ТехнологијаСе врати на Земјата руската екипа што го сними првиот филм во вселената (ВИДЕО)Руската актерка и режисерот кои што поминаа 12 дена на Меѓународната вселенска станица (ИСС) за да го снимаат првиот филм во вселената, слетале рано утрово на Земјата.Вселенското летало „Сојуз МС-18“, со Јулија Пересилд, Клим Чипенко и космонаутот Олег Новицки, слетало во казахстанската степа точно во закажаното време, 4,36 часот. Руската вселенска агенција го пренесувал слетувањето на Сојуз во живо. Роскосмос објави на Твитер дека спуштањето е успешно и дека „тимот се чувствува добро“. Космонаутот и филмското дуо на местото на слетувањето биле поздравени од директорот на руската вселенска агенција, Димитриј Рогозин. Желбата на рускиот тим, кој полета од космодромот Бајконур во Казахстан на 5 октомври, била да се претрка натпреварувачкиот американски филмски проект со Том Круз. Нивниот филм со привремен наслов „Предизвик“ прикажува хирург кој патува на ISS за да го спаси животот на астронаут. Во контекст на руско-американското ривалство, оваа филмска авантура потсетува на почетокот на вселенското истражување, во 60-тите години откако тогашниот СССР го испрати во орбитата првиот човек, Јуриј Гагарин.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈанчев: Нова инвестиција во спортската и рекреативната инфраструктура на КавадарциГрадоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев најави нова инвестиција во спортската и рекреативната инфраструктура на Кавадарци.[🏁] Нова инвестиција во спортската и рекреативната инфраструктура на Кавадарци. По најавата за вовед во работа и поставувањето на камен-темелникот, продолжуваме со реализација на Картинг центарот, инвестиција обезбедена преку вториот повик на Владата. Центарот ќе се простира на 2.700 м², со современа картинг патека и придружни објекти, а вредноста на инвестицијата изнесува 35.247.407 денари. Нова содржина за младите, љубителите на автомобилизмот и спортот, но и дополнување на туристичката понуда на Кавадарци, стои во објавата на Фејсбук на првиот човек на Кавадарци, Митко Јанчев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМФ: 2,9 милиони евра нова подршка за инвестиции на домашните компании2,9 милиони евра нова подршка за инвестиции на домашните компании – парите од унгарскиот заем силен поттик за економијата.Министерството за финансии префрли нов трансфер во износ од 176,5 милиони денари или 2,9 милиони евра од централниот Буџет кон Развојната банка за поддршка на инвестициски проекти во домашните комании. Со овој трансфер вкупната поддршката на Владата кон домашните компании достигна 14,7 милијарди денари или 239 милиони евра, што е значителен поттик за реализација на приватни инвестиции и поттик за економијата. Во Буџетот за оваа намена се планирани вкупно 250 милиони евра. Средствата коишто се обезбедени во Буџетот, а се пласираат преку Развојната банка и мрежата на домашни деловни банки до крајните корисници – домашни компании ги обезбеди Владата од унгарската Експорт-импорт банка со цел да поттикне инвестициски циклус во приватниот сектор. Средствата на компаниите се пласираат по поволни услови со каматна стапка од 1,95% и рок на отплата до 15 години со грејс период до 3 години.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Џенифер Лопез го покажува своето тело во бикини и на 57 годиниСветската ѕвезда, актерката и пејачка Џенифер Лопез немаше проблем и на 57 годишна возраст да се соблече во секси ретро бикини.Погледнете го изгледот на Џеј Ло што го освои интернетот. Џенифер Лопез повторно привлече големо внимание кај своите следбеници, овојпат со серија фотографии на кои позираше во ретро бикини и ја покажа својата завидна фигура. Латино дивата, која во јули го прослави својот 57-ти роденден, на фотографиите блесна во стилот на стариот Холивуд. Таа позираше во бикини во нијанса на скршено бело, кое го искомбинира со чевли со украсни детали и чипкаста марама на главата. Посебен акцент стави на својот затегнат стомак, а целиот изглед го заокружи со тркалезни очила за сонце и елегантна бела чанта со четвртаст облик. Лопез објави и полароид-фотографија на која позира во бел фустан со длабоко деколте и заводливи шлицови, што дополнително ја истакна нејзината фигура. Тагови: Џенифер Лопез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter