Се засилува кампањата за и против референдумот

Во пресрет на есенскиот референдум за Договорот со Грција се засилува кампањата во Македонија за и против плебисцитарното изјаснување, како и ангажманот на меѓународната јавност која е едногласна во поддршката.

Групата „Охрид“, неформална група што ја сочинуваат актуелни и поранешни политичари и високи меѓународни претставници, која беше формирана во април годинава за поддршка на Република Македонија на нејзиниот пат кон членство во НАТО и ЕУ, вчера преку јавно обраќање ги повика граѓаните на земјата да кажат „да“ за референдумот.

- На 30 септември ќе имате можност да направите историски избор. Дали сакате да го отворите патот за членство на вашата земја во НАТО и во ЕУ со поддршка на договорот со Грција? Ние, Групата „Охрид“, ве повикуваме да кажете „Да", стои во обраќањето.

Во текстот, меѓу другото се посочува дека членството во НАТО нуди сигурносна гаранција, а во ЕУ ќе донесе економски раст, инвестиции, работни места и пристап до европски програми кои ќе го подобрат животот на граѓаните.

- Со членството во двете организации, вие ќе бидете дел од западноевропското семејство на нациите, кои се насочени кон иднината, и тоа е она што навистина е важно за луѓето, а не старите битки и ривалства, кои припаѓаат на историјата. Вашата и грчката Влада преговараа како вистински демократски влади кои имаат длабока почит кон човековите права, владеењето на правото, слободата на медиумите и останатите основни европски вредности. Ова се вредностите што треба да ги поддржувате кога ќе се изјаснувате на 30 септември, вредности кои се основа на ЕУ и НАТО, се наведува во обраќањето.

Поддршка за Договорот изрази и политичкиот аналитичар и поранешниот член на Меѓународната кризна група, Едвард Џозеф кој смета дека Договорот од Преспа заслужува Нобелoва награда, бидејќи создаде нов модел за решавање на меѓународни спорови поврзани со идентитетските прашања.

Џозеф кој е професор на Универзитетот „Џон Хопкинс“ во Вашингтон, во интервју за грчката новинска агенција АНА-МПА, вчера појаснувајќи го ваквиот став истакнува дека не станува збор за смешно прашање како што некои го карактеризираа, туку дека е „потребен кураж за да се направи компромис”. Според него, фактот што критиките се исти и од двете страни, „јасно покажува дека постои праведен компромис”.

- Оној што е резервиран треба да го прочита самиот договор и да утврди дека се направени напори да се одржи почитувањето на историскиот приказ на секоја земја. И така имаме едно прашање кое всушност, остана отворено за речиси 100 години бидејќи коренот е уште од времето на Балканските војни, да се затвори еднаш и засекогаш, објаснува професорот во интервјуто, пренесе МИА.

Во меѓувреме, беше потврдено дека австрискиот канцелар Себастијан Курц, чија земја во моментов претседава со ЕУ, на 7 септември ќе ја посети Македонија, на три недели пред закажаниот референдум за промена на името. Тој уште при последната посета на македонскиот премиер Зоран Заев на Виена, на крајот на јуни, упати апел до граѓаните на Македонија на референдумот да гласаат за новото име „Северна Македонија˝.

Посетата на Курц во Македонија е на покана на премиерот Заев, кој пред референдумот има покането и неколку други европски лидери.

Бојкот на референдумот, пак, најавија триесетина организации кои за таа цел потпишаа Меморандум за стратешка соработка. Тие формираа т.н Кризен штаб за кампањата, кој ќе го предводи Јанко Бачев од вонпарламентарната Единствена Македонија.

Во кампањата се вклучија Христијанско братство, Македониум, Аманет 1903, Трета партија на Македонците, Тврдокорните, ВМРО-ДПМНЕ-Демократска фракција и други партии и невладини организации. Ќе ја водат под слоганот „Македонија бојкотира“, а најавија дека ќе ја спроведуваат од врата на врата за да ги убедат луѓето да не излегуваат на референдум.

Kампања против референдумот се одвива и на социјалните мрежи под хаштагот „Бојкотирам“.

Според Правилникот за подготовка, организирање и спроведување на претстојниот референдум донесен од Државната изборна комисија, надлежен за водење на јавната пропаганда е Собранието на Република Македонија како овластен предлагач на референдумот. Официјално јавната пропаганда стартуваше на 30 јули. /МИА

ЈО: Притворот за Палевски почнува веднаш по неговото испорачување од Турција

Јавното обвинителство тукушто е известено дека Министерството за правда добило официјална информација од Република Турција дека се одобрува екстрадицијата на лице осомничено за две кривични дела грабнување, како и за две убиства на свиреп начин.

Постапката за екстрадиција ќе биде спроведена преку Министерството за внатрешни работи.

По предлог на Основното јавно обвинителство Скопје на осомничениот веќе му е определена мерка притвор која треба да започне да се применува веднаш по неговото испорачување, соопштуваат од Обвинителството.

МОН: Се реконструира студентскиот дом Кузман Јосифовски – Питу во Скопје

Активностите за реконструкција на студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“ во Скопје, започнаа да се реализираат на терен. 

Активностите за реконструкција на студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“ во Скопје предвидени во договорот кој на почетокот на годината МОН го потпиша со австриската компанија „Штрабаг“, како најповолен понудувач на меѓународниот тендер, започнаа да се реализираат на терен. За 18 месеци објектот ќе добие подобрена одржливост, ќе биде енергетски ефикасен што значи ќе придонесе за почиста животна средина, но и ќе обезбеди финансиски заштеди.

Ова е прва фаза од проектот за енергетски ефикасна рехабилитација на државните студентски домови во Македонија. Наскоро ќе започне и реконструкцијата на „Стив Наумов“ во Скопје, а потоа, во следните две фази ќе се реконструираат уште 7 други студентски домови во Скопје, Прилеп, Битола, Штип и Охрид.

Предвидена е промена на водоводната инсталација отстранување на причините за појава на влага во објектите, промена на комплетната електрична инсталација и поставување на енергетски ефикасни LED светилки, промена на инсталацијата за греење, комплетна промена на санитаријата, изработка на енергетски ефикасни фасади на објектите, поставување на фотоволтаици за производство на електрична енергија, а ќе се опремуваат и соби за студенти со посебни потреби.

Проектот се реализира со заем од Германската развојна банка (KfW) од 20 милиони евра и грант од 5 милиони евра преку Програмата за регионална енергетска ефикасност за Западен Балкан на Европската Унија.

Министерство за образование и наука

Турското ГП би можело да се врати во календарот на Формула 1 за две години

Турскиот министер за култура и туризам Мехмет Нури Ерсој изјави дека земјата повторно може да биде домаќин на трка во Формула 1. Според него, тоа ќе се случи во 2026 година.

Последен пат турско Гран при се одржа како дел од Светскиот шампионат во кружни трки во сезоната 2021 година.

- Тендерот за управување на патеката Формула 1 во Истанбул се одржа на почетокот на април и беше успешно завршен. Сега преминавме на втората фаза. Претходниот закупец мора да го ослободи просторот и да го предаде на победникот. По ова, процесот на склучување договор за одржување на Гран при во Истанбул од 2026 година ќе продолжи брзо, изјави Ерсој за „Milliyet“.

Се истакнува дека тендерот за изнајмување и контрола на објектот „Истанбул Парк“, во кој е вклучена и тркачката патека, се одржал на 2 април. Го освои Кан Билим Егитим Курумлар А.С., чиј партнер е шефот на управниот одбор на турскиот огранок на Пирели, Лале Џандер.

Првата етапа во Турција во рамките на Формула 1 се одржа во 2005 година. Во 2021 година се одржа од 8 до 10 октомври. Победи Валтери Ботас со Мерцедес, Макс Верстапен во Ред Бул беше втор, а Серхио Перез трет. /МИА

притисни ентер