Се живее ли добро од филм во Македонија? - Канал 5

Се живее ли добро од филм во Македонија?

„Балканот не е мртов“,„Трето Полувреме“,„Духот на Баба Илонка“,се само дел од филмските проекти во кои бил вклучен продуцентот Горјан Тозија, вели директорката Мими Ѓоргоска Илиевска, демантирајќи ја неговата изјава дека во последните 12 години не работел на ниту еден проект финансиран од страна на Агенцијата за филм.

Се живее ли добро од филм во Македонија?
Директорката на Агенцијата за филм пак тврди дека продуцентот Тозија воопшто не аплицирал за филмски проект до нив согласно законот за филмска дејност. Според неа изјавата на продуцентот е само уште еден обид да се изманипулира македонската јавност и да се дискредитира успешната културна политика на Република Македонија.

Актуелниот долгометражен игран филм „Ослободување на Скопје“ во режија на Раде Шербеџија, е поддржан од страна на Агенцијата за филм со износ од 30.000.000 денари, а воедно за овој филмски проект се доделени и дополнителни средства во износ од околу 46.милиони денари. Согласно доставената документација во Агенцијата за филм Горјан Тозија во овој проект се јавува како продуцент чиј хонорар изнесувал околу 50 илјади евра, велат од Агенцијата. Лични хонорари Тозија добил и како извршен продуцент во долгометражниот игран филм „Трето Полувреме“ во режија на Дарко Митревски, а работел и на долгометражниот игран филм „Балканот не е мртов“ во режија на Александар Поповски. Како ко-продуцент Тозија се јавува и во долгометражниот игран филм со македонски малцински удел „Духот на Баба Илонка“ . Покрај наведените филмски проекти минатата година Тозија бил поддржан и со финансиски средства од страна на Агенцијата за филм за присуство на Генералното Собрание на Европски продуцентски клуб во Кан, Франција, со износ од 244.730 денари, се наведува во реакцијата на Агенцијата за филм. Директорката Ѓоргоска Илиевска вели дека основната стратегија на Агенцијата при изборот на филмските проекти се естетска вредност и општествена корисност.

Според неа било какво уништување на културата, културните наследства и е споменици во државата е неприфатливо, како што беше и уништувањето на голем број уметничките релјефи за време на Шарената револуција, во која учествуваше и Горјан Тозија.


YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан Мицкоски

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Благодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината.

Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Голферка во секси бикини

Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. 

Фото: Голферка во секси бикини

Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор.

Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува.

Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот.

Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание.

Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи.

Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува.

Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ.

Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер