Сеат и Купра се здружија за заедно да произведуваат батерии - Канал 5

Сеат и Купра се здружија за заедно да произведуваат батерии

Шпанските брендови започнаа со сериско производство на системи за батерии во нивната фабрика во Марторел, што е последен чекор пред почетокот на сериското производство на Cupra Raval,првото целосно електрично возило што ќе се произведува во фабриката.

Сеат и Купра се здружија за заедно да произведуваат батерии

Новиот електричен модел треба да биде на патот ова лето.

Една батерија на секои 45 секунди

Системите за батерии склопени во Марторел се базираат на технологијата Unified Cell на Volkswagen Group и ќе се користат во два електрични модели, CUPRA Raval и Volkswagen ID. Semi. Фабриката има производствен капацитет од 1.200 батерии дневно, или до 300.000 единици годишно, што значи една батерија на секои 45 секунди.

„Почетокот на сериското производство на системи за батерии е клучен чекор во трансформацијата на нашата компанија и нè доближува до сериското производство на Cupra Raval. Така, Марторел ќе стане целосно флексибилна фабрика, подготвена да ја предводи Шпанија во транзицијата кон електромобилност“, рече Маркус Хаупт, извршен директор на Seat & Cupra.

Фабриката е изградена за помалку од две години

Фабриката за системи за батерии со површина од 64.000 квадратни метри е изградена за помалку од две години, вработува 500 вработени и има инсталирано 11.000 соларни панели на покривот, кои обезбедуваат 70 проценти од електричната енергија потребна за процесот на склопување.

Тековната 2026 година означува историски момент за Seat & Cupra, кои преку проектот Future: Fast Forward, со поддршка на Volkswagen Group и партнерите, инвестираат 10 милијарди евра во електрификација на Шпанија и преземаат водечка улога во развојот на проектот Electric Urban Car Family на Volkswagen Group.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува судењето на апелацискиот судија Ѓоко Ристов

Продолжува судењето на апелацискиот судија Ѓоко Ристов. 

Продолжува судењето на апелацискиот судија Ѓоко Ристов

Тој е обвинет за непријавување имот, прикривање имот и перење пари, откако истражителите пронајдоа заѕидани 350.000 евра во кујната од домот на неговите родители во Неготино.

Судијата Ристов негира вина и тврди дека парите не се негови, а одбраната најави презентирање документи за потеклото на средствата.

Случајот го води судијката Билјана Коцевска од одделот за гонење организиран криминал. Вчера се случи и инцидент во кој беше опожарен патничкиот автомобил „фолксваген пасат“ што го користел обвинетиот судија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Македонската дијаспора е жртва на блокадата на СДС, Левица и ДУИ

Блокадите што СДС, Левица и ДУИ ги спроведуваат во Собранието се насочени директно против граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ: Македонската дијаспора е жртва на блокадата на СДС, Левица и ДУИ

Најголема жртва на нивната неодговорна политика е македонската дијаспора, која повторно е ставена во втор план поради теснопартиски интереси на СДС Левица и ДУИ.

СДС, Левица и ДУИ со нивните опструкции на законските решенија што треба да ги олеснат административните процедури и да ги подобрат услугите за нашите иселеници, јасно покажуваат дека политичките пресметки им се поважни од потребите на стотици илјади македонски граѓани кои живеат и работат надвор од државата.

Македонската дијаспора со години дава огромен придонес за развојот на државата. Таа инвестира, помага на своите семејства, отвора можности за нови економски врски и ја промовира Македонија низ светот. Наместо да им се овозможат побрзи, поефикасни и подостапни услуги, СДС, Левица и ДУИ одлучија да ги блокираат процесите за олеснување на гласањето и носењето на новиот Изборен законик.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува цврсто определена да работи во интерес на сите македонски граѓани, без разлика дали живеат во татковината или надвор од неа. Нашата цел е модерна, ефикасна и достапна администрација која ќе биде вистински сервис за дијаспората.

Ги повикуваме СДС, Левица и ДУИ да престанат со деструктивните блокади и конечно да покажат чувство на одговорност. Интересите на македонската дијаспора не смеат да бидат заложник на дневнополитички калкулации.

Македонија има обврска да ги поврзува своите граѓани, а не да дозволи некој да ги оттурнува поради политички мотиви.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски да им се извини на граѓаните на Македонија за своето однесување во Собранието

Христијан Мицкоски смета дека едно срамно изговорено, изнудено „извинете“ во празна собраниска сала може да ги измие сите досегашни навреди кон граѓаните. 

СДСМ: Мицкоски да им се извини на граѓаните на Македонија за своето однесување во Собранието

Не може!

Не може да ги нарекуваш граѓаните „талог на општеството“, „глодари“, „медиокритети“, „мекотели“ па потоа заедно со својот прв соработник Иван Стоилковиќ да пцуе пратеници во Собранието.

Такво однесување не доликува на универзитетски професор. Тоа е срамота и за универзитетот и за собранието и за државата.

Вакво однесување на еден премиер досега не е видено во ниту една нормална држава.

Спуштањето на ова ниво не може да се оправда со ништо, а најмалку со губењето на поддршката од граѓаните и со падот на личниот рејтинг - кој пак самиот си го предизвика со своите секојдневни лаги.

Мицкоски не им се извини на граѓаните.

Тој се обиде да прикаже дека се извинува на пратениците, во момент кога салата беше празна, со цел да создаде привид на „исправка“.

Но граѓаните не се наивни.

Вистинското извинување значи признавање на грешката.

Досега од Мицкоски видовме само театар.

Граѓаните заслужуваат почит. А не навреди од премиерот на државата.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер