Се зголемува бројот на компании кои се приклучуваат кон Платформата 2020

Покрај „ЕВН Македонија", уште пет други компании ја официјализираа соработката со средното електротехничко училиште „Михајло Пупин" со што се приклучија кон „Платформата 2020" која ќе придонесе за унапредување на квалитетот на учење преку работа.

Од ЕВН Македонија, кои ја почнаа оваа иницијатива, велат дека целта на ова партнерство е да се зголеми вклученоста на приватниот сектор во промовирањето на средното стручно образование во земјата.

– Тоа значи дека во иднина приватниот сектор ќе биде инволвиран во создавањето на наставните програми според барањата на пазарот и директно ќе ја поддржува практичната настава и феријалната пракса во компаниите. Преку ваквата размена на искуства меѓу образовните институции и приватниот сектор се постигнува создавање квалитетни кадри, образувани според европски стандарди. Придобивките од овој начин на соработка се обострани. Учениците добиваат соодветно, практично образование и стекнуваат непроценливо работно искуство во компаниите уште пред завршување на своето образование. Со тоа нивните шанси за вработување во иднина значително се зголемуваат, а компаниите од друга страна добиваат високо квалитетни кадри според нивните потреби, кои се веднаш подготвени да се вклучат во работниот процес, појаснуваат од ЕВН.

Овој начин на поддршка на образованието, ЕВН го почна со проектот „20-20-20", преку кој веќе две генерации ученици следат настава во посебната ЕВН паралелка и посетуваат практикантска работа во компанијата. Најдобрите по завршувањето на средното образование, имаат можност да се вработат во компанијата.

Земјотрес со јачина од 5,6 степени ја погоди Индонезија

Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала синоќа го погоди брегот на Индонезија.

Епицентарот се наоѓал на длабочина од 10 километри, оддалечен 224 километри од градот Амахаи, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Засега нема информации за повредени луѓе или причинета материјална штета.

Ново реално шоу - „Диетално Максимално“

Денеска во 16:00 часот започнува ново реално шоу - „Диетално Максимално“.

Емисија во која ќе се одберат пет кандидати, со цел да го променат својот животен стил. Целта е да стасаат до посакуваната тежина и да го променат својот изглед.

Забава, спорт, здравје и вкусни рецепти ќе бидат на менито секој ден.

Си денеска на средби со Макрон и Фон дер Лајен

Кинескиот претседател Си Џинпинг во рамките на државната посета на Франција денеска ќе се сретне со неговиот француски колега Емануел Макрон, како и со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Си вчера пристигна во Париз, а од Пекинг претходно беше најавено дека за време на петдневната турнеја низ Европа, покрај Франција, ќе ги посети и Србија и Унгарија.

Ова е прва посета на кинески лидер на Европа во последните пет години.

притисни ентер