Се враќа Renault Espace - Канал 5

Се враќа Renault Espace

Спротивно на најавите, Renault ќе го задржи името на иконскиот миниван во својата понуда.

Се враќа Renault Espace

Renault Espace, модел кој е синоним за големи мини комбиња од 1983 година, се враќа на сцената. Сепак, шестата генерација носи и револуционерни промени, од кои најочигледна е тоа што овој модел повеќе нема да биде миниван.

Така, Espace станува SUV модел, а судејќи според достапните информации, во голема мера ќе се базира на новиот Austral. Францускиот производител досега објави само најавен тизер кој открива детал од задниот дел на возилото. Го опишаа новиот модел како „удобен, иновативен и врв на гамата“, како што беше до сега.

Новиот Espace ќе ја користи архитектурата CMF-CD што се користеше на претходната генерација, а која ја користат Austral, Nissan X-Trail и Mitsubishi Outlander. Може да се претпостави дека моторизацијата ќе биде позајмена од Austral, која ќе вклучува и хибридни погони.

Ако на сѐ ја додадеме опцијата од седум седишта, станува јасно дека новиот Espace ќе ја замени претходната генерација, како и втората генерација на Koleos. Во ноември оваа година, Espace го слави својот 40-ти роденден - идеален датум за лансирање на новата генерација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уставниот судија Гоце Наумовски поднесе оставка – го известил Собранието, но не и Уставниот суд

Уставниот судија Гоце Наумовски поднел оставка од судиската функција директно до Собранието, но за тоа не ги известил ниту Судот, ниту претседателот Дарко Костадиновски. 

Уставниот судија Гоце Наумовски поднесе оставка – го известил Собранието, но не и Уставниот суд

Првиот човек на Уставен за Канал 5 потврди дека за оставката на Наумовски дознал од телефонски разговор со собранискиот спикер Африм Гаши, откако судијата не се појавил и на денешната седница без никакво образложение. Го барале на телефон со часови, но не одговарал на повиците. Од Уставниот суд соопштија дека до нив не е доставена официјална информација за оставка, а официјална потврда не е пристигната ниту од Собранието. Од законодавниот дом, пак, за Канал 5 потврдија дека оставката на Наумовски е пристигната кај нив.

Претседателот на Уставен суд Дарко Костадиновски за Канал 5 вели дека за него и Судот причините за оставката не се познати, а додека официјално не ги добие нема дава дополнителни коментари.

-Денес после седницата на која судијата Гоце не дојде, слушнав непроверена информација дека поднел оставка во Собрание. Информацијата ми беше потврдена од спикерот Африм Гаши. До мене ни до Судот не се обратил и оттука причините за оставката не ги знам. Во овој момент додека не бидам известен официјално од Собранието и не ги видам причините, нема да дадам никаков коментар освен што оставката е личен чин– изјави Костадиновски за Канал 5.

Отсуството на Наумовски беше причина што Уставниот суд и денеска не можеше да одлучува за иницијативите на Левица и Демократи за оценување на уставноста на делови од Изборниот законик поврзани со платеното политичко рекламирање. Според Костадиновски сега одлука за Изборниот законик ќе се носи штом ќе се избере нов уставен судија, а оставката ќе ја отежне работата на Судот. По заминувањето на Наумовски Уставниот суд ќе остане со седум судии од вкупно девет. Претходно од местото оставка поднесе професорката Јадранка Дабовиќ.

Собранието го избра Гоце Наумовски за Уставен судија во февруари годинава по предлог на на владејачкото мнозинство. Наумовски е професор на катедрата по римско право на правниот факултет „Јустинијан Први“ , а пред изборот беше советник на премиерот и е брат на поранешниот вицепремиер за европски прашања Васко Наумовски.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Антониа Гиговска и Јордан Митев ќе настапат на одбележувањето на Денот на Општина Илинден

Денес во кабинетот на градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, на прием беа македонските музички артисти Антониа Гиговска и Јордан Митев. 

Антониа Гиговска и Јордан Митев ќе настапат на одбележувањето на Денот на Општина Илинден

По повод одбележувањето на „Илинден 2 – ри Август“, Денот на Општина Илинден, на 24.07.2026 година (петок), со почеток во 20:00 часот, на новиот парк – плоштад во н.м Марино, Општина Илинден и оваа година подготвува богата културно-уметничка програма за сите граѓани.

Во таа насока, денес во кабинетот на градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, на прием беа македонските музички артисти Антониа Гиговска и Јордан Митев. На средбата се разговараше за нивното учество во музичката програма по повод Денот на Општина Илинден, каде граѓаните ќе имаат можност да уживаат во нивните најголеми музички хитови.

Со организацијата на вакви настани, Општина Илинден продолжува да инвестира во културниот и општествениот живот, создавајќи можности за заедничко дружење и промоција на домашната музичка сцена.

Општина Илинден ги поканува сите граѓани да бидат дел од одбележувањето на Денот на Општина Илинден и заеднички да уживаат во богатата програма и празничната атмосфера.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Протести низ Украина по одлуката на Зеленски да го разреши министерот за одбрана

Смената на министерот за одбрана Михајло Федоров ги извади Украинците на улица. 

Протести низ Украина по одлуката на Зеленски да го разреши министерот за одбрана

Во Киев и во повеќе други градови се одржаа протести по одлуката на претседателот Володимир Зеленски, кој сѐ уште не ги образложи причините за неговото разрешување.

Федоров, кој ја извршуваше функцијата од јануари беше еден од главните носители на реформите во министерството за одбрана, со акцент на борбата против корупцијата, развојот на беспилотните системи и воведувањето современи технологии во украинската армија.

Според украински медиуми и аналитичари, како можни причини за неговата смена се посочуваат несогласувања со главниот командант на вооружените сили Олександар Сирски, како и незадоволство од темпото на реформите во системот за мобилизација.

Украинскиот парламент треба да гласа за именување на актуелниот министер за внатрешни работи, Ихор Клименко, за нов министер за одбрана. Смената на федоров предизвика и реакции во воените кругови, при што дел од командантите предупредија дека неговото заминување може да го забави процесот на модернизација на украинската армија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер