Туристи во костими за капење се качија на црквата во Мавровско езеро, низа реакции на социјалните мрежи
1Туристи во костими за капење се качија на црквата во Мавровско езеро, низа реакции на социјалните мрежи
3Неофицијално: Уапсени тројца хрватски државјани и една странска државјанка поради подметнување пожар во Хрватска
БизарноСе вратиле од одмор кога пред вратата здогледале метални парчиња- се престрашиле кога влегле внатре Еден пар бил изненаден кога пронашол ситни метални парчиња расфрлани по подот во близина на нивната влезна врата откако се вратиле од патување.Тоа бил само почеток на откритието кое ги оставило сериозно вознемирени. Корисник на Reddit по име PerspectiveLatter181 објавил фотографија од парчиња метал. „Изгледаат како минијатурни сечила, но не се остри“, напишал тој. Луѓето му рекле во коментарите веднаш да се јави во полиција, а еден човек кој се претставил како бравар излезе со загрижувачка проценка. „Тие се делови од цилиндарот за брава Kwikset SmartKey. Некој ја уништил бравата на вашата влезна врата“, рекол тој. Found inside my doorway on the ground. by u/PerspectiveLatter181 in whatisit Кога сопругата забележала дека накитот недостасува, парот се јавил во полиција. Во подоцнежна објава, корисникот напишал дека полицаец ја прегледал куќата, ја проверил бравата и напишал извештај. „Тој рекол дека изгледало како бравата да била расклопена и повторно заклучена додека отсуствувале“, рекол тој. Тој додаде дека случајот се третира како кривично дело бидејќи вредноста на украдениот накит се проценува на помеѓу 1.000 и 20.000 долари. Но, најлошото допрва доаѓаше. Детективите пронајдоа ќебиња, греалка за кампување со боци со зелен гас и некои други лични предмети во скриен агол на таванот. „Тие, исто така, пронајдоа iPad поврзан со нашиот домашен WiFi. На него имаше фотографии од внатрешноста на нашата куќа“, напиша сопственикот. Врамени семејни фотографии, кои претходно беа на долниот кат, завршија на таванот, објавува Индекс. Двојката ја напушти куќата и се пресели во хотел додека полицијата истражуваше. Им беше советувано да ги сменат бравите и да инсталираат безбедносен систем. Детективот, исто така, посочи постар отворач за гаражна врата како можна точка за влез и им покажа како да го обезбедат одвнатре. Во најновата објава, корисникот потврди дека полицијата го уапсила осомничениот кој се криел во бараката на соседот. „Ни олесна што е уапсен, но сепак сме многу потресени“, напиша тој, додавајќи дека никогаш порано не го виделе тоа лице.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: И во петтата деценија нема проблем да се соблече во танга бикиниТаа е жена од соништата, во петтата деценија од животот е вистинска секс-бомба.Израелската манекенка Бар Рафаели (41) ја продолжи успешната соработка со модниот бренд „Кастро“ во 2026 година. Една од најпознатите светски манекенки е заштитно лице на новите кампањи на брендот, вклучувајќи ја пролетната колекција и линијата „High Summer“, кои таа ги претстави и на своите социјални мрежи. Посебно внимание привлекоа фотографиите во бикини, на кои Бар повторно покажа беспрекорна фигура и завидна форма, исто како и пред неколку месеци, кога позираше во провокативна долна облека за една рекламна кампања. Тагови: бикини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Кајли Џенер повторно воодушеви во секси бикиниМладата бизнисменка од кланот Кардашијан - Џенер, Кајли Џенер ги израдува фановите со претставување на уште еден модел на бикини, а притоа ја промовираше и својата најнова колекцијаСексапилната Кајли подготви провокативно издание за своите фанови, позирајќи во мини бикини, и веднаш го сподели сето тоа на социјалните мрежи. Покрај тоа што сакаше да ја истакне својата прекрасна фигура, таа повторно летово ја претстави и новата колекција на костими за капење. „Навистина е жешко. А и моите бикини се жешки! Ги обожавам“, изјави убавицата Тагови: кајли џенер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамВидео: Гламурозно порше 911Славната француска модна куќа „Louis Vuitton“ и компанијата Singer Vehicle Design од Калифорнија ги здружија силите за да претстават два исклучително ексклузивни модели на Porsche 911 на настанот „Monterey Car Week“.Славниот „Louis Vuitton“ и компанијата Singer Vehicle Design од Калифорнија ги здружија силите за да претстават два исклучително ексклузивни модели на Porsche 911 на настанот „Monterey Car Week“. Овие возила, засновани на генерацијата 964, се изработени како целосно персонализирани автомобили. Соработката започна со барање за пренослив часовник за на контролната табла, инспириран од колекцијата Tambour на Louis Vuitton, но прерасна во проект што го опфаќа дизајнот на автомобилите, ентериерите, багажот и модните додатоци. Првиот автомобил, „Porsche 911 Reimagined by Singer – Classic“, се одликува со комбинација на бои во нијанси на шафран, кобалт сина и жолта, каросерија од карбонски влакна и атмосферски 4,0-литарски „flat-six“ мотор со 420 КС, поврзан со шестстепен мануелен менувач. Вториот е „Classic Turbo Cabriolet“ во светла нијанса „Calcaire Lutétien“; неговиот дизајн е дело на Николас Гескјер, уметнички директор за женски колекции во „Louis Vuitton“, а го придвижува 3,8-литарски „flat-six“ мотор со два турбополначи што испорачува приближно 510 КС. Louis Vuitton і Singer створили шикарний тандем: переосмислений Porsche 911 🚗 Спочатку Singer звернувся до Louis Vuitton із проханням створити годинник для панелі приладів, але ідея переросла у повноцінний дизайн 2 авто з фірмовими матеріалами та деталями Louis Vuitton 🤩 pic.twitter.com/Z9vrcafQru — Радіо Трек (@radiotrek) August 13, 2026 Француската модна куќа не застана само на логата и тапацирот; автомобилите се придружени со специјално изработен багаж, облека и модни додатоци од Louis Vuitton, додека моделот „Turbo Cabriolet“ се одликува и со елегантни дрвени украсни елементи, часовник „Tambour“ и детали што ги спојуваат световите на луксузните автомобили и високата мода. Цените за овие два примерока не се обелоденети, но станува збор за исклучително ексклузивни проекти на компанијата „Singer“, каде што секој автомобил се изработува според специфичните барања на сопственикот; самата компанија е специјализирана за реставрација и модерна реинтерпретација на класичните модели на „Porsche 911“ со воздушно ладење, пренесува „Motor1“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook