Се зголемува капитацискиот бод, за матичните лекари и гинеколозите за 33 отсто - Канал 5

Се зголемува капитацискиот бод, за матичните лекари и гинеколозите за 33 отсто

Се зголемува капитацискиот бод, за матичните лекари и гинеколозите за 33 отсто, за стоматолозите за 23 проценти.

Се зголемува капитацискиот бод, за матичните лекари и гинеколозите за 33 отсто

Донесена е одлука за историско зголемување на капитацискиот бод за матичните доктори од општа медицина, гинекологија и стоматологија, почнувајќи од април годинава, соопшти премиерот Христијан Мицкоски. Вредноста на капитацискиот бод за општа медицина и гинекологија ќе се зголеми од 75 на 100 денари или за 33 отсто, додека за стоматологија од 61 на 75 денари или за 23 проценти.

Како што истакна Мицкоски на прес-конференција во Владата, зголемувањето на капитацијата ќе значи повисоки плати и помотивирани лекари.

-Ова зголемување доаѓа по повеќегодишна стагнација во периодот од 2019 до 2022 гоидна кога бодот иснесувал 63 и 48 денари, рече премиерот.

Тој по повод Свтскиот ден на здравјето им се заблагодари на сите лекари за посветеноста и работењето, нагласувајќи дека Владата ќе продолжи да го зајакнува здравствениот систем.

На прес-конференцијата ќе се обратат и министерот за здравство Арбен Таравари, како и директорот на ФЗО Сашо Клековски.

„Во политиката не може да седите на две столчиња“

Претседателот на ЗНАМ и Градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, гостин во Само Интервју

„Во политиката не може да седите на две столчиња“

Максим Димитриевски:

На крај на месецот ќе имаме сондажи што сакаат граѓаните во однос на моето и на политичкото делување на ЗНАМ.

На претходните избори ЗНАМ покажа дека е позициониран во 50 општини ширум државата.

Покажавме дека не сме приврзок на власта, имаме несогласувања но ги решаваме во рамки на коалицијата.

И Груби доколку беше невин требаше да се појави пред лицето на правдата.

Гледам разногласите во вреди, во политиката не може да седите на две столчиња.

Секој еден кој што има отворена или затворена комуникација со ДУИ, за нас е неприфатливо како партија да биде дел од владејачкото мнозинство.

Лидерската беше форма а не суштина, тој што бил составен дел од проблемите не може да биде дел од решението.

Задоволен сум од работата на Филков.

Градоначалникот на Кочани Папазов покажа морална одговорност, но директна кривична одговорност - верувајте сите обвивиненија кои што ќе бидат поднесени во судска постапка ќе паднат.

Одговорноста за кочанската трагедија е против предизвикувачот и оној што овозможил тоа да се случува.

Пред очите на Брисел се потврдија намерите на Бугарија.

Вардарскиот капацитет е важен за нашата земја, инвестиции во коридорите се од големо значење.

YouTube video

YouTube video

Димитриевски: Во политиката не е ништо гарантирано

„На крајот од месецот ќе ја имаме за нас најважната сондажа“

Димитриевски: Во политиката не е ништо гарантирано

Сите опции се во можност, во политиката не е ништо гарантирано, позициите ни ги ностат гласовите на граѓаните, а столчињата не ни се во наследство. Имаме интензивни анализи и сондажи, на крајот од месецот ќе ја имаме за нас најважната сондажа, а тоа е што граѓаните посакуваат, а во случајот со мене е што посакуваат сите оние 87 илјади гласачи кои што пред една година ми ја дадода поддрршката за Претседател на државата. ЗНАМ кој што е нов политички субјект за една година успеа да креира 50 општински организации во државата и целта ние е да се држиме до програмските определби и од позиција на власт да ги реализираме целите и да го направиме поедноставен животот на граѓаните и да се избориме конечно со корупцијата, а состојбата во државата од „минус сто“ да ја доведеме до позитивна нула, исто кога во 2017-тата кога дојдов на чело на општината Куманово и од длабоко задолжена, денеска е една од најдобростоечките општини во државата, вели Максим Димитриевски во Само Интервју.

Тинејџерот (15), кој уби ученик и избоде уште тројца, на сите им испратил писмо на 20 страници

Џастин П.(15) е уапсен денеска во Нант, Франција, под сомнение дека убил еден ученик и тешко ранил уште тројца со нож во неговото средно училиште.

Тинејџерот (15), кој уби ученик и избоде уште тројца, на сите им испратил писмо на 20 страници

Нападот се случил во приватно средно училиште, во кое учел осомничениот. Според досегашните информации, тој малку по пладне влегол во училиштето вооружен со нож и влегол во две училници каде избодел најмалку четворица ученици. Една од жртвите, наводно девојче, им подлегнала на повредите, додека лекарите се борат за животот на уште еден ученик. Останатите двајца се тешко повредени, но нивните животи не се во животна опасност.

Според француските медиуми, пред нападот, осомничениот испратил писмо до целото училиште преку заедничка електронска пошта, напишано на речиси 20 страници, во кое наводно зборувал за ситуацијата во општеството. BFMTV, која имала пристап до е-поштата, вели дека писмото е многу збунувачки.

Учениците во училиштето каде се случил нападот изјавија дека осомничениот од почетокот на годината се однесувал чудно.

Се уште не е познат мотивот за овој страшен напад, кој ја потресе цела Европа.

притисни ентер