортски реквизити и тартан подлогата на ракометното игралиште во дворот на училиштето, СВР Велес презеде мерки и активности за пронаоѓање на сторителите. На 18.08.2026 и 19.08.2026, полициски службеници од СВР Велес извршија службени разговори со двајца малолетници на возраст од 15 години, во присуство на нивните родители и претставник од Центарот за социјални работи Велес и по целосно расчистување и документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

12 активни пожари низ Македонија, најкритично во мариовско

Денеска во земјава има 12 активни пожари, од кои 4 се активни, а 8 се веќе изгаснати.

12 активни пожари низ Македонија, најкритично во мариовско

Најкритично се уште е во Мариoво.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Божиновска – Мацинка: Одличната соработка со Чешка продолжува со нови можности во енергетиката и минералните суровини

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари средба со заменик-премиерот и министер за надворешни работи на Чешката Република, Петр Мацинка, кој престојува во официјална посета на Македонија.

Божиновска – Мацинка: Одличната соработка со Чешка продолжува со нови можности во енергетиката и минералните суровини

Енергетиката, инвестициите и примената на современи технологии беа во фокусот на средбата на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со заменик-премиерот и министер за надворешни работи на Чешката Република, Петр Мацинка.

На средбата беше потврдена одличната и континуирана соработка меѓу Македонија и Чешката Република, со заедничка оценка дека постои значителен простор за нејзино натамошно продлабочување, особено во енергетскиот сектор.

Во разговорот посебно внимание беше посветено на можностите за чешки инвестиции и поголемо присуство на чешки компании во Македонија, како и на размената на експертиза и технологии во области од стратешко значење – енергетска инфраструктура, обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност и модернизација на енергетските системи.

„Чешка е наш докажан и значаен партнер. Имаме одлична соработка и воспоставени канали на комуникација, а сега целта е да направиме уште еден чекор напред – од размена на искуства кон конкретни проекти, инвестиции и технолошки партнерства. Македонија има голем потенцијал, а чешкото знаење и искуство можат да бидат значаен придонес во нашата енергетска трансформација“, истакна министерката Божиновска.

Божиновска го потенцираше и значењето на директното институционално поврзување и економската дипломатија за отворање нови можности за македонските компании и привлекување инвеститори од Чешка.

Соработката меѓу двете земји во економијата и енергетиката веќе има конкретна основа. Во март 2025 година, министерката Божиновска беше копретседавач на Третиот состанок на Мешовитиот комитет за билатерална економска соработка меѓу Македонија и Чешката Република, каде што беа разгледани можностите за унапредување на економската соработка, трговската размена и реализација на проекти од заемен интерес.

Во рамки на оваа соработка, македонската страна во изминатиот период оствари и директни контакти со релевантни чешки енергетски институции и компании, со цел размена на искуства и создавање услови за конкретни партнерства.

На средбата беше заклучено дека енергетската транзиција, сигурноста на снабдувањето и модернизацијата на инфраструктурата се области во кои двете земји имаат заеднички интерес, а постои потенцијал за продлабочување на соработката преку конкретни проекти и вклучување на бизнис-заедниците.

Средбата Божиновска – Мацинка е потврда дека традиционално добрите политички односи меѓу Македонија и Чешка се претвораат во сè посилна економска и енергетска соработка, со фокус на инвестиции, технологии и конкретни резултати.

Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер