ЕвропаСе затвора Радио Слободна Европа во Бугарија и во РоманијаБугарскиот сервис Радио Слободна Европа ќе престане со работа на 31 март поради прекин на финансирањето од САД, изјавија неименувани извори од Радиото.Тие додадоа дека активно работат на решение што „ќе ни овозможи да продолжиме да и служиме на нашата публика“. Директорката на романскиот сервис на Радио Слободна Европа, Елена Вијулие Танасе пред две недели на Фејсбук објави дека на 31 март ќе се затвори сервисот. Бугарија и Романија беа меѓу првите земји каде се емитуваше Радио Слободна Европа/Радио Слобода, формирано во 1950 година. Радиостаницата, делумно финансирана од американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) до почетокот на 70-тите години од минатиот век, одигра клучна улога во ширењето информации надвор од Железната завеса, и покрај редовните обиди на комунистичките власти да го попречат нејзиниот сигнал и вознемирувањето на новинарите. Тагови: Радио Слободна Европа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВодата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20Гостивар се очекува денеска да добие техничка вода 08:11Скопје се сеќава- 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-тата15:35Скопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-та08:43
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
ЕкономијаСедницата за ребаланс на буџетот – за Владата развоен, за опозицијата доказ за промашени проекции Почна седницата за ребалансот на буџетот... Од Владата велат дека очекуваат со него да се обебзедат повеќе средства за капитални инвестиции, додека од опозицијата обвинуваат дека прокециите биле промашени... Повеќе средства за капитални инвестиции, за општините, социјалната заштита, земјоделство – се обезбедува преку Ребалансот на Буџетот смета министерката за финансии Кочоска која денеска го образложи пред пратениците. Според неа, со предлогот, во кој дополнително биле прифатени и амандамни во текот на комисиската расрава се зајакнува поддршката за граѓаните и развојните политики. И покрај глобланата еконосмка незвесност Кочоска оценува дека македонската економија покажува отпорност и стабилност. Проектираната просечна инфлација од 4,5 % за годинава, според министерката главно е условена од надворешните ценовни притисоци и геополитичките случувања. И додека за власта ребалансот е развоен, за опозицијата е само како што велат потврда дека првичните владини проекции биле промашени. На првиот ден од собраниската расправа за ребалансот не изостана ниту жестока расправа меѓу пратениците од власта и опозицијата за актуелните случувања поврзани со последната владина одлука за позјамицата од МНАВ за сервисирање на обврски поврзани со изградбата на автопатите, како и за случајот со водата ов Гостивар. Инаку со предлог ребалансот буџетскиот дефицит е за 110 милиони евра повеќе во однос на првичниот буџет, односно од сегашните 3,5 на 4,1% од БДП или изнесува околу 750 милиони евра... Економски раст пак е проектиран на 3,5%, додека инфлацијата се очекува да изнесува 4,5%, што претставува благо зголемување во однос на првичните проекции.... Вкупните приходи се проектирани на околу 6,16 милијарди евра, а расходите на околу 6,9 милијарди евра. Најголем дел од расходите според надлежните одат кон капитални инвестиции, кои се зголемуваат за околу 95 милиони евра, а ќе бидат насочени кон инфраструктурни проекти како изградба на коридорите 8 и 10 Д, железничката инфрастурктура, енергетиката, животната средина и локални проекти. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВЛЕН: Сме прва политичка сила кај Албанците!Последната анкета спроведена во јуни од Институтот за истражување „Стратум Р&Д“ потврдува дека ВЛЕН е прва политичка сила кај Албанците.На прашањето: „Доколку денес се одржат избори, за која политичка партија би гласале?“, 34% од испитаниците се изјасниле дека би гласале за ВЛЕН, додека 30% за ДУИ. Ова е втора анкета во изминатите два месеци која го позиционира ВЛЕН пред ДУИ. Резултатите од ова истражување се јасен показател дека граѓаните ја препознаваат разликата меѓу политика на конкретни резултати и политика на пропаганда. Две години конкретна работа беа доволни за да се покаже дека Албанците повеќе не се убедуваат со празна реторика и дека довербата се гради со дела, а не со зборови. Законот за правична и соодветна застапеност, Законот за игрите на среќа, Законот за медресата, Законот за правосудството и Законот за високото образование; повеќе од 40 стручни испити на албански јазик; One Stop Shop услугите на граничните премини со Косово и Албанија; 306 проекти за општините со албанско население; над 2.500 нови бизниси, илјадници нови вработувања и унапредувања; започнувањето на изградбата на Кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“; инвестицијата од 20 милиони евра за третата фаза од плоштадот „Скендербег“; реконструкцијата на Клиничката болница во Тетово во вредност од 74 милиони евра; изградбата на автопатот Скопје–Блаце и на Коридорот 8; зголемувањето на платите и пензиите се факти кои не можат да бидат сокриени со прес-конференции, дезинформации или политичка пропаганда. ВЛЕН им се заблагодарува на секој граѓанин за довербата и поддршката, се наведува во партиското соопштение. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕкономијаГоривата повторно поскапуваат - дизелот за 4,5 денари, бензините за 3 денари по литарБензините за три, а дизелот за четири и пол денари по литар... Регулаторна ги соопшти цените на горивата кои треба да важат од вечерва на полноќ... Од вечерва на полноќ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 3,00 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 93,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 95,00 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ се зголемува за 4,50 ден/лит, и ќе изнесува 98,50 ден/лит. Според првиот човек на Регулаторната комисија за енергика, причина за зголемувањето не е во недостатокот на нафта, туку во затајувањето на работата на рафинериите, чија обврска е од сурувата нафта, да направат нафтени деривати. Освен зголемени трошоци за гориво, граѓаните на Скопје ги очекуваат и повисоки сметки за затоплување. Новите цени како што соопштија од регулаторна, ќе важат од први август. Најголемото зголемување на цената на парното ќе има за домаќинствата приклучени на системот на „ЕСМ Снабдување“, каде што цената на топлинската енергија ќе биде повисока за 5,96 проценти. Покачување ќе има и за корисниците на „ЕСМ Енергетика“ односно т.н. железарско парно каде зголемувањето изнесува 5,18 проценти, додека за корисниците на „Скопје Север“ (ЕнергоЕколог) цената на парното ќе биде повисока за 3,65 проценти. Пресметките на регулаторот покажуваат дека за просечен стан со површина од 60 квадратни метри, месечната сметка ќе биде повисока за околу 140 денари. И покрај поскапувањето, од Регулаторната комисија уверуваат дека ценовното ниво во земјава останува поволно во споредба со соседните држави. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter