Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
1Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
ЗдравјеСе зголемува капитацискиот бод на сите матични лекари од општа пракса, гинекологија и стоматологија Висината на надоместокот на приватните специјалисти ортодонти од 97.000 денари се зголемува на 111.000 денари месечно или приближно 15 проценти. За осум денари се зголемува вредноста на капитацискиот бод на сите матични лекари од општа пракса, гинекологија и стоматологија, беше истакнато на прес-конференција во Владата на премиерот Зоран Заев, министерот за здравство Венко Филипче и директорите на Фондот за здравствено осигурување Ден Дончев и Орхан Рамадани. Заев рече дека за ова зголемување на капитацискиот бод се обезбедени 465 милиони денари од Буџетот, пари на граѓаните кои сега се враќаат кај нив како поддршка на работата на матичните лекари за помотивирани здравствени услуги и појасни дека станува збор за 18 проценти зголемување на капитацијата. Тој посочи дека го зголемуваат и надоместокот за приватните специјалисти кои имаат договор со Фондот и од сега натаму, надоместокот на приватните специјалисти стоматолози по протетика и орална хирургија, наместо сегашните 90.000 денари ќе добиваат 103.000 денари месечно или приближно 15 проценти зголемување. – Висината на надоместокот на приватните специјалисти ортодонти од 97.000 денари се зголемува на 111.000 денари месечно или приближно 15 проценти. Тоа значи дека тие ќе имаат можност на граѓаните да им понудат поширок спектар услуги и да го зголемат бројот на пациенти кои имаат потреба од овој тип здравствени интервенции. Има зголемување на надоместокот за сите останати приватни специјалисти од другите дејности кои имаат договор со Фондот кое изнесува 15 проценти. За овие зголемувања за специјалистичко – консултативната здравствена заштита за приватните здравствени установи се обезбедени 62,5 милиони денари, рече Заев. Целта на реформите во примарната здравствена заштита за 2020 година, потенцира, е да се воведе модел на на нејзино плаќање, кој ќе придонесе кон обезбедување сеопфатна примарна здравствена заштита од страна на здравствените работници на примарно ниво, како и да се подобри квалитетот на примарната здравствена грижа. Според премиерот, оваа стимулација со повисока вредност на капитацијата ќе мотивира поголем број лекари од општа пракса да специјализираат семејна медицина, а прошитувањето на поголем број услуги од страна на медицинските сестри очекуваме да поттикне вработување на трет член или четврти член во тимовите на матичните лекари. Во врска со укинувањето на квотите за лекови од 1 октомври, рече дека овој месец граѓаните можеа да се уверат, има достапни лекови во текот на целиот месец. – Со овие, како и со сите други мерки што ќе следуваат Владата останува посветена на изградба на достапен, квалитетен и долгорочно-финансиски одржлив систем на здравствена заштита со посебна грижа за достоинствена здравствена професија со граѓаните во центарот на здравствениот систем, додаде Заев. Во врска со зголемувањето на капитацискиот бод, министерот Филипче рече дека станува збор за мерка во рамките на реформата, која не значи само зголемување на сумата на средства која лекарите ја земаат, туку поголем број услуги како и превентивни мерки кои ќе ги почувствуваат пациентите, како и мерки кои ќе го олеснат водењето на хроничните болести за кои во добар дел пациентите досега беа упатувани во болниците. – Ќе има точно одредени дијагностички сродни групи врз основа на кои матичните лекари ќе бидат обврзани да повикаат пациенти согласно ризик факторите и возраста со цел да направат прегледи и рано да се откријат болести кои потоа многу успешно ќе можат да се лекуваат. Матичните лекари за прегледите ќе направат електронски запис. Ќе им биде дозволено на матичните лекари да препишуваат терапија за која досега пациентите беа упатувани во болниците и беа барани соодветни печати и напатствија од специјалисти. Продолжуваме со зголемувањето на платите на лекарите со цел да се постигне нашето ветување од 100.000 денари за лекар специјалист, додаде Филипче. Директорот на Фондот, Дончев во врска со зголемувањето на капитацискиот бод рече дека целта е подобрување на техничките капацитети на матичните лекари во примарното здравство и нивна поголема ефикасност, а осигурениците ќе добијат квалитетна здравствена услуга уште во ординацијата, со што ќе се намали потребата за натамошно упатување. Посочи дека со тоа ќе се растоварат лекарите и здравствениот систем на секундарно и терциерно ниво, се поттикнува превентивата во примарната здравствена заштита, се олеснува и административната работа во примарната здравствена установа… – Фондот донесе одлука од 1 ноември да се зголеми и надоместокот за аптеките со кои имаат склучено договор за издавање лекови на рецепт на товар на Фондот од 16 проценти на 18 проценти додека надоместокот за скапите лекови ќе изнесува 180 денари по рецепт. Оваа мерка комбинирана со неодамнешното укинување на квотите на аптеките ќе придонесат за уште поефикасно, квалитетно и непрекинато издавање лекови на рецепт кои се на товар на Фондот, додаде Дончев.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНеделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиењеЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот за санитарна контрола во периодот од 05.10.2026 до 09.10.2026 зема 208 примероци за физичко-хемиска и 208 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 53 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).Тагови: Водовод и канализација Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЦаринска управа: Пронајдена дрога кај германски државјанин, случајот снимен со боди-камеритеЦаринските службеници на граничниот премин Табановце, на влез во државата, запленија хашиш, амфетамин, MDMA и тетрахидроканабинол пронајдени кај германски државјанин кој патувал со својот сопружник. Случајот е документиран и со снимка од телесните камери кои беа обезбедени како донација од Министерството за правда на САД. Во случајот, откако автомобилот бил селектиран за контрола, царинските службеници пронајдоа супстанца со зеленкаста боја спакувана во црна кесичка, жолта восочна супстанца спакувана во црни кутивчиња, дрога во форма на бомбони како и дробилки и вага за прецизно мерење. Извршен е и личен претрес на осомничениот, при што се пронајдени дополнителни количини на супстанци со зеленкаста боја, бела прашкаста материја, гел во бела боја и таблети со портокалова и кафена боја. Лицето е приведено од страна на инспектори од Одделението за истраги и преземени се предистражни дејствија, во чии рамки под налог на јавен обвинител, извршено е и вештачење на дрогата со кое е утврден нејзиниот состав. Против сторителот е поднесена кривична пријава до ОЈО Куманово за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.Тагови: Царинска управа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона08:50Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија15:00Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08Мицкоски и Николоски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – Кичево09:08
Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08
МакедонијаИзминатата седмица санкционирани 135 непрописно паркирани возила на територија на Општина ЦентарЈП Паркинзи на Општина Центар во периодот од 05.10 до 11.10.2026 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 135 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ во наредниот период ќе продолжи со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот. ЈП ПОЦТагови: ЈП ПОЦ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter