Се зголемува црниот биланс на македонските патишта - Канал 5

Се зголемува црниот биланс на македонските патишта

За неполна недела осум лица го загубиле животот

Се зголемува црниот биланс на македонските патишта

И покрај засилените полициски контроли, црниот биланс продолжува да расте, страотните сцени на патиштата се почести. Во нецела недела во сообраќајни несреќи во земјава животот го загубија осум лица, повеќето од нив на регионалните и експресни патишта. На патот помеѓу Кочани и Штип загинаа двајца по директен судир, едното возило речиси целото изгоре, а во Штипско живтот го загуби и 36 годишник, излетал во патот и се удрил во столб. Трагично заврши и судирот помеѓу Битола и Ресен каде на повредите од судирот им подлегна 46 годишен ресенчанец. Во Охрид пакм, на патот кон Св. Наум при судир со автомобил не преживеа 26 годишен мотоциклист. Последната од бројните трагедии се случи вчера на патот меѓу Битола и Прилеп, каде при исто така директен судир загинаа две лица, од кои еден странец од Велика Британија.

-Сообраќајна несреќа, помеѓу патничко моторно возило, марка „Дачиа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.И 37 години од Битола и товарно возило марка „Ивеко“ со битолски регистарски ознаки управувано од Б.К 29 годишен жител. Во несреќата на местото на настанот починале возачот на патничкото возило Е.И. и сопатникот К.С.Д 42 годишен државјанин на В. Британија. – СВР Битола

Не помина ниту една недела од сообраќајката кај Штип каде загинаа две лица, полицијата на истиот експресен пат привела скопјанец кој возел преку 150кмч, иако на делницата не смее да се вози преку 80. Приведен бил и Кавадарчанец, кој, како што беше наведено, од инает со возило влетал помеѓу оние кои трчале на маратонот кој се организирал во градот. Сообраќајните експрети велат, бројките на смртност и повреди се алармантни, а пред се решението, покрај институционалната вклученост, ја гледаат и во менувањето на менталитетот на возачите.

-За жал, изминатава декада недоволно се правеше по однос на намалување на бројот на жртвите во сообраќајот, гледаме некои одредени поместувања од таа нулта позиција, која ја забележувавме изминатава декада, но не е доволна. Проблемот е повеќеслоен, потребна е поголема институционална засиленост, но потребно е и зголемувањето на сообраќајна култура кај секој од нас. - Игор Митревски – Сообраќаен инжењер

Во меѓувреме интензивно се работи на имплементацијата на „Сејф системот“ кој треба да придонесе кон побезбедни патишта. Директорот на БЈВ – Александар Јанев, викендов кажа дека треба да проработи на почетокот на годината. Во моментов, како што кажа, системот технички се тестира врз изолирани примероци.

Силен земјотрес од 5,1 степени ја погоди Турција

Земјотрес со интензитет од 5,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран во четврток, 15 мај 2025 година, во 14:46 часот, во централна Турција, во близина на главниот град Анкара.

Силен земјотрес од 5,1 степени ја погоди Турција

Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал во подрачјето со географски координати на географска ширина 39.153 и географска должина 33.218.

Хипоцентарот на земјотресот, според податоците од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 10 километри под површината на земјата.

Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби на Турција ја следат состојбата.

На платформата на EMSC, сведоци пријавија дека силен земјотрес бил почувствуван во главниот град Анкара, кој наводно траел помеѓу седум и 10 секунди.

Гаши: Оставката од Таравари сè уште не е доставена до Собранието

Иако ја најави, оставката на Арбен Таравари од министерското место во здравство се уште не е доставена ниту до Владата, ниту до Собранието. 

Гаши: Оставката од Таравари сè уште не е доставена до Собранието

Собранискиот спикер Гаши вели дека таа ќе биде констатирана согалсно собраниските процедурии и рокови. Според нив, оставка на функционер од Владата се контатира на првата пленарна седница по нејзиното доставување, а според собранискиот календар тоа би било на 20 мај во вторник.

„Во моментот кога ќе добиеме писмено доставена оставка тогаш според Деловникот како што е предвидено ќе чекаме предлог од премеирот за да се контатира оставката, а потоа ќе пристапиме кон избор на нов министер доколку хиотетички до тогаш има предлог “– Африм Гаши, претседател на Собрание.

Во меѓувреме собранискиот спикер добил известување дека пратеничката група на Вреди која досега ја координираше Халил Снопче од крилото на Таравари, ќе бара наначување на нов кориднатор. Колку пратеници ќе брои пратениката група на Вреди, по замнувањето на Алиајнса во опозиција вели дека засега не се знае, но смета дека секој кој бил изгалсан за пратеник како дел од коалицијата Вреди, треба така да продолжи да дејствува во Парламентот.

За разлика од актуелниот министер за здравство кој самиот ќе се повлече од функцијата по одлуката за напуштање на власта, за останатите кадри кои доаѓаат од Алијанса ќе се чека разрешување од функциите. Според Меџити тоа е јасен дека одлуката на Таравари за излез од Влдата не кореспонидрала со вољата на голем дел од членовите на Алијанса за Албанците. Семта и дека позициите кои ги има Алијанса во власта треба да им припаднат на Вреди.

Се уште е незвесно дали вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи ќе го следи Таравари во опозиција, откако не беше присутен на партискиот состанок на Алијанса во Тетово, а за кој Меџити трвди дека имале одлична соработка и дека немал никакви забелешки за досегашните политики на Вреди во рамки на Владата. Фетаи ниту денеска не беше достапен за коментар, но во јавноста веќе се шпекулира дека тој сепак ќе остане дел од владиниот кабинет на Мицкоски.

Кој ќе го замени Таравари во ресорот здравство и дали ќе има рокади во министреските позиции помеѓу владеачките партии како што најави премиерот Мицкоски ќе биде познато идната недела. Освен челното место во здравство, кадри од крилото на Таравари во Алијанса седат и во заменичките министерски столчиња во одбрана и во земјоделство, шумарство и водостопанство.

YouTube video

Костадиновска-Стојчевска: Со измените власта го уназади Законот за македонски јазик

Со Законот за употреба на македонскиот јазик кој го донесовме со поддршка од сите пратеници, во јануари 2024 година, после 18 години, за првпат се воведе јасна контрола на тоа како ќе се употребува македонскиот јазик.

Костадиновска-Стојчевска: Со измените власта го уназади Законот за македонски јазик

Со Законот за употреба на македонскиот јазик кој го донесовме со поддршка од сите пратеници, во јануари 2024 година, после 18 години, за првпат се воведе јасна контрола на тоа како ќе се употребува македонскиот јазик, каде и дали правилно, како и формирањето на независен Инспекторат. Денес, преку предложените измени, сведочиме на уназадување на тој напредок, рече пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска-Стојчевска.

- Со укинување, на став 2 од членот 1, Инспекторатот ја губи својата правна и буџетска независност и се претвора во одделение во Министерството за култура и туризам – спротивно на она што беше договорено и што го ветивме во 2024 година. Иако стручната јавност, вработените во Министерството и сите засегнати страни побараа Инспекторатот да остане независен, денес тоа се поништува, рече Костадиновска-Стојчевска.

Таа потенцираше дека дополнително, предложените измени не обезбедуваат јасни критериуми ниту за избор, ниту за разрешување на директорот на Инспекторатот.

- Во член 22 се вели дека Владата именува директор преку јавен оглас, но без јасна постапка и без дефинирани услови за селекција. Се предвидува дури и директорот да може да биде разрешен поради „привремена неспособност“, без појаснување што тоа значи, ниту предвидена жалбена постапка, рече пратеничката на СДСМ.

Со измените на Законот се намалуваат и стручните критериуми: наместо исклучиво меѓународно признати сертификати за познавање јазици, се дозволува и „друг документ“, со што се снижува критериумот.

- И покрај донесениот закон, скоро година и пол немаше сериозен обид тој да профункционира – ниту беа усогласени внатрешните акти на Министерството, ниту беа вработени нови лектори, ниту се спроведе систематизацијата. Денес гледаме дека Агенцијата за промоција на туризмот сè уште функционира со старата структура, што покажува дека нема капацитет. Наместо да го зајакнеме законот, се прави обид да се ограничи автономијата на телото кое треба да ја следи и штити употребата на македонскиот јазик. Ова е директен удар врз она за што се боревме – независен, стручен и функционален Инспекторат, рече Стојчевска Костдиновска.

YouTube video

притисни ентер