Се заострува и засилува кампањата – политичките лидери си разменија нови обвинувања - Канал 5

Се заострува и засилува кампањата – политичките лидери си разменија нови обвинувања

Премиерот да престане да спинува и да сфати дека е избран да ја води државата или да си оди. 

Се заострува и засилува кампањата – политичките лидери си разменија нови обвинувања

Ова е одговорот на лидерот на СДСМ, Филипче откако Мицкоски го повика јавно да се изјасни што мисли за својот претходник, Зоран Заев, обвинувајќи го за лицемерие и тајна соработка. На синоќешниот митинг во Гостивар, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ упати критики за СДСМ и ДУИ дека во безидејност водат црна пропаганда со лаги за противниците и национал романтичарски идеи. Според Филипче, пак, државата оди кон економски колапс и време е владата да преземе одговорност, наместо спинови и лажни конструкции.

-Буквално секој митинг, секое излегување на Али Ахмети пред тие неколкумина негови поддржувачи коишто се уште останаа да му веруваат, е Христијан, па Христијан, Христијан, па Христијан, секој ден. Како не му здосади, не знам на чоекот… Филипче е лицемерен едно зборува во јавноста, додека истовремено глуми и одработува и кова заеднички планови со него. Го повикувам Филипче да каже јавно што мисли за неговиот ментор и гуру, дали бил добар претседател на Владата и дали тој направил добро за Македонија, кажа Мицкоски.

-Премиерот треба да престане да спинува, има сериозни прашања и проблеми на којшто треба да се одговори, а кога човек нема што да каже и за што да се пофали, ниту проект ниту има добра пригноза за земјава, забегува кон некои вакви лаги. Еве ги работите што треба да ги одговори. Има стагнација на економијата, еве нема да има раст, меѓународни институции го потврдуваат тоа што го зборуваме цело време. Време е оваа влада да сфати дека или треба да ја води државата како што треба – или да си оди, изјави Филипче.

На партиските митинзи не изостанаа ниту меѓусебните прозивки на релација Мицкоски-Ахмети. Откако лидерот на интегративците го обвини Мицкоски за влијание во општините со мнозинско албанско население, тој му порача дека исплашен од изборен пораз со ваквите изјави сака да го укине правото на глас на Македонците во Тетово, Чаир, Струга и Гостивар што според Мицкоски само потврдува зошто ДУИ и во очите на меѓународната заедница е на дното.

Од изборната кампања остануваат уште девет дена. Караванот на ВМРО-ДПМНЕ вечерва е во скопските општини Шуто Оризари, Бутел и Карпош, а на СДСМ во Kавадарци и Неготино.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: 100 денари литар дизел – ново зголемување откако Мицкоски најави намалување на цените

Дизелот денеска повторно поскапува, трет пат по ред, откако Мицкоски најави намалување на цената. Сега еден литар дизел ќе изнесува речиси 100 денари.

СДСМ: 100 денари литар дизел – ново зголемување откако Мицкоски најави намалување на цените

Како што веќе рековме, секогаш кога Мицкоски ќе најави мерки за намалување на цените, веднаш следува ново поскапување.

По неговите најави - не еднаш, туку три пати се случува поскапување на дизел горивото.

Граѓаните веќе имаат страв од најавите на Мицкоски.

Знаат дека ќе поскапи сè, бидејќи со поскапување на дизелот поскапува транспортот, храната и останатите цени.

Сега веќе е потврдено, секоја „мерка“ на Мицкоски за намалување на цените - носи ново поскапување.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски е талогот на општеството, 20 години на државна сметка ја цица државата и објаснува како не му се допаѓа системот

СДС се препозна и се прогласи за талог на општеството, а еден од основоположниците на тој талог е токму нивниот неуспешен амбасадор Жерновски. 

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски е талогот на општеството, 20 години на државна сметка ја цица државата и објаснува како не му се допаѓа системот

Токму тој Жерновски е талогот на општеството, кој е дел и основач на системот во државата, кој 20 години е на државна сметка и ја цица државата и беседи како тоа државата не му се допаѓа и како тоа системот треба да се промени.

Системот беше досега таков, затоа што со децении лица како Жерновски, Заев и Филипче го крадеа и уништуваа. Ликови како овие тројца, ја продаваа државата и ја понижуваа на секој можен начин, само за да си го зголемат својот џеб да им биде подлабок и на тој начин сметаат дека треба да функционира една држава.

Тој систем веќе 2 години се менува. Новиот систем е предводен од чесни политичари кои мислат на граѓаните и нивните интереси, а не на својот џеб.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Континуирани вонредни инспекциски надзори низ Карпош

Комуналната и градежната инспекција на Општина Карпош продолжува со спроведување на вонредни инспекциски надзори, особено во вечерните часови.

Континуирани вонредни инспекциски надзори низ Карпош

Општинските инспекциски служби извршија теренска контрола и обиколка на урбаната опрема поставена пред угостителските објекти и локали на територијата на Општина Карпош.

При контролите, комуналниот и градежниот инспектор констатираа неправилности кај неколку угостителски објекти, при што на еден правен субјект му беше изречена глоба, а беа издадени и неколку опомени поради отстапувања од одобрениот Елаборат за урбана опрема.

Општина Карпош повторно упатува апел до сите сопственици на угостителски објекти доследно да ги почитуваат законските одредби и условите утврдени со Елаборатот за урбана опрема.

Инспекциските контроли продолжуваат и во наредниот период, со цел обезбедување на почитување на законските прописи и уредно функционирање на јавниот простор на територијата на општината.

Општина Карпош

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер