3Златан Ибрахимовиќ по натпреварот меѓу Франција и Парагвај: „Да играв јас, ќе добиев четири или пет црвени картони“
ЖивотСе залетал да ограби погрешна жена, страшно се покајал (ВИДЕО)Костариканката Сол Варгас стана локален херој откако се соочи со крадец во ресторан и го спречи да ѝ ја украде чантата.Видеото од инцидентот се појави на интернет и брзо стана вирално, на кое се гледа како храбрата 25-годишна девојка го зграпчува зашеметениот крадец. Крадецот немаше шанси Додека Сол плаќаше за појадок на касата, непознат маж ѝ се приближи одзади и се обиде да ѝ ја грабне чантата. Сепак, пред да ја ограби, не сметаше на нејзините брзи рефлекси и набрзо се покајал! „Почувствував како некој ми ја влече чантата и помислив: „Нема да ја земеш“. Го зграпчив човекот, го соборив на подот и го шутирав додека не почна да крвари“, рекла таа. На видеото се гледа како таа користи движење кое вообичаено го користат мајсторите на џиу-џицу. Го обвила крадецот со нозете и го држела таму додека вработените не повикале полиција. Сведоци велат дека сторителот се обидел да се ослободи, но девојката целосно го контролирала, објавува „Индијан експрес“. A woman in Costa Rica uses Jiu-jitsu to subdue an intruder.pic.twitter.com/icIFIB0yEt — Massimo (@Rainmaker1973) September 8, 2025 „Напорно работам за моите пари“ „Нека заврши, крадецот е безвреден“, напиша еден корисник, додека друг додаде: „Брзи рефлекси и вештина употребени на правилен начин“. Полицијата го уапси сторителот, кој претрпе повреди на лицето. Девојката рекла дека имала околу 100.000 колони (повеќе од 9.000 денари) во чантата. „Напорно работам за моите пари и нема да дозволам никој да ми ги земе“, додаде таа. Интересно е што Сол никогаш не била на формална обука за боречки вештини.Тагови: ограби покајал Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07Мицкоски на потпишување на договор за изградба на автопат Скопје-Блаце08:50Мицкоски: Опозицијата бега од реформи во Изборните законик поради страв од пораз15:00Мицкоски од Кавадарци: Владата продолжува со поддршка на проектите во општините кои ќе го подобрат квалитетот на живот 13:20Сончево и ветровите со температура до 33 степени09:01
Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07
Мицкоски од Кавадарци: Владата продолжува со поддршка на проектите во општините кои ќе го подобрат квалитетот на живот 13:20
СветСудир во Анкара: Солзавец, апсења на протестот пред самитот на НАТОПовеќе од 100 лица беа приведени во Анкара на протестот против НАТО организиран од Комунистичката партија на Турција, додека полицијата употреби солзавец за да го растури собирот.Турските власти приведоа повеќе од 100 лица кои учествуваа на протестот против НАТО организиран од Комунистичката партија на Турција (ТКП) во Анкара, пред самитот на алијансата во градот следната недела, соопшти ТКП. Во соопштението, ТКП вели дека организирала протести против НАТО во Анкара и Истанбул во понеделник, објави Ројтерс. Полицијата употреби солзавец за да го растури протестот на централниот плоштад Кизилај во Анкара, приведувајќи повеќе од 100 членови на партијата, вклучувајќи администратори, додека немаше судири меѓу демонстрантите и полицијата на протестот во Истанбул, кој се одржа на плоштадот Таксим. Turkish authorities #detained more than 100 people taking part in an anti-@NATO #protest march organised by the Communist Party of #Turkey (TKP) on Sunday, ahead of an alliance summit in #Ankara next week, the party said in a statementhttps://t.co/hcTtdz29WZ pic.twitter.com/DH0JO91IEZ — MENA TODAY (@MenaToday1) July 5, 2026 Снимките од протестите во Анкара покажаа демонстранти кои држат знамиња и извикуваат слогани како „Убиецу НАТО, напушти ја земјата“ и „Нема премин за НАТО“. „Денес се собравме во многу делови од Турција за да протестираме против НАТО. Рековме дека нема да ја предадеме Анкара на поддржувачите на НАТО, дека нема да дозволиме Анкара да молчи. Го исполнивме тоа ветување“, изјави генералниот секретар на ТКП, Кемал Окутан, во Истанбул. Турција ќе биде домаќин на лидери од 32 сојузнички земји во Анкара како претставници на НАТО партнери на самитот на НАТО на 7 и 8 јули. Властите ја зајакнаа безбедноста низ турската престолнина пред состанокот на НАТО, а протестите се забранети. Извор: Б92Тагови: Анкара НАТО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07Мицкоски на потпишување на договор за изградба на автопат Скопје-Блаце08:50Мицкоски: Опозицијата бега од реформи во Изборните законик поради страв од пораз15:00Мицкоски од Кавадарци: Владата продолжува со поддршка на проектите во општините кои ќе го подобрат квалитетот на живот 13:20Сончево и ветровите со температура до 33 степени09:01
Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07
Мицкоски од Кавадарци: Владата продолжува со поддршка на проектите во општините кои ќе го подобрат квалитетот на живот 13:20
СветПустинска тврдина: Египет направи воен комплекс поголем од Пентагон (ВИДЕО)Египет го отвори „Октагонот“, нов штаб на своите вооружени сили кој се смета за најголем воен комплекс во светот, со присуство на претседателот ал-Сиси и голема воена церемонија.Египет го отвори новиот штаб на своите вооружени сили во недела, кој се смета за најголем во светот. Претседателот Абдел Фатах ал-Сиси присуствуваше на отворањето, во ретко јавно појавување во воена униформа. Комплексот „Октагон“ се состои од осум згради, секоја во форма на осмоаголник, и се протега на околу 90 квадратни километри - површина приближно со големина на Лисабон. Објектот е значително поголем од Пентагон, седиштето на Министерството за одбрана на САД, што го прави најголемиот воено-административен комплекс во светот. Ал-Сиси на отворањето рече дека комплексот е „доказ за волјата на една нација која знае дека ништо не е невозможно“. BREAKING: Egypt inaugurates its new Strategic Command Headquarters “The Octagon” in the new capital city “The New Capital” east of Cairo. Larger than the Pentagon, it will serves as Egypt’s central military and national security command hub. The people working there will… — Visegrád 24 (@visegrad24) July 4, 2026 Претседателот беше придружуван до комплексот со борбени хеликоптери. Комплексот се наоѓа источно од Каиро, во новиот административен главен град во пустината. Проценките покажуваат дека изградбата чинела околу 50 милијарди евра, што го прави еден од најскапите проекти откако ал-Сиси дојде на власт. Во меѓувреме, Египет се соочува со една од најтешките економски кризи во последните децении, со надворешен долг од околу 143 милијарди евра.Тагови: Египет Пентагон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07Мицкоски на потпишување на договор за изградба на автопат Скопје-Блаце08:50Мицкоски: Опозицијата бега од реформи во Изборните законик поради страв од пораз15:00Мицкоски од Кавадарци: Владата продолжува со поддршка на проектите во општините кои ќе го подобрат квалитетот на живот 13:20Сончево и ветровите со температура до 33 степени09:01
Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07
Мицкоски од Кавадарци: Владата продолжува со поддршка на проектите во општините кои ќе го подобрат квалитетот на живот 13:20
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Алчноста за пари на Апасиев пред реформите, Левица го блокира Изборниот законикАпасиев повторно го погази зборот, алчни само за пари Левица го блокираат Изборниот законик.Левица и Димитар Апасиев докажаа дека нивните зборови не вредат ништо кога ќе дојде време да се преземе одговорност. Иако со консенсуз од сите политички партии беше прифатено она што Димитар Апасиев и Левица го бараа, а тоа е повеќе пари за финансирање на кампањата од Буџетот, квази левичарите денес тој договор го поништуваат. Левица со денови јавно зборува за принципи, демократија и една изборна единица, а кога на маса беше ставен договор во кој беа прифатени нивните барања, решија да го блокираат процесот и Изборниот законик. Левица на чело со Апасиев потврди дека нивната политика не се темели на принципи, туку на дневен политички маркетинг и пресметана конфронтација. Левица избра да прави политички театар И вештачки кризи со цел да соберат политички поен плус наместо напредок, реформи и современ и функционален Изборен законик. Левица избра да се служи со провиден политички маневр иако фактите се јасни, беше постигнат широк политички консензус и беа прифатени решенија кои ги бараше и Левица. Левица избега од договореното, Апасиев се повлече и одлучи да го блокираат процесот. Граѓаните на дело го видоа лицемерието и двојните стандарди на Апасиев и Левица. Единствено што му е важно на Апасиев се повеќе пари, Апасиев едно зборува пред камерите, друго прави зад затворени врати глумејќи тврдокорен. Левица нуди само популизам. Левица нема решенија, Апасиев нуди само блокади. На Македонија и се потребни институции што функционираат и политичари што стојат зад својот збор, а не политички претстави и евтини маневри како тие на Апасиев и Левица кои заедно со Венко Заев и СДС ги кочат реформите. Граѓаните не им веруваат на квази политичари кои ги интересираат само сопствени интереси и пари, впрочем за тоа говорат и анкетите каде СДС и Левица ја губат поддршката од народот. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter