Се враќа Нокиа 3310- родителите бараат „глупави“ телефони за своите деца - Канал 5

Се враќа Нокиа 3310- родителите бараат „глупави“ телефони за своите деца

Популарноста на мобилните телефони, познати и како „глупави телефони“, расте бидејќи родителите бараат начини да ги заштитат децата од опасностите на Интернет.

Се враќа Нокиа 3310- родителите бараат „глупави“ телефони за своите деца

Со оглед на тоа што негативните ефекти од социјалните мрежи и ризиците од интернет стануваат сѐ почести, родителите сѐ повеќе се свртуваат кон поедноставни уреди кои не нудат пристап до интернет, а продажбата на овие уреди во Велика Британија е двојно зголемена во изминатата година.

Според податоците на Virgin Media O2, продажбата на мобилни телефони доживеала голем скок во септември, кога започнува новата учебна година. Иронично, брендот Nokia, кој доминираше на пазарот во раните 2000-ти, сега повторно е во фокусот на оние кои сакаат да избегаат од дигиталниот свет, а најновиот модел Nokia 3310, познат по својата издржливост, е еден од најбараните .

Не се само родителите кои ги купуваат овие телефони за своите деца. Постарите корисници обесхрабрени од сè покомплексните смартфони и разговорите за вештачка интелигенција се свртуваат и кон поедноставни уреди, кои нудат само основни функции како повици, СМС и основни игри како што е популарната „Змија“.

Овие телефони се вообичаени и во индустриите каде што уредите се изложени на ризик од оштетување, како што се градежните или нафтените платформи, бидејќи се поевтини и многу поиздржливи во споредба со скапите паметни телефони.

Враќањето на овие уреди не е новост. Извештајот на Counterpoint Research минатата година покажал дека продажбата на мобилни телефони расте и во Соединетите Држави, при што значителен дел од популарноста доаѓа од генерацијата Z (луѓе родени помеѓу 1997 и 2012 година), кои сакаат да го намалат времето на екранот за да ги заштитат своите ментално здравје и да го намалат одвлекувањето во секојдневниот живот.

Интересно е и тоа што елитното британско училиште Итон забранува користење на паметни телефони за новозапишаните студенти во прва година, нудејќи им како алтернатива обични телефони на Нокиа. Целта на училиштето е да создаде средина која го поттикнува учењето со минимални одвлекувања на вниманието.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Неформалната иницијатива „Ниту една повеќе!“ ги повикува граѓаните на протестот во паркот „Жена борец“ од 17 часот

Неформалната иницијатива „Ниту една повеќе!“ ги повикува граѓаните денеска да им се придружат на протестот во паркот „Жена борец“ против насилството врз жените и девојчињата.

Неформалната иницијатива „Ниту една повеќе!“ ги повикува граѓаните  на протестот во паркот „Жена борец“ од 17 часот

Протестот е најавен во 17 часот.„Кога институциите се глуви, да ги натераме да нè чујат! Споделете со вашите другарки, другари, сестри, браќа, мајки, татковци, баби и дедовци, колеги, колешки, целото соседство и целиот град“ порачаа организаторите на протестот.

Тие порачуваат дека ова е протест на гнев и солидарност и непомирување со фактот дека насилството е секојдневие и ги повикуваат граѓаните да кажат „ниту една повеќе“.Граѓански организации бараат итни истраги за институционалното постапување во случаите на фемицид, законски измени и обезбедување средства за заштита на жртвите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Компании поврзани со наводната кинеска шпионка финансирале 270 милиони долари за AI-опрема во Кина

Компании поврзани со наводната кинеска шпиунка Алис Хуанг која имаше афера со првиот човек на Нвидија финансирале набавка на компјутерска опрема за центри за вештачка интелигенција во Кина, покажуваат документи пишува  „Ројтерс“.

Компании поврзани со наводната кинеска шпионка финансирале 270 милиони долари за AI-опрема во Кина

Според записите на Кинеската централна банка, станува збор за 764 сервери и AI-модули во вредност од 270 милиони долари, како и дополнителна опрема вредна 31 милион долари.

Голем дел од опремата се наоѓа во центар за податоци во Шангај, развиен во партнерство со технолошкиот гигант „ТЕНСЕНТ“документите покажуваат дека компании поврзани со семејството и соработниците на Хуанг учествувале во финансирањето на кинеската индустрија за вештачка интелигенција.

Случајот добива дополнително внимание поради истрагите дали нејзината компанија „Мегаспид“, со седиште во Сингапур, им помагала на кинески клиенти да дојдат до ограничени процесори на „Нвидиа“.Во понеделникот, американското министерство за трговија ја стави „Мегаспид“ на црната листа за трговија. Нејзината врска со извршниот директор на компанијата, Јенсен Хуанг, предизвика дополнителни проверки на деловните врски на „Нвидиа“ со Кина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претседaтелката Сиљановска Давкова денеска ќе учествува на надзорната расправа за АЛТА банка

Претседaтелката Сиљановска Давкова денеска ќе учествува на надзорната расправа за АЛТА банка

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ќе присуствува на надзорната расправа посветена на „АЛТА банка“. Како што потврдија од нејзиниот кабинет за Канал 5, нејзината агенда била прилагодена да може да биде присутна на расправата, која почнува во 11 часот во Комисијата за финансирање и буџет, а потоа да се посвети на активностите

За состанокот на лидерите на земјите учеснички во процесот Брдо-Бриони в петок, чиј домаќин е таа.. Вчера од СДСМ ја прозваа Сиљановска дека по втор пат не одговорила на поканата за присуство на расправата.

На првата надзорна расправа која се одржа пред две недели сведочеа Мицкоски, Славески, министерката Димитриеска-Кочоска, вицегувернери, претставници на државни органи и граѓански организации, како и јавниот обвинител Ненад Савески.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер