3Меланија разговарала и со Путин и со Зеленски, Трамп ја испофали: Подобра е од професионалец (ВИДЕО)
3Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
ЗдравјеСе враќаат ли редовните вакцинации против Ковид?Расте бројот на заразени со Ковид-19 и вирусот циркулира низ целиот свет, алармираат од СЗО, повикувајки властите да ги засилат кампањите за вакцинација, особено за ризичните групи. Според нивните последни податоци процентот на позитивни тестови се зголемил во 84 земји,а во Европа позитивноста на тестовите е над 20%. Марија Ван Керхове од СЗО посочува дека во неколку земји има и зголемување на хоспитализирања и смртни случаи и дека постои ризик од нови мутации. -Загриженa сум. Не седиме овде обидувајки се да зборуваме врз основа на страв. Она на што работиме не се сценарија. Како поединци, важно е да преземаме мерки за да го намалиме ризикот од инфекција и тешка болест, вклучително и да се осигурате дека сте примиле доза на вакцинација против Ковид 19 во последните 12 месеци, особено ако спаѓате во ризична група,- - Д-р Марија Ван Керхове - СЗО . Пораст на заразени со Ковид има и во земјава. Пред 3 недели имало 30, а последната недела се регистирани 78 позитивни случаи на - информира Злате Мехмедовиќ од Комисијата за заразни болести. Оттаму препорачуваат особено внимателни да бидат лицата на возраст над 65 години како и лицата кои имаат присуство на коморбидитети.. -Да внимаваат да не се движат многу во затворени простории, каде што има голема фрекфенција на луѓе, да има често проветрување на посториите каде што подолго време престојувале луѓе. Доколу е во можност да се носи и лична заштитна опрема како заштитна респираторна маска. Она што е позитивно е дека не расте бројот на хоспитализација и број на пациенти на кои им е потребна кислородна поддршка од оние кои што се заразени со Сарс Ков 2 вирусот. - Злате Мехмедовиќ – комисија за заразни болести . Мехмедовиќ вели дека засега заинтересираноста за вакцинација меѓу граѓаните е мала, но поради глобалниот пораст на заразени од Министерството за здравство добиле информација дека во септември ќе пристигнат дополнителни количини на вакцини. Дополнително, од СЗО информираат и дека најмалку 40 спортисти кои учествуваат на Олимписките игри во Париз се позитивни на Ковид-19, а порасто на заразени е анализиран преку отпадните води во градовите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизЛеонардо Дикаприо и Џенифер Лоренс заедно во новиот филм на Скорсезе Следната година ќе одбележат точно шест децении од првиот игран филм на Мартин Скорсезе.Тоа беше драмата „Кој ми тропа на врата“, направена во независна продукција, но и прв од 26-те филмови на еден од најголемите режисери на денешницата. Сепак, Скорсезе не запира - заврши со снимање на ново дело, кое според последните информации би можело да се најде во кината во текот на следната година. Станува збор за филмот „Што се случува ноќе“. Реализацијата се базираше на истоимениот роман на американскиот писател Питер Камерон. Реализацијата е најавена како готски психолошки хорор, а актерската екипа вклучува голем број големи имиња - предводени од Леонардо ди Каприо, Џенифер Лоренс и Мадс Микелсен. Како што е наведено во синопсисот, приказната се фокусира на американски пар кој патува во мал европски град за да посвои бебе. Колку повеќе се борат за тоа, толку помалку знаат за себе. Филмот се снимаше во првата половина на годината во Чешка и во Швајцарија, а последните информации говорат дека Скорсезе ја завршил и постпродукцијата.Тагови: Леонардо ДиКаприо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КошаркаЈокиќ им се нафрли на дел од навивачите на Денвер: Не се веќе добредојдени Денвер Нагетс ги победија Њу Орлеанс Пеликанс по продолжението, но натпреварот беше обележан со остра порака од Никола Јокиќ до дел од домашната публика. За време на натпреварот, тимот загуби со 23 поени разлика од тим кој се смета за меѓу најслабите во лигата, поради што навивачите во салата почнаа да ги исвиркуваат. Иако Јокиќ ги предводеше Нагетс до пресврт и победа со трипл-дабл во кој имаше 35 поени, 15 скока и 10 асистенции, тој беше многу критичен кон однесувањето на навивачите. Тој верува дека тимот, кој бркаше голем дефицит, требало да добие поддршка од трибините. Јокиќ: Кој и да нè исвиркуваше не е добредојден Зборувајќи со новинарите по натпреварот, Јокиќ беше директен. „Мислам дека навивачите кои нè исвиркуваа повеќе не се добредојдени тука, ако мене ме прашувате. Ако нè следите, знаете дека никогаш не се откажуваме и се вративме од многу полоши ситуации. Што се однесува до мене, тие повеќе не се добредојдени“, рече тој. За „Нагетсите“, ова не е прв ваков камбек на домашен терен. Во февруари 2020 година, тие исто така го надминаа дефицитот од 23 поени против „Сан Антонио Спарс“, но потоа ја обезбедија победата во регуларниот дел. Сомнежи за силата на тимот на почетокот на сезоната Победата против „Пеликансите“ е прва за Денвер во сезоната, по поразот од „Оклахома Сити Тандер“ во првиот натпревар, па тимот сега е 1-1. Дури и пред почетокот на сезоната, се поставуваше прашањето дали раководството на клубот составило висококвалитетен тим околу Јокиќ за борба за титулата во силната Западна конференција. Нестабилниот почеток на сезоната, и покрај победата, сугерира дека ваквите проценки биле основани и дека „Нагетсите“ ги очекува барателно продолжение на натпреварувањето.Тагови: Никола Јокиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија„На кавга со Иван“ - Иво Ранѓеловиќ Утревечер во 23.00 часот на Канал 5 Телевизија, а претходно на Youtube во 21.30 Иво Ранѓеловиќ ќе му гостува „На кавга“ на Иван Мирчевски. Иво Ранѓеловиќ е политиколог и магистер по компаративна политика и демократија од University College London (UCL), еден од најпрестижните универзитети во светот. Утре вечер на актуелни теми ќе дебатира со Иван Мирчевски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook