Се вселиле во куќа и забележале нешто необично кај стариот камин (видео) - Канал 5

Се вселиле во куќа и забележале нешто необично кај стариот камин (видео)

Почнале да копаат и уследил шок!

Се вселиле во куќа и забележале нешто необично кај стариот камин (видео)

По преселбата во новиот дом, едни сопружници распакувајќи ги своите работи биле сосема изненадени од она што го виделе, иако не го забележале додека ја разгледувале куќата пред да ја купат.

Без разлика колку време го разгледуваме новиот имот пред да го купиме, секогаш откриваме нешто ново пред да се вселиме во него.

Честопати се потребни дополнителни поправки, било да е тоа столарија, санитарија или други делови од новиот станбен простор. Дури кога ќе почнеме потемелно да расчистуваме, можеме да ги увидиме неговите предности и мани кои на прв поглед сме ги пропуштиле.

Едно такво сценарио доживеал еден постар брачен пар кој се вселил во нова куќа. Имено, додека мажот ги средувал работите околу каминот, имал што да види. На местото каде што се чуваат дрвата, имало заковано дрвени штици. Кога почнал да ги отстранува, почувствувал нешто тешко зад нив. Тоа била метална кутија заглавена во ѕидот така што љубопитниот човек едвај успеал да ја придвижи. По неколку моменти сфатил дека се работи за мистериозен сеф.

Ова откритие го снимила неговата сопругата, а видеото го објавила на Тикток. Таа прикажала дека секако се обидувале да го отворат сефот за да видат што се крие во него. Видно возбудена, на видеото таа му помага на својот сопруг носејќи му алат за кршење на бравата. Но и покрај нивните напори, сфатиле дека сепак ќе мора да викнат стручни лица кои би им помогнале да откријат какво богатство се крие зад металната, заштитна врата. Видеото завршува тука, а корисниците на Tикток останале лишени од епилогот на оваа возбудлива приказна.

Очекувано следеа бројни коментари.

- Би се плашел нешто страшно да не ми скокне од сефот -

- Се надевам дека трудот ќе ви се исплати -

- Ми се чини дека некој веќе темелно го опустошил пред тебе -

- Како мене не ми се случуваат вакви работи? -

- Се чини дека некој веќе го обивал, според дупките на него - ова се само дел од коментарите под ова видео.

@fireplacesafe First day in my new house and I FOUND A SAFE IN THE FIREPLACE! #safeinwall #safe #houseoftiktok #diy #inwall #treasure #treasurehunt #rennovation #fireplaceproject #wallsafe ♬ original sound - Fire Place Safe

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ерупција на вулканот Анук Кракатау: Прекинат е сообраќајот на аеродромот во Џакарта (ВИДЕО)

Меѓународниот аеродром Соекарно-Хата во Индонезија ја продолжи суспензијата на летовите до недела во 9:30 часот по локално време (02:30 GMT) поради вулканска пепел .

Ерупција на вулканот Анук Кракатау: Прекинат е сообраќајот на аеродромот во Џакарта (ВИДЕО)

Меѓународниот аеродром Соекарно-Хата во Индонезија ја продолжи суспензијата на летовите до недела во 9:30 часот по локално време (02:30 GMT) поради вулканска пепел предизвикана од тековната ерупција на вулканот Анак Кракатау, соопшти главниот аеродром во Џакарта на Инстаграм.

Прекинот на сообраќајот претходно беше планиран до 5:30 часот наутро, што влијаеше на 33 летови, вклучувајќи неколку меѓународни, соопшти индонезиското Министерство за транспорт.

Вулканот еруптира од петокот

Вулканот Анак Кракатау еруптира со денови, а вулканска пепел беше забележана на аеродромот рано во неделата, според соопштението.

Агенцијата за ублажување на катастрофи во саботата објави дека нема непосредна опасност од цунами предизвикано од вулканот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Виткоф и Кушнер пристигнаа во Киев, прв пат од почетокот на војната

Специјалните претставници на американскиот претседател, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, денеска пристигнаа во Киев, што е нивна прва посета на Украина од почетокот на руската инвазија. 

Виткоф и Кушнер пристигнаа во Киев, прв пат од почетокот на војната

Нивното пристигнување доаѓа по значајната средба со рускиот лидер Владимир Путин во Москва.

Виткоф и Кушнер патуваа со воз од Полска, каде што претходно слетаа во Жешов. Нивната посета на Киев доаѓа во време кога Украина ја нагласува важноста на конструктивните и суштинските разговори со САД, според претседателот Володимир Зеленски.

Специјалните претставници беа во Москва вчера, каде што се сретнаа со Путин. Разговорите траеја повеќе од три часа, што укажува на сложеноста и важноста на дискусиите што се водат во контекст на сегашните геополитички тензии.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Финец пријавил дека некој пукал во неговиот Мерцедес, паркиран на Бит Пазар, најдени се два куршуми

Фински државјанин синоќа пријавил дека му е оштетено ветробранското стакло на Мерцедесот, кој бил паркиран на Бит пазар во Скопје. 

Финец пријавил дека некој пукал во неговиот Мерцедес, паркиран на Бит Пазар, најдени се два куршуми

На 05.09.2026 во 19:33 часот во СВР Скопје, А.М.(30) од Финска пријави дека околу 19:10 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, му било оштетено ветробранското стакло на неговото паркирано патничко возило „мерцедес“ со фински национални ознаки.

Тој пронашол едно зрно од огнено оружје во внатрешниот дел на возилото и едно зрно надвор од возилото.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер