3Детски насмевки, долготрајни аплаузи и весела публика на изведбата на „Пинокио“ на Битолски театар во Прилеп
„Вашингтон пост“: Трамп сака да го забрза развојот на вештачката интелигенција,неговото семејство сè повеќе заработува од тоа.
Почина синот на Синди Крафорд: Трагедија во семејството на познатата манекенка, Пресли имаше само 27 години
1„Вашингтон пост“: Трамп сака да го забрза развојот на вештачката интелигенција,неговото семејство сè повеќе заработува од тоа.
2Почина синот на Синди Крафорд: Трагедија во семејството на познатата манекенка, Пресли имаше само 27 години
БалканСе затвора обиколницата околу Солун- важно соопштение за оние кои патуваат на Халкидики Вечерва од 22:15 до 5:00 часот наутро, ќе бидат воведени привремени мерки на обиколницата на Солун на исток, кон Халкидики, која ќе биде привремено затворена, а целиот сообраќај ќе биде пренасочен низ центарот на градот.„Сообраќајната полиција во Солун, исто така, наведе во известувањето дека работите за одржување на осветлувањето на западниот дел од обиколницата ќе се извршуваат во вторник и среда, 19 и 20 август, од 7:00 до 16:00 часот. Сообраќајната полиција ќе го регулира сообраќајот за време на работата, со наизменично делумно затворање на десната лента во двата правци“, рече таа. Полицијата препорачува возачите да користат алтернативни правци во овој период, низ центарот на градот.Тагови: солун обиколницата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПОЦ: Санкционирани 123 непрописно паркирани возила минатата неделаЈП Паркинзи на Општина Центар во периодот од 13.09 до 20.09.2026 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 123 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот. За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ во наредниот период ќе продолжи со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот. Тагови: ЈП ПОЦ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалВидео: Неверојатниот Меси повторно ја воодушеви Америка со нова мајсторија и постави нов рекордИако натпреварот во МЛС-лигата меѓу Интер Мајами и Сан Дијего заврши нерешено (2–2), сите погледи повторно беа вперени кон еден од најдобрите светски фудбалери во историјата, волшевникот Лионел Меси. Брилијантниот Аргентинец уште еднаш докажа зошто важи за еден од најдобрите специјалисти за прекини во историјата на фудбалот. Во 23-тата минута, Меси мајсторски погоди од слободен удар и го израмни резултатот за својот тим, постигнувајќи го својот 75-ти гол во кариерата на овој начин. Со овој погодок, Меси самостојно го зазеде второто место на вечната листа, надминувајќи го легендарниот Бразилец Жаир Роса Пинто. Сега, единствениот играч пред аргентинскиот волшебник е поранешниот бразилски репрезентативец Марселињо Кариока, кој во текот на својата кариера постигнал 78 гола од слободни удари. Што се однесува до самиот натпревар, гостите од Сан Диего поведоа преку Андерс Драјер во 12-тата минута, пред Меси да го израмни резултатот со потег на вистинска мајсторија. Луис Суарез го комплетираше пресвртот за домаќините со гол во 75-тата минута, но одличниот Драјер се погрижи Интер да не стигне до победата; тој го постигна израмнувачкиот погодок во 82-рата минута, спречувајќи ги домашните навивачи целосно да го прослават најновиот историски успех на својот капитен. Free kick goal and it had to be HIM 🤩🤷♂️ https://t.co/4wUhKXNjzL — Inter Miami CF (@InterMiamiCF) September 20, 2026 Тагови: Лионел Меси Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМаксим Димитриевски до СДСМ: ВНИМАВАЈТЕ ДА НЕ ВИ СЕ ЈАВИ И ЗНАМ 3.0 !Довербата кај граѓаните се гради со работа и резултати, а се потврдува со отчетност и преземање одговорност.Токму на тие принципи, Движењето ЗНАМ го темели своето дејствување, порача претседателот Максим Димитриевски на настанот посветен на отчетот на избраните и именуваните функционери од редовите на ЗНАМ во Скопје. Димитриевски истакна дека ЗНАМ не е реприза на политичките модели што граѓаните веќе ги имаат видено и дека секој еден функционер мора да биде свесен дека функцијата е доверена од граѓаните и подлежи на нивна оценка. „Секој еден функционер од ЗНАМ, почнувајќи од сите вас овде во салата, завршувајќи до мене – секој еден е менлив. Граѓаните даваат и граѓаните земаат власт. Но, притоа ЗНАМ не смее да биде една реприза од она што е веќе видено во Македонија.“ - истакна тој. Осврнувајќи се на обвинувањата од страна на СДСМ, Димитриевски упатувајќи им директна порака, порача дека Движењето ЗНАМ нема да дозволи обидите за политички пресметки да го променат начинот на кој движењето ја гради довербата со граѓаните. „Се јавил ЗНАМ 1, па сега и ЗНАМ 2.0, па обвинуваат за наводни афери. Во ЗНАМ афери нема. Нас не краси чесност, отчетност, одговорност и транспарентност. И ние сме различни од сите нив останати. Но, притоа ќе им кажам да внимаваат да не им се јави и ЗНАМ 3.0. Но, на крајот на денот, еден е ЗНАМ – Движење ЗНАМ за НАША МАКЕДОНИЈА и еден ден ќе биде ЗНАМ политичка партија која ќе преземе одговорност да ја води државата.“ - порача Димитриевски. Отчетот на избраните и именуваните функционери од редовите на ЗНАМ продолжува во повеќе градови низ Македонија до крајот на годината, како дел од континуираниот процес на претставување на сработеното и резултатите од работењето на функционерите на Движењето во изминатите две години.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook