Себастијан Ожие по деветти пат светски шампион во рели - Канал 5

Себастијан Ожие по деветти пат светски шампион во рели

Французинот од тимот на Тојота, Себастијан Ожие со третото место на денешното рели во Саудиска Арабија ја обезбеди рекордната деветта титула во Светското првенство во рели .

Себастијан Ожие по деветти пат светски шампион во рели

Со овој подвиг, возачот на Тојота го израмни рекордот на својот сонародник Себастијан Лпеб и воедно стана најстариот шампион во овој спорт на 41-годишна возраст.

Ожие го заврши релито на WRC во Саудиска Арабија на третото место, додека до сега водечкиот, Велшанец Елфин Еванс заврши дури на шесттата позиција. Еванс, кој се надеваше дека ќе стане првиот британски шампион по Ричард Бернс во 2001 година, го започна релито со предност од три бода.

„Мислам дека направивме што можевме во разумни граници. Дупнатата гума во саботата наутро не помогна, но тоа е поентата на играта, секој имаше свои проблеми.“изјави разочараниот Бернс по релито.

Инаку легендарниот Себастијан Лоеб своите девет последователни титули ги освои од 2004 и 2012 година со Ситроен.

Ожие пак освои шест титули по ред од 2013 до 2018 година, а додаде уште две во 2020 и 2021 година. Тој ги освои титулите со три различни конструктори: Фолксваген, Форд и Тојота.

Инаку Ожие кој на 17 декември ќе го прослави својот 42 години , сега е најстариот возач во историјата кој ја освоил светската титула. Претходно најстар возач беше Финецот Хану Микола со 41 година и 183 дена во 1983 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најсекси хокеарката во светот заведе познат спортист

 Според „Us Weekly“, кој се повикува на добро упатени извори, нивната врска е нова, а наводно и двајцата се многу среќни.

Најсекси хокеарката во светот заведе познат спортист

Ѕвездата на голфот Брајсон Дешамбо и манекенката Микајла Демајтер – која некои медиуми ја нарекуваат „најсекси хокеарка во светот“ – наводно се во врска.

Според „Us Weekly“, кој се повикува на добро упатени извори, нивната врска е нова и наводно и двајцата се многу среќни.

Шпекулациите за нивната романса се интензивираа откако Микајла беше забележана на турнир во голф од серијата „LIV Golf“ во Њујорк.

Таа имаше пропусница за гости и носеше качкет на „Crushers GC“ – тимот што го предводи ДеШамбо. Сомнежите дополнително се поттикнаа кога поранешната хокејарка објави фотографија пред полица полна со патики и качкети, што ги наведе некои од следбениците да заклучат дека таа се наоѓа во домот на голферот.

Набргу потоа, таа објави фотографија од терен за голф покрај море на својата „Инстаграм стори“ (Instagram Story), со што дополнително ги подгреа гласините.

Сепак, ДеШамбо (32) и Демаитер (26) сè уште јавно не потврдиле дека се во врска. Според истиот извор, „и двајцата се прилично повлечени кога станува збор за врски“.

Микајла Демајтер се здоби со огромна популарност на социјалните мрежи, а медиумите ја нарекоа „најсекси хокеарка во светот“. Таа беше голманка на тимот „Блувотер Хокс“ во канадска јуниорска лига, но беше принудена да ја заврши својата хокеарска кариера на 19-годишна возраст поради повреда.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пратеничката Славјанка Петровска учествува на Националниот молитвен појадок на Украина во Киев

Пратеничката во Собранието на Република Македонија, Славјанка Петровска, учествува на Националниот молитвен појадок на Украина, кој се одржува 23 август 2026 година  во Киев.

Пратеничката Славјанка Петровска учествува на Националниот молитвен појадок на Украина во Киев

Националниот молитвен појадок претставува значаен духовен и дипломатски настан кој ги обединува политичките, верските, граѓанските и меѓународните лидери околу напорите за мир, единство, правда и иднината на Украина. На настанот присуствуваат високи украински претставници, меѓународни партнери, пратеници, верски лидери, припадници на вооружените сили, семејства на загинатите борци, хуманитарни и добротворни организации, како и младински лидери. Националниот молитвен појадок на Украина се одржува под покровителство на Претседателот на Украина и ja продолжува традиција започната во Соединетите Американски Држави во 1953 година. Годинешното издание на Молитвениот појадок има посебно историско значење, бидејќи се совпаѓа со одбележувањето на 35-годишнината од независноста на Украина.

Во рамките на состанокот, пратеничката Славјанка Петровска оствари средба со Игор Жовква, заменик шеф на Кабинетот на Претседателот на Украина. На средбата, Петровска ја потврди силната и недвосмислена поддршка на Република Македонија за Украина и ја реафирмираше посветеноста кон напорите насочени за постигнување праведен и траен мир. Во оваа прилика, на пратеничката Славјанка Петровска и’ беше врачен орденот “Принцеза Олга”, прв степен, што на 4 септември 2023 година и’ го додели Претседателот на Украина, за нејзиниот личен придонес во зајакнувањето на одбранбените способности на Украина.

Учество на Петровска на Националниот молитвен појадок на Украина претставува израз на солидарноста и поддршката од Република Македонија кон украинскиот народ и укранските институции, во време кога земјата продолжува да го брани својот суверенитет, независност и територијален интегритет.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Превозниците најавија протест пред Делегацијата на ЕУ во Скопје на 31 август

Превозниците најавија протест пред Делегацијата на ЕУ во Скопје на 31 август

Македонските превозници на 31 август најавуваат протест поради проблемот со ограничувањето на престојот на професионалните возачи во Шенген-зоната на 90 дена во рамките на 180 дена.

Од асоцијацијата „Макам-Транс“ информираат дека одлуката за двочасовен протест следниот понеделник била донесена пред неколку дена.

Простестот според најавите ќе биде пред седиштето на делегацијата на ЕУ во земјава, со минимум 20 возила, како и присуство на сошственици на компании, возачи и други врбаотени од сите градови низ државата, велат од асоцијацијата и додаваат дека ваков протест во иститот временски преиод од 12 до 14 часот ќе има и во Србија, Црна Гора и Босна и истите ќе се одржат ден пред состанок во Брисел на кои работна група ќе разговара за ова прашање.

Доколку на состанокот не се донесе преодно решение за престој на возачите во шенген зоната, предложено е да се одржи протест на граничните премини на секоја држава поодделно со почеток на 14 септември.... За овој вид на протест потребно е согласност од превозниците на секоја држава, но и добивање на одобрение од надлежните органи, особено што се планира ист протест како и во јануари оваа година, кој може да трае подолго и од 10 дена, се вели во соопштението на макам трнас.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер