Сеат ги одложува премиерите на електричните модели, а Купра останува приоритет - Канал 5

Сеат ги одложува премиерите на електричните модели, а Купра останува приоритет

По годишната конференција на Seat, одржана оваа недела во Барселона, работите станаа појасни.

Сеат ги одложува премиерите на електричните модели, а Купра останува приоритет

Несомнено е дека Seat ќе ја вложи целата своја сила во Cupra, еден од најмладите брендови, но и бренд на кој му оди многу добро на европскиот пазар откако се истакна во 2018 година. Наместо да најавува нови производи за Seat, Вејн Грифитс, шеф на двете марки, потврди дека Seat не планира да лансира електрични модели во скоро време. Барем не до 2026 година, што потврдува дека во однос на електрификацијата, Cupra е исто така во прв план.

Според британскиот Autocar, Грифитс изјавил: „Новите електрични автомобили на кои во моментов сме фокусирани се за Cupra. Не можеме да ги електрифицираме двете марки одеднаш. Седиштето е за мотори со внатрешно согорување, Cupra е BEV (електрично возило со батерии). Мислам дека идејата двата бренда да се надополнуваат еден со друг, бидејќи тие се на пазарот во исто време, особено во оваа преодна фаза, има многу смисла“.

Преведено, тоа значи дека Seat ќе биде без електричен модел во својата постава уште неколку години, што ќе го стави во неповолна положба во однос на веќе добро наелектризираната конкуренција. Единственото место каде што ќе помине струјата е т.н. на микромобилност, каде Seat го најави своето присуство со концептите Mo и Minimo.

Да кажеме и дека првиот човек на Фолксваген, Томас Шефер, претходно изјави дека иднината на шпанската марка е сигурна барем до 2028 или 2029 година. Од друга страна, Cupra веќе има електричен полнач, а наскоро доаѓаат и Tavascan и уште еден неименуван модел, најавен за 2025 година преку концептот UrbanRebel.

Cupra минатата година продаде 152.900 примероци, што е речиси двојно повеќе од претходната година. Благодарение на ова, Seat за прв пат од 2019 година имаше оперативна добивка од 179 милиони евра. Во текот на оваа година, шпанскиот производител ги зголеми испораките за дури 27%, односно Seat за 12% и Cupra за дури 75%.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Скопјанец ја исфрли „цела дневна соба“ на улица во Кисела Вода – има ли „лек“ за несовесните граѓани

Од Порше – со ѓубре директно во Лепенец, мебел и врати среде улица во Шуто Оризари, а синоќа скопјанец ја исфрли речиси цела дневна соба близу контејнер во Кисела Вода. 

Скопјанец ја исфрли „цела дневна соба“ на улица во Кисела Вода – има ли „лек“ за несовесните граѓани

Трите случаи за неполна недела, оправдано ги отвораат дилемите дали казнената политика е доволна.

Несовесниот граѓанин бил затекнат како остава градежен шут и кабаст отпад, но инспекторите го фатиле на дело и го санкционирале.

градоначалникот на град Скопје Орце Ѓорѓиевски за Канал 5 вели дека случаите не се изолирани и дека треба дополнително да се заострат санкциите, за што како што вели, веќе презел иницијатива..

„Вкупната казна којашто вчера затекнатиот сторител ја доби е 490 евра, но такви казни се изрекуваат цел изминат период на поединци или на групи кои девијантно се однесуваат во градот Скопје.“ – Орце Ѓорѓиевски.

Во исто време траат подготовките за поставување на камерите, кои треба да ги регистрираат ваквите прекршоци. Ѓорѓиевски вели дека се прибира потребната документација, а планот е низ Скопје да бидат поставени 200 камери.

,,Станува збор за 200 камери коишто ќе бидат распоредени на најкритичните места во градот Скопје...Јас морам да истакнам дека камерите нема целосно да ја покријат територијата, но сериозно ќе влијаат во создавањето на диви депонии надвор од населени места“, – Орце Ѓорѓиевски.

Реакциите во јавноста се интензивираа по случајот пред неколку дена кога жена паркираше покрај Лепенец и фрли ѓубре во реката, а плати повеќе за погрешно паркирање, отколку за загадување на животната средина, за кое е предвидена казна од 40, односно 20 евра ако се плати во рок од една недела.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ќе најде ли одек во Брисел предлогот на Мицкоски за вклучување на ЕУ во дијалогот со Софија?

Европското посредување може да даде нов политички импулс за надминување на разликите со Бугарија и деблокирање на македонскиот евроинтегративен процес, оценуваат дел од експертите.

Ќе најде ли одек во Брисел предлогот на Мицкоски за вклучување на ЕУ во дијалогот со Софија?

Според нив, барањето на Владата идните разговори со Софија да се водат со поголема вклученост на Европската Унија е логичен чекор, особено во пресрет на посетата на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на Скопје.

Последната изјава на премиерот Христијан Мицкоски од Вашингтон, според аналитичарите, покажува две паралелни линии во владината политика. Од една страна, нема откажување од постојните меѓународни договори и од разговорите со Софија, но од друга, Владата не сака нов чекор во процесот без поголема вклученост на ЕУ и гаранции дека патот напред ќе биде предвидлив.

-Со оглед на сегашниот контекст, каде што бугарскта страна всушност тврди е европско прашање, дека протоколите се дел од рамката, дека целата преговарачка рамка всушност е нешто што ЕУ го побарала од земјава, апсолутно има смисла таквото барање да се поставува постојано и постојано. Дали ќе биде прифатено се сомневам, меѓутоа е начинот на кој што треба да се оди. На крај на краишта може да биде медијација на земји членки не мора да само преку ЕУ да оди – вели -Трошановски.

-Повикот е добар, дури и механизмот е добар. Разговори со Бугарија во присуство на ЕУ. Тоа праќа една политичка порака дека Мицкоски е подготвен да разговара за пробив во евроатланските интеграции. Но, тука се разбира останува проблемот со тврдата позиција на Бугарија, која вели дека францускиот предлог е конечен. Став, на кој на повеќе пати се приклучи и ЕК и ЕУ кои велат дека тоа се условите,- – Петар Арсовски, аналитичар .

Двајцата експерти посочуваат дека идејата за европско посредување не е нова, но токму посетата на Фон дер Лајен на Скопје ја гледаат како можност повторно да се отвори прашањето и да се потврдат македонските позиции. Во фокусот, покрај уставните измени, е и Акцискиот план за заштита на правата на заедниците, за кој Владата бара прифаќање и од бугарска страна.

-Што се однесува до акцискиот план на малцинства, тој недвосмислено беше поддржан од сите авторитети од Советот на Европа, ЕК и од сите земји членки минус Бугарија. Дали посебен формат во коишто ќе се убедува Бугарија, истиот да го прифати а тоа е првиот чекор ние да отпочнеме со преговори не знам дали ќе вроди со плод – посочува Трошановски.

-Посетата на Фон дер Лајен ќе биде политички поттик за побрза одблокада на евроинтеграциите. Било каков план, наш предлог или некаква идеја за тоа како овој процес може да се забрза, сигурен сум дека ќе биде добредојден од страна на ЕУ и ќе се соочи со понуда за помош – заклучува Арсовски.

Но, уставните измени не се единствената обврска на патот кон отворање на првиот преговарачки кластер.

Македонија треба да го финализира и Акцискиот план за заштита на правата на припадниците на малцинствата и заедниците, кој предвидува конкретни мерки против дискриминацијата и говорот на омраза, мерки во образованието, како и механизми за пријавување и институции задолжени за нивно спроведување. Планот е дел од условите поврзани со кластерот „Темели“, па и по евентуалното усвојување на уставните измени, земјава ќе треба да ги исполни и останатите почетни мерила за да може да го отвори првиот кластер.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Црн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени

Се обидел со голема брзина да ги претекне, ги удрил во задниот дел од возилото и ги исфрлил од патот во дол.

Црн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени

Се обидел со голема брзина да ги претекне, ги удрил во задниот дел од возилото и ги исфрлил од патот во дол – две лица, 49 и 71 годишен, кои по судирот излетале од автомобилот опел корса, го загубија животот во фаталната собраќајна несреќа која синоќа се случила на автопатот кон Скопје, кај кумановското Агино Село. 65 годишниот скопјанец со Мерцедесот, кој ги удрил, завршил во банкината на неколку метри од местото на судирот.

Токму над мене е автопатот каде што излетала опел корсата и се превртила на покрив, завршувајќи во овој двор, притоа рушејќи ограда за на крај да запре при удар во дрво.

За страотната несреќа, покрај деловите од облеката и обувките на сопатниците во Корсата кои го загубија животот, сведочат и испокршените делови по коловозот и во дворот каде што автомобилот. кој екипата на Канал 5 го затекна додека службите ја отстрануваа од самото место.

Ова е состојбата на Опел Корсата по фаталната несреќа, во која животот го загубија две лица.

По судирот, бројни граѓани од Агино село и полициски службеници веднаш се впуштиле во помош и извлекување на остатите три лица кои ја преживеале несреќеата од автомобилот, а за кратко време дошла и итната медицинска помош. Меѓу повредените има и жена во деветиот месец од бременоста. Сите тројца се пренесени во комплексот клиники Мајка Тереза.

Веднаш по сообраќајната несреќа, возачот на мерцедесот е приведен и во моментов е во притовор во Куманово. Допрва истрагата ќе треба да утврди како точно дошло до судирот.

-Увид извршила екипа од СВР Куманово, а по наредба на ЈО, М.М. бил лишен од слобода и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава--СВР Куманово.

Трагичната ноќ не заврши кај Агино Село. 17 годишна девојка загина, а четворица се повредени по сообраќајна несреќа која се случила на патот Битола – Прилеп, кај местото викано „Туланата“. Возилата ги управувале 28 годишник од прилепско Канатларци и 48 годишен жител од Могила. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило и седум годишно дете.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер