Се вратив од мртвите по 3 дена - го видов и рајот и пеколот!

Татјана Анисимова Белоус била цели три дена во клиничка смрт по што се вратила меѓу живите. Во емисијата на Александар Шевченко раскажува за своето искуство.

- Го видов и рајот и пеколот и стоев во подножјето на Божјиот престол. Потоа се вратив во своето тело со голема мака и болка.Тогаш ја видов собата, жена во бела униформа и вода истурена на подот. Жената покажуваше со прст кон мене во тотален шок - раскажува татјана, 65 годишна лекарка, мајка на 5 деца.

- Жената пребледе и почна да вика. Ја прашав - зошто ти викаш кога мене се ме боли, а таа истрча од мртовечницата избезумена!

Татјана починала во тек на операција на мозокот во Одеса. Да биде приказната уште поневеројатна, Татјана раскажува дека кога се разбудила нејзиниот стомак бил пресечен, а матката и јајниците извадени. Потоа се сетила дека пред да почине дала дозвола да им се овозможи на студентите по медицина да се учат на нејзиното тело. Тие и ја извадиле матката во петокот, во саботата и неделата немало никој, а во понеделникот се разбудила.

- Не е можно, ти си мртва - рекол нејзиниот колега хирург кој бил повикан од сестрата.
- Но мрдаш, жива си, што да правам сега со тебе - рекол лекарот, а потоа ја сошил.

Татјана тврди дека кога душата го напуштила телото прво ги гледала лекарите и себе си како лежи на масата за операција. Тргнала низ болничкиот ходник и го видела сопругот како се моли. Потоа влегла во студен тунел кој бил влажен и темен. на крајот видела светлина и добила чувство дека знае каде треба да оди. Видела контури на човек во бело. Помислила дека е Исус и паднала на коелна, но тој и рекол да стане, дека не смее пред него да клечи бидејќи тој не е Исус туку е ангел. Кога дошла пред Бога - раскажува Татјана, ангелот и ја спуштил главата да не го види. Бог и ја покажал земјата и видела многу грди лица. Прашала зошто има толку грди, а тој и рекол дека и дозволил да ги види какво им е срцето.

- Чекам да се покајат. Врати се и кажи им!

Татјана во рајот го видела својот син кого го изгубила на 10 месеци, и нејзиниот татко кој не бил стар туку имал 30 години.

Поминала завеса од магла и почувствувала ужасна смрдеа и жештина. Тоа е чистилиштето од акде се гледа рајот ама луѓето се заробени и не можат да преминат. И рамнодушните кои во животот не правеле ни лошо ни добро биле во пеколот.

Откако видела се ангелот ја турнал назад во нејзиното тело!

Жената со најневеројатна приказна е на турнеја во Хрватска. Во петокот одржала предавање во Загреб „Има ли живот по смртта“ а ќе посети уште неколку градови./извор 24 sata.rs

Во Србија продолжува парламентарна расправа, се чека гласање за новата влада

Српскиот парламент претпладнево ќе ја продолжи првата вонредна седница на која единствена точка на дневен ред е избор на Влада и давање заклетва на претседателот и членовите. 

Се очекува дискусијата да продолжи, по што пратениците треба да гласаат, јавија српските медиуми.

Продолжението на првата вонредна седница на Националното собрание во актуелното свикување е закажано за девет часот. На седницата, која почна вчера, излагање поднесе претставникот за состав на новата Влада Милош Вучевиќ.

Во тричасовното обраќање пред пратениците, меѓу другото, тој истакна дека владата што ја предлага ќе биде влада на континуитет во најголема мера, како и дека полноправното членство во ЕУ останува стратешки приоритет на Србија. Тој наведе и дека најголемиот предизвик на новиот кабинет ќе биде одбраната на суверенитетот, ќе се предложи задолжителен воен рок од четири месеци. Вучевиќ порача дека членовите на Владата мора да бидат тим, дека секогаш мора да бидат подготвени да ги штитат националните и виталните интереси на Србија, а неговото прво и единствено барање е несомнената лојалност кон татковината. На Собранието му предложи 31 член на кабинетот, меѓу кои има осум нови личности. /МИА

Земјотрес од четири степени во поширокото подрачје на Лос Анџелес

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер синоќа го погоди поширокото подрачје на Лос Анџелес, соопшти Сеизмолошкиот институт на САД.

Земјотресот се случил во областа Корона, во близина на Лос Анџелес, објави Фокс.

Земјотресот бил почувствуван во пошироката област, западно до Лос Анџелес, Лонг Бич, округот Оринџ и Санта Кларита./МИА

Колумбија најави прекин на дипломатските односи со Израел поради војната во Газа

Колумбискиот претседател Густаво Петро изјави синоќа дека ќе ги прекине дипломатските односи со Израел поради војната во Појасот Газа. 

Петро претходно го критикуваше израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и повика Колумбија да се приклучи на тужбата за геноцид на Јужна Африка против Израел пред Меѓународниот суд на правдата.

„Овде пред вас, владата на промени, претседателот на републиката, најавува дека утре ќе ги прекине дипломатските односи со државата Израел, затоа што има влада, затоа што има геноциден претседател“, нагласи синоќа Петро во Богота на собир по повод Меѓународниот ден на трудот. Светот не може да биде слеп пред настаните во Газа, нагласи тој. /МИА

притисни ентер