Се враќаме ли во времето на нашите баби? (видео) - Канал 5

Се враќаме ли во времето на нашите баби? (видео)

Овој бизарен тренд што станува сè попопуларен кај младите, предизвика згрозување, дали би го пробале

Се враќаме ли во времето на нашите баби? (видео)

Ако судиме по она што се промовира моментално, човештвото се чини дека се ресетира и се враќа на првите навики и активности што биле нормални за нашите баби и прабаби, но денес се незамисливи.

Повеќето жени ќе речат дека хигиенските влошки и тампони се едни од најкорисните женски производи што ги користат, го олеснуваат животот за време на „оние денови“ од циклусот.

Меѓутоа, меѓу младите девојки се шири бизарен тренд што згрози многумина, а започна на Тикток, каде некои девојки одбиваат да носат влошки за време на менструацијата промовирајќи, како што велат, „слободно крварење“.

Овие контроверзни кориснички на Тикток им порачуваат на другите жени и девојки да не користат апсолутно ништо за време на менструацијата, тврдејќи дека таквото искуство е ослободувачко, природно и здраво, а притоа заштедуваат пари. Некои млади дами тврдат дека не излегуваат од дома за време на циклусот за да не шетаат со крпа.

Една од заговорничките на овој бизарен тренд, Наида Окамото, објави видео на кое танцува во бикини и призна дека практикува крварење во костим за капење. Овие жени тврдат дека нивното „слободно“ крварење ги променило и нивните циклуси.

Оваа тема предизвика полемики на социјалните мрежи.

- Дали е ова некаков култ?

- Почитувам сечиј избор, но се чини дека е непрактично и се сомневам дека уживаш во тоа.

- Се изгубив кога кажа дека уживаш во грчевите.

- Страшно! Наместо да одиме напред, вие ги враќате жените во времето на нашите прабаби кога влошките не ни постоеле.

- Гадни сте! - беа само некои од коментарите.

Како што објасни гинекологот д-р Ејми Кармајкл за Њујорк пост, нема докази за тврдењата дека менструацијата полесно се поднесува без влошки.

Сепак, докторката напомена дека тампоните понекогаш предизвикуваат дополнителна болка и дека треба да се има во вид дека тампоните се туѓи тела кои потенцијално можат да придонесат за менструални грчеви. Таа им препорачува на девојките наместо тампони да користат влошки, но никако да не излегуваат без ништо во тие денови.

@sacralsecret Reply to @champsplease ♬ original sound - Annette

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Страст, љубов и трагичен расплет – „Кавалерија рустикана“ на сцената на Националната опера и балет на 11 септември

На 11 септември 2026 година, со почеток во 20.00 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе биде изведена операта „Кавалерија рустикана“ од Пјетро Маскањи - едно од најпознатите и највпечатливи дела на италијанскиот веризам.

Страст, љубов и трагичен расплет – „Кавалерија рустикана“ на сцената на Националната опера и балет на 11 септември

Со својата силна музичка експресивност и драмска непосредност, „Кавалерија рустикана“ ја носи приказната за љубовта, љубомората, предавството и честа, претставени низ судбините на нејзините главни ликови. Маскањи создава музичка партитура исполнета со страст и драмски набој, во која оркестарот и вокалните интерпретации ја градат атмосферата и напнатоста што водат кон трагичниот расплет.

На сцената на Националната опера и балет, делото ќе биде изведено под диригентската палка на Иван Еминовиќ, во режија на Џандоменико Вакари од Италија. Сценограф е Зоран Николовски, костимограф Елена Дончева, концерт-мајстор Јане Бакевски, а хор-мајстори се Ѓургица Дашиќ и Јасмина Ѓорѓеска.

Во улогата на Сантуца ќе настапи нашата првенка, Весна Ѓиновска Илкова, Туриду ќе го толкува Зоран Сотиров, Алфио – Марјан Јованоски, Лола – Катерина Стојановска, а Мајка Лучија – Соња Пендовска Мадевска заедно со хорот и оркестарот на Националната опера и балет.

Премиерно изведена во 1890 година, „Кавалерија рустикана“ е дело со кое Маскањи се вбројува меѓу композиторите кои го одбележаа развојот на италијанскиот оперски веризам. Нејзината музика, препознатлива по силниот драмски интензитет и непосредното пренесување на човечките емоции, и денес ја задржува својата привлечност и редовно се изведува на оперските сцени ширум светот.

Национална опера и балет

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На 14 септември камионџиите од Западен Балкан ќе ги блокираат границите кон ЕУ

Проблемот за превозниците се засили со воведувањето на електронскиот систем за влез/излез (EES), со кој автоматски се евидентира престојот на патниците од земји надвор од Шенген-зоната.

На 14 септември камионџиите од Западен Балкан ќе ги блокираат границите кон ЕУ

На 14 септември, професионалните возачи на камиони од Западен Балкан ќе ги блокираат сите гранични премини кон земјите од ЕУ, по потврдената потврда на Европската комисија дека правилото за престој од 90 дена во период од 180 дена во шенген зоната нема да биде променето..

Проблемот за превозниците се засили со воведувањето на електронскиот систем за влез/излез (EES), со кој автоматски се евидентира престојот на патниците од земји надвор од Шенген-зоната. Системот за земјите од Западен Балкан почна да се применува на 12 октомври 2025 година, а по завршувањето на преодниот период следеше целосна имплементација. Според информациите, возачите кои ќе го надминат дозволениот престој од 90 дена во рамките на 180 дена може да бидат вратени во земјата на живеење, додека товарните возила остануваат на местото каде што се наоѓале во моментот на проверката. Превозниците предупредуваат дека ваквите ограничувања создаваат сериозни проблеми за меѓународниот транспорт, бидејќи професионалните возачи, поради природата на работата, често мораат да престојуваат во земјите од ЕУ подолг период.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Загина возач на патот Охрид – Кичево, удрил во глутница кучиња и изгубил контрола на возилото

Загина возач на магистралниот пат Охрид- Кичево.

Загина возач на патот Охрид – Кичево,  удрил во глутница кучиња и изгубил контрола на возилото

Несреќата се случила ноќеса кога возачот најпрвило удрил во кучиња скитници изгубил контрола на возилото и удрил во металните оградни браници покрај патот и возилото се запалило.

Во возилото било пронајдено телото на починатиот возач. На местото интервенирала екипа на територијалната противпожарна единица Охрид, која го локализирала и изгаснала пожарот. По наредба на јавен обвинител, телото било предадено на судска медицина за обдукција, како и за утврдување на идентитетот на починатото лице.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер