БалканСе запали пазарот во Скадар, на помош и противпожарни единици од Црна Гора (ВИДЕО)Силен пожар избувнал попладнево во населбата „Ндоц Мази“ во Скадар, во близина на пазарот за користена облека.Пламените јазици зафатија и неколку станови и изгореа 25 стопански единици. Исто така, една жена е извадена на носилки поради задушување, објави Политико.ал. На местото на настанот пристигнале бројни полициски и противпожарни единици кои интензивно работат на гаснење на пламените јазици. Помош е побарана од Цивилните итни случаи, бидејќи пожарникарите продолжуваат со работа , апристигнале возила од Малесија и од Бар и Улцињ од Црна Гора.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСончево и многу топло,температурата до 39 степени08:23Македонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
МакедонијаКлековски:Анализата на водата за пиење во Гостивар ќе биде објавена до 20 августАнализата на водата за пиење во Гостивар ќе биде објавена до 20 август. Ова во емисијата вести плус на Канал 5 го соопшти министерот за здравство Сашо Клековски додавајќи дека епидемиолошката состојба во градот постепено се стабилизира. За регистрираните случаи со западнонилска треска годинава тој посочи дека најмногу се од скопскиот регион и од Велес, посочувајќи дека околу живеалиштата на заболените се спроведени вонредни прскања против комарци. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветХаос во Белата куќа: Судир меѓу Трамп и Хегсет Американскиот претседател Доналд Трамп остро го критикуваше американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет поради исцрпените залихи на клучна муниција, што ги ограничува воените опции на Вашингтон во конфликтот со Иран.Американскиот претседател Доналд Трамп остро го критикуваше американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет поради исцрпените залихи на клучна муниција, што ги ограничува воените опции на Вашингтон во конфликтот со Иран, објави весникот „Вашингтон пост“, повикувајќи се на извори запознаени со разговорот. Според весникот, за време на состанокот на кабинетот, Трамп побарал објаснување од Хегсет бидејќи, како што навел, проблемот со залихите на муниција не бил решен, иако тој бил убеден дека е. Извори тврдат дека недостигот е особено изразен кај наведуваните ракети со голем дострел и ракетите за противвоздушна одбрана, поради што Трамп во последните денови се откажал од нови големи воени напади врз Иран. Според весникот, за време на разговорот, Хегсет ја префрлил одговорноста за состојбата со залихите на својот заменик Стивен Фајнберг, тврдејќи дека претседателот не бил целосно информиран за обемот на проблемот. Весникот од Вашингтон наведува дека овој разговор дополнително укажал на растечкото незадоволство на Трамп од работата на министерот за одбрана, кој е еден од најгласните застапници за воена акција против Иран и кој, според неколку официјални лица, го уверувал претседателот дека конфликтот ќе биде краток и релативно лесен. Портпаролката на Белата куќа, Керолајн Ливит, ги отфрли наводите на весникот, нарекувајќи ја приказната „целосно измислена“ и истакна дека Трамп има „целосна доверба“ во Хегсет. Главниот портпарол на Пентагон, Шон Парнел, исто така ги негираше тврдењата дека Хегсет го довел претседателот во заблуда или ја префрлил вината врз својот заменик, нарекувајќи го извештајот неточен.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСончево и многу топло,температурата до 39 степени08:23Македонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
МетеоСончево и многу топло,температурата до 39 степениВремето денеска според УХМР ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен дожд и ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. Во Скопје, времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 38 степени. Во наредите денови продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која во некои места ќе достигне до 40°C. Во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook